Жан Андре Емануел Босежур (роден 1 јуни 1984 година), познат по својот прекар Палматорија, е чилеански фудбалер кој игра за Коло Коло.

Чиле Жан Босежур
Лични податоци
Роден на 1 јуни 1984(1984-06-01)(40 г.)
Роден во Сантјаго, Чиле
Висина &100000000000001810000001,81 м
Позиција лево крило, лев бек
Клупски податоци
Сегашен клуб Коло Коло Коло Коло
Број 15
Младинска кариера
Универсидад де Чиле
Универсидад Католика
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2002 Универсидад Католика 16 (3)
2002-2003 У. де Консепсион 6 (0)
2004-2005 Сервет 11 (1)
2005 Гремио 55 (7)
2006 Гент 0 (0)
2007 Кобрелоа 59 (31)
2008 О'Хигинс 24 (3)
2009-2010 Америка 45 (3)
2010-2012 Бирмингем Сити 39 (3)
2012-2014 Виган Атлетик 85 (3)
2014- Коло Коло 14 (3)
Репрезентација
2004- Чиле Чиле 65 (6)
* Ажурирано на: 6 јануари 2011
** Ажурирано на: 17 ноември 2010

Тој исто така е репрезентативец на селекцијата на Чиле за која во моментов има 55 настапи, а ја претставувал својата земја и на Светското пренство 2010 година.

Кариера

уреди

Клубови

уреди

Босежур е роден во Сантјаго, како син на татко од Хаити и мајка чилеанско-абурканка[1] Тој ја започнал својата професионална кариера во Универсидад Католика во 2001 година и оттогаш играл за неколку клубови.

Во 2004 година тој потпишал договор со Сервет и останал во Швајцарија само една година,[2] пред да дојде во Гремио во 2005 година, а потоа во Гент во 2006 година. Во 2007 година се вратил во Чиле и поминал една година во Кобрелоа, а потоа потпишал за О'Хигинс во 2008 година.

Приклучувајќи му се на О'Хигинс Босежур го импресионирал селекторот на Чиле, Марсело Биелса и бил повикан за националната должност трипати. На 1 декември 2008 година Клуб Америка од Мексико го доведува Босежур во својте редови потпишувајќи со нив три и пол годишен договор.

По сезона и пол во Клуб Америка, тој се преселил во англиската Премиер лига. На 31 август 2010, Босежур потпишал тригодишен договор со Бирмингем Сити, а веднаш потоа менаџерот на клубот Алекс МекЛиш изјавил дека Босежур бил една од нивните цели подолго време. Босежур го направил своето деби на 18 септември како доцна замена за Александер Хлеб во 83-тата минута, во поразот со 3-1 од градскиот соперник Вест Бромвич Албион. Тој го постигнал својот прв гол за клубот во победата над Шефилд Венздеј со 3-0 во петатта рунда од ФА Купот. Тој се појавил како замена во второто полувреме во натпреварот во кој Бирмингем Сити го освоиле Лига купот со победа над фаворитите Арсенал со 2-1. Иако Бирмингем на крајот на сезоната испаднал во Чемпионшип, Босежур останал во клубот и играл во натпреварите од Лига Европа.

На 25 јануари 2012, Босежур го напуштил Бирмингем и се вратил во Премиер лигата потпишувајќи две-и пол годишен договор со Виган Атлетик.[3] Неговото деби за новиот клуб дошло на Вајт Харт Лејн во поразот од Тотенхем со 3-1. По доаѓањето во клубот тој одлично се вклопил во 3-4-3 формацијата на менаџерот Роберто Мартинес играјќи како лев бек. Со Латикс тој го освоил ФА Купот на 11 мај 2013, иако не бил во состојба да игра во финалето против Манчестер Сити на Вембли поради повреда. Само три дена подоцна по поразот на Виган од Арсенал со 4-1, Босежур испаѓа од Премиер лигата за вторпат во неговата кариера.

Титули

уреди

  Универсидад Католика

уреди

  Бирмингем Сити

уреди

  Виган Атлетик

уреди

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. „Жан Босежур Коликео има причина да ги поддржува Абурканците“. El Ciudadano (шпански). Сантјаго, Чиле. 12 ноември 2010. Посетено на 26 јануари 2012.
  2. „Stats Centre: Факти за Жан Босежур“. guardian.co.uk. Архивирано од изворникот на 2012-04-29. Посетено на 26 јануари 2012.
  3. „Виган го купи крилото на Бирмингем Жан Босежур“. BBC Sport. 25 јануари 2012. Посетено на 25 јануари 2012.