Ефто Пупиновски
Ефто Пупиновски (р. 2 јуни 1953 во Охрид) — македонски пејач.
Ефто Пупиновски | ||
Роден | 2 јуни 1953 Охрид | |
---|---|---|
Националност | Македонец | |
Занимање | пејач | |
Роднини | Секула Пупиновски (брат) |
ЖивотописУреди
Ефто е познат пејач, негови песни се: Лихнида кајче веслаше, Туѓа си бескрајно, Тинке Катинке, Сакам да сум крај тебе, Прости ми душо моја, Врати се бела Марија и многу други песни. Во 1986 година на Мак Фест настапува со песната Удрете тапани каде што победува на Мак Фест. Исто така во 1986 година настапува и на Фолк Фест Валандово со песната Лихнида кајче веслаше каде што победува со прва награда од публиката. Тој во неговата кариера имa испеано многу авторски песни, од кои има 2 дуети, големи хитови со Блага Петреска Песна може се и Зоро моја Зориче. Тој во својата долгогодишна кариера има направено многу концерти во Светот: Македонија, Австралија, Америка, Турција, Германија. Во 2014 година тој направи голем јубилеен солистички концерт во Универзалната сала во Скопје по повод 40 години јубилеј, на концертот го придружуваше познатата група Група Академци. Во 2015 година тој сними нови песни и албум. Во 2016 година снима нова авторка песна со Група Маестро Песна за невестата. Во 2018 година издава нов албум наречен Носталгија. Во 2020 година снима 2 нови песни Свадбен танц и Ти ме веселиш. Во 2022 година настапува на Фолк Фест Валандово со песната Изгубени души со која победува на фестивалот.
Награди и признанијаУреди
Ефто е добитник на повеќе награди, меѓу кои:
- Награда на "Мак Фест" за песната "Удрете тапани" (1986)
- Награда на "Фолк Фест Роса" за песната "Лихнида кајче веслаше" (1986)
- Награда за животно дело, по повод 40-години кариера (2014)
- Награда на "Фолк Фест Валандово" за песната "Изгубени души" (2022)
- Награда за животно дело "Златна Бубамара" (2023)
СпотовиУреди
Спот | Година | Режија |
---|---|---|
Лихнида кајче веслаше | 1990 | МТВ |
Песна може се | 1992 | МТВ |
Зоро моја Зорице | 1993 | Благоја Марковски |
Ќе се женат другари | 2005 | МТВ |
Душо моја | 2015 | |
Дај боже | 2015 | |
Верувај во љубовта | 2015 | |
Голем мерак | 2015 | |
Слава славам | 2015 | |
Прости ми душо моја | 2015 | |
Удрете тапани | 2015 | |
Кај ме залуди Калино | 2015 | |
Еј чашо празна чашо | 2015 | |
Биди силна каде и да си | 2015 | |
Туѓа си бескрајно | 2018 | Миле Гроздановски |
Никогаш | 2018 | Миле Гроздановски |
Грлото ме издава | 2018 | Миле Гроздановски |
Благослов | 2018 | Миле Гроздановски |
Пеј со добро вино | 2019 | Миле Гроздановски |
Ајде галоп коњи мои | 2019 | Миле Гроздановски |
Либе Марија | 2019 | Миле Гроздановски |