Секула Пупиновски

познат македонски естраден уметник, пејач на народни песни

Секула Пупиновски (р. 11 јули 1955 - Охрид, 18 март 2011) бил познат македонски естраден уметник, пејач на народни песни. Неговиот брат Ефто Пупиновски, исто така е познат фолк пејач. Неговиот син Владо Пупиновски е исто така музичар, саксафонист.

Секула Пупиновски
Роден 11 јули 1955
Охрид , СФРЈ СФР Југославија
Починал 18 март 2011(2011-03-18) (возр. 55)
Охрид , Македонија Македонија
Занимање пејач
Роднини Ефто Пупиновски (брат)
Деца Владо Пупиновски (син)

Животопис

уреди

Пупиновски е роден во 1955 година во Охрид. Тој важел за еден од најпознатите исполнители на македонската музика, чии многу хитови станале евергрини. Пупиновски е познат по песните: Врати се бела Марија, За една Кристина, Моја Наде, После долги години и други. Пупиновски починал ненадејно на 18 март 2011 година во Охрид, каде што и почива[1].

Наводи

уреди
  1. „Почина Секула Пупиновски“. Вечер. 21 март 2011. Посетено на 2012-02-13.[мртва врска]

Видеа

уреди