Поп-фолк во Србија

(Пренасочено од Поп-фолк)

Поп-фолк (исто така чалга) или фолк-поп, е музички правец кој се развил во Србија во 2000-итите, на кој најголемо влијание имал турбо-фолк — доминантен музички правец во деведесеттите години. Поп-фолк е поточно варијанта на турбо-фолкот, но со поголемото влијание на поп и електронската музика. Настанал со постепеното напуштање на турбо-фолк звукот и тема, со сè поголемо следење на музичките текови на Запад.

Преглед

уреди

Основачот на поп-фолкот во Србија била Индира Радиќ, која за албумот Змај од 2004 година ги отпејала песните во кои се чувствувало големо влијание на поп-музиката. Така таа воедно била и прва која го прекинала снимањето на турбо-фолк песните.[1] Некои од популарните пејачки денеска негираат дека некогаш пееле новокомпонирана музика,[2] додека некои турбо-фолк ѕвезди себеси упорно се котираат како поп-фолк пејачи. Самиот поп-фолк и во Србија сè уште се критикува и омаловажува, намерно или ненамерно се категоризира како турбо-фолк, а синдромот „ги мразам народњаците“ постои веќе две децении.[3][4][5][6]

 
Најпопуларната српска поп-фолк пејачка, Светлана Ражнатовиќ, на концерт во Ушќе во 2006 година

Од другата страна, популарноста на поп-фолк изведувачите не опаѓа. Некогаш најголемите ѕвезди на поп-фолкот, релативно сè уште се популарни. Концертите на Светлана Ражнатовиќ се помеѓу најпосетуваните на Балкан.[7][8] Аца Лукас успева со години наназад со почетокот на ноември да одржува многу посетувани концерти во белградскоата Арена.[9][10] Лепа Брена ужива во статусот на музичката легенда во бивша Југославија,[11] додека Индира Радиќ, најтиражната пејачка во 2004 и 2005 година, посебно популарна во Хрватска, Бугарија и во српската дијаспора.[12][13] Контроверзната Јелена Карлеуша често е во центрот на медиското внимание заради својата борба против дискриминацијата на ЛГБТ личности и кавги со Светлана Ражнатовиќ.[14] Нарочно се популарни Сека Алексиќ, Дара Бубамара, Вики Миљковиќ, Стоја и Ацо Пејовиќ.[15] Од друга страна, голема популација на некогаш најголемите Грандови ѕвезди Тања Савиќ и Славица Ќуктераш значајно опаднала, додека Драгана Мирковиќ, една од најголемите музичкии ѕвезди во бившата Југославија, ужива во подеднаквата наклоност на публиката како и пред дваесет години, што резултирало на распродадените билети за концертот во Белградската арена во 2014 година.[16]

Претставниците на поп-фолкот на новите генерации се Милица Павловиќ, Милица Тодоровиќ, Катарина Живковиќ, Катарина Грујиќ, Миа Борисављевиќ, Немања Стевановиќ, Милан Станковиќ, Рада Манојловиќ, Сандра Африка, групата Министарке и други.

Наводи

уреди
  1. „Indira Radić ::“. Архивирано од изворникот на 14 март 2014. Посетено на 12 септември 2011.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  2. „Jelena Karleuša: folk ili pop, pitanje je sad?“. Посетено на 7 септември 2011.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  3. „www.facebook.com“. Посетено на 7 септември 2011.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  4. „www.facebook.com“. Посетено на 7 септември 2011.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  5. „da li je pojavljivanjem turbo folka muzika u srbiji dotakla dno?“. Архивирано од изворникот на 20 мај 2009. Посетено на 7 септември 2011.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  6. „Културни додатак : Сав тај турбо-фолк : ПОЛИТИКА“. Посетено на 7 септември 2011.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  7. „Ceca u Prilepu prevazišla samu sebe!“. Посетено на 7 септември 2011.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  8. „www.bntelevizija.net“. Посетено на 7 септември 2011.[мртва врска][мртва врска]
  9. „Aca Lukas zapalio Arenu“. Посетено на 7 септември 2011.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  10. „Aca Lukas rasprodao Beogradsku arenu, drugi koncert 4. novembra“. Посетено на 7 септември 2011.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  11. „Lepa Brena odžala spektakularan koncert u Zagrebu - Story“. Архивирано од изворникот на 16 мај 2012. Посетено на 7 септември 2011.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  12. „Indira Radić - Indirin menadžer Å¡titio novinare!“. Посетено на 22 април 2011.
  13. август forumer.com/a/iz-novina-o-koncertu-u-domu-sportova_post81.html „Iz novina o koncertu u Domu Sportova“ Проверете ја вредноста |url= (help). октобар 2010. Посетено на 22 април 2011. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)[мртва врска][мртва врска]
  14. „Jelena Karleuša organizuje gej paradu u Beogradu?! - Muzika - Region - Vesti - Svet Plus“. Посетено на 7 септември 2011.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  15. „Stoja zapalila Beč! - Svet“. Посетено на 7 септември 2011.[мртва врска][мртва врска]
  16. „Dragana Mirković održala humanitarni koncert! - Tračara“. Посетено на 7 септември 2011.[мртва врска][мртва врска]