Атина Апостолова
Атина Апостолова (р. 20 мај 1946 година во Скопје) — македонска пејачка на народни песни.
Атина Апостолова | |
---|---|
Роден(а) | 20 мај 1946 Скопје, ![]() |
Потекло | ![]() |
Жанрови | народна музика, поп-фолк музика |
Занимања | пејач |
Период на активност | 1968 - сè уште |
Животопис уреди
Атина Апостолова е родена на 20 мај 1946 година во Скопје, дипломира на Економскиот факултет во Скопје. Таа е македонска пејачка на народна музика. Позната е по песните Запејте мераклии, Цела вечер ќе ти пејам, Верувај ми, Усни румени, Те видов, и се заљубив, Иле Илија и многу други. Таа имала турнеји во Австралија, Канада и Америка. Во Австралија има настапувано со Круме Спасовски, Никола Бадев и Александар Сариевски. Има одлична соработка со: Ванчо Тарабунов, Ефто Пупиновски и Милан Завков. Во својата долгогодишна кариера има испеано неколку дуети со: Ванчо Тарабунов (Верувај ми) и Ефто Пупиновски (Скопските боеми). Во 2023 година на Фестивалот "Тумба Фест" Куманово ја добива наградата за животно дело.
Надворешни врски уреди
- Атина Апостолова на YouTube.
- Профил на Атина Апостолова, Музички регистар.