Енергија во Македонија

Македонска
енергетика
Владина енергетска политика
Употреба на енергија
Хидро енергија
Термо енергија
Атомска енергија
Сончева енергија
Еолска енергија
Ефикасност во домувањето
Енергетски компании
Поврзани енергетски статии

Енергетиката во Македонија е најголемиот сектор кој годишно има над 1,5 милијарди евра обртни средства.[1]

Електроенергија

уреди

Електроенергетски систем

уреди

Во Македонија електроенергетскиот систем претсставува технолошка целина од електроцентрали, електро-енергетски водови, ТС и уреди за претворање на електрична енергија во други видови. Првата централа (со номинална моќност 44 kW) започнала со работа во 1909 година во Скопје. Вториот град со изградена електроцентрала бил Битола во 1924. До 1940 година електричната енергија била воведена во Велес, Виница, Гевгелија, Гостивар, Демир Капија, Кичево, Кочани, Крива Паланка, Куманово, Охрид, Прилеп, Пробиштип, Струмица, Тетово, Штип и во рудникот Радуша. Снабдувањето било, главно, од локални електроцентрали. Во тој период бил изграден водот од 35 кV од ХЕЦ „Пена“ до Скопје, долг 45 км, со кој започнала изградбата на преносната мрежа. Другите градови добиле електрична енергија по 1945 година[2]. Во 1945 вкупната потрошувачка на електрична енергија изнесувала 14 GWh. Потоа следуваат години со значителен пораст на потрошувачката и со интензивна изградба на електроцентрали. Така се дошло до состојбата како во 2003 година кога се регистрирани: бруто-конзум 7215,5 GWh, најголема дневна потрошувач ка 28,953 GWh (на 28 декември 2003), најмала дневна потрошувачка 14,150 GWh (на 2 мај 2003), најголемо дневно оптоварување 1417 MW (на 28 декември 2003 во 19 ч.), најмало дневно оптоварување 431 MW (на 2 мај 2003 во 4 ч.). Во истата година вкупната инсталираната моќност во ТЦ изнесувала 1005 MWi тие произвеле 4902,5 GWh, а вкупната инсталирана моќност во ХЦ изнесувала 433,8 MW и тие произвеле 1370,1 GWh. Внесени биле 953,0 GWh. Вкупните загуби на електрична енергија изнесувале 1306,6 GWh.[3]

Елетроенергетска мрежа

уреди

Електроенергетската мрежа во Македонија е составена од деловите со номинални напони: 110, 150 (само вод кон Грција), 220 и 400 kV. Главната улога на мрежата 400 kV е да ги поврзе најзначајните производни капацитети со најголемите потрошувачки центри и да обезбеди соодветни врски со соседните елекроенергетски системи. Такви врски постојат со Србија и со јужниот сосед, се гради со Бугарија и се предвидува со Албанија. Мрежите 110 и 400 kV се меѓусебно директно поврзани преку интерконективни автотрансформатори (со номинална моќност 300 MVA), без можност за регулација на напонот под оптоварување. Во РМ нема трансформатори со преносен однос 400/220 kV. Мрежата од 220 kV ја создаваат еден вод помеѓу ХЦ „Вруток“ и ТС „Скопје 1“ и два интерконективни вода кон ТЦ „Косово А“. Мрежите од 110 и 220 kV се меѓусебно поврзани преку соодветни автотрансформатори во постројките на ХЦ „Вруток“ и ТС „Скопје 1“. Со оглед на сегашната улога на мрежата од 220 kV во ЕЕС на Македонија и ориентацијата на ширење на мрежата од 400 kV, не се предвидува градба на нови објекти со номинален напон од 220 kV. Пред повеќе години мрежата од 110 kV претставувала основна преносна мрежа во Македонија. Со развојот на мрежата од 400 kV се менувала и улогата на мрежата од 110 kV. Така, одделни делови на мрежата од 110 kV добивале подрачна или локална улога. Дистрибутивната ЕЕ мрежа содржи дел со Среден напон и низок напон, а во некои случаи и дел со висок напон. Водовите од СН дел се со номинален напон од 10, 20 или од 35 kV. Трансформаторите помеѓу ВН и СН мрежа се со регулација на напон под оптоварување. Во претходната фаза од електрификацијата, по правило, беа користени трансформациите: 110/35, 35/10 и 10/0,4 kV. Подоцна, во подрачјата со поголема густина на оптоварувањата, започнала примената на трансформациите 110/10 и 10/0,42, односно 110/20 и 20/0,42 kV.[1][2]

Енергетско производство

уреди

Видови на енергија

уреди

Хидроенергија

уреди

По термоенергијата, хидроенергијата го зафаќа второто место во производство на електрична енергија во Македонија. Истражувањата покажале дека Македонија има доволно хидропотенцијал за поддршка на повеќе од 400 мали хидроцентрали. Според Министерството за животна средина на Македонија, овој вид хидроцентрали се најдобар избор за заштита на животната средина, бидејќи не емитуваат загадувачи и не бараат изградба на брана и создавање на големи езера, кои ги нарушуваат растителните и животинските живеалишта. Таквите езера, исто така, влијаат и на микроклимата.

Според проектот на Македонија 23 ХЕ до 2010, треба да се реализираат до средината на 2012 година треба да се изградат вкупно 23 нови мали хидроцентрали. Седумте нови локации се за: Кркљанска Река, Крива Река, Каменичка Река, река Брбушница, Кранска Река, Брајчинска Река и Селечка Река. Вкупниот инсталиран капацитет на седум локации изнесува 5,4 мегавати, а предвидено е годишно производство на струја од 23,1 гигават-часови. Во фаза на подготовка е и четвртиот меѓународен тендер за изградба на 38 мали ХЕЦ, со вкупен инсталиран капацитет од 20 мегавати и за годишно производство од 87 гигават-часови.[4]

Дотур на енергија

уреди

Енергетска зависност

уреди

Македонија во последните години се соочува со недостиг на електрична енергија и тоа во услови кога поголем дел од индустриските капацитети, воедно и најголеми потрошувачи, не работат. Процените на енергетските експерти се дека кога ќе се активираат сите индустриски капацитети, енергетските потреби на Македонија ќе бидат драстично поголеми, со што ќе се зголемат трошоците на државава за увоз на енергија. Потребите за електрична енергија на Македонија секоја година се зголемуваат за 4%. Тоа значи дека за да се задоволат потребите секоја година треба да градат нови централи.

Инаку, за увоз на енергија Македонија годишно троши околу 150 милиони долари. Притоа, 50 милиони долари отпаѓаат на увозот на електрична енергија, а 100 милиони долари за набавка на нафта.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 ЈП „Електростопанство на Македонија“, Скопје, 1999.
  2. 2,0 2,1 50 години македонско електростопанство, Скопје, 1995.
  3. Електростопанство на Македонија, годишен извештај, 2003.
  4. „23 нови мали хидроцентрали до 2012 година“. Телеграф. 26 ноември 2009. Посетено на 2010-08-29.[мртва врска]

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди