ХЕЦ „Вруток“

хидроцентрала во Македонија
(Пренасочено од ХЦ „Вруток“)

Вруток (Хидроелектрична централа „Вруток“ или ХЕЦ „Вруток“) — хидроцентрала, која е дел од хидросистемот „Маврово“,[1][2] со вкупен капацитет од 165,6 MW.[3]

ХЕЦ „Вруток“
Влезот на централата „Вруток“
ХЕЦ „Вруток“ во рамките на Македонија
Местоположба на ХЕЦ „Вруток“ во Македонија
НазивХидроелектрична централа „Вруток““
ЗемјаМакедонија Македонија
МестоВруток
Координати41°46′14″N 20°50′18″E / 41.77056° СГШ; 20.83833° ИГД / 41.77056; 20.83833
Статусфункционална
Изградбата почнала1947 (1947)
Пуштена1957 (1957)
СопственикЕСМ
ОператорЕСМ
Информации за произодството
Построен капацитет165,6 MW
Годишно производство350 GWh

Историја

уреди

Централата била пуштена во работа во 1957 година, а изградбата на целиот хидросистем „Маврово“ започнала во 1947 година.[4] Во времето на Југославија, хидроцентралата го носела името ХЕЦ „Тито“.[5]

Во 2014 година била извршена модернизација на сите четири агрегати и на придружната опрема, со што моќноста на електроцентралата била зголемена за дополнителни 18,3 мегавати и годишно производство од околу 50 гигават-часови. Модернизацијата била финансирана од ЕЛЕМ (9,5 милиони евра) и со кредит од банката KfW (27,1 милиони евра).[6]

Особеност

уреди

ХЕЦ „Вруток“ е акумулациска хидроелектрична централа со установена моќност од 41,4 MW по агрегат, или вкупно 165,6 MW. Просечното годишно производство на електрична енергија е 350 GWh, а просечниот годишен доток е 278.000.000 м3 вода.[7]

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Електростопанство на Македонија, 50 години македонско електростопанство, Скопје, 1995;
  2. esmak.com.mk Архивирано на 21 април 2008 г., Ј.П. Електростопанство на Македонија, Скопје, пребарано на 28 август 2010
  3. 2011.10.31 „Градежен Институт“ ќе врши геолошки испитувања за Луково Поле plusinfo.mk Архивирано на 3 јануари 2012 г.
  4. „65 ГОДИНИ ОД ПРВАТА ГОЛЕМА ХИДРОЕЛЕКТРАНА-ВРУТОК, ОСНОВА НА СОВРЕМЕНОТО ЕЛЕКТРОСТОПАНСТВО – АД. ЕСМ“. Посетено на 2023-03-06.
  5. Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 63.
  6. ”Зголемена инсталираната моќност на ХЕЦ Вруток”, Дневник, година XVIII, број 5530, петок, 1 август 2014, стр. 9.
  7. „Мавровски систем – АД. ЕСМ“. Посетено на 2023-03-06.

Надворешни врски

уреди