Електроиндустрија во Македонија
Електроиндустријата како една од поразвиените индустриски гранки во Македонија, може да се подели во два периода. Првиот период е развојот до 1991година, а вториот по овој датум. Во првиот период позначајни електроиндустриски капацитети се: „ЕМО“ од Охрид, „Микрон“ од Прилеп, „Раде Кончар“ од Скопје, „Селена“ од Штип, фабриката за кабли „Неготино“ од Неготино, фабриката за фрижидери „Фринко“ од Битола и др. Овие фабрики што биле значајни производни капацитети до осамостојувањето на Македонија, во транзициониот период се нашле во незавидна положба. По осамостојувањето на Македонија се развиваат голем број мали и средни фирми за производство на електроопрема како што се: „Леов компани“ од Велес, значаен број производствени фирми за компјутерска опрема како и некои позначајни компании за производство на уреди за климатизација[1].
Групација
уредиВо Македонија постои и функционира групацијата за електроиндустријата, која претставува стручен облик на организирање и работење во рамките на Здружението на металната и електроиндустријата, преку кои членките самостојно одлучуваат и вршат работа од областа на електроиндустријата. Во групацијата членуваат околу 30 правни лица репрезенти кои се занимаваат со производство на електрични машини и апарати, производство на радија, телевизори и комуникациона опрема и апарати, како и други заинтересирани правни лица чија дејност е поврзана со оваа област[2].
Наводи
уреди- ↑ Društvoto na ekonomistite na Makedonija, Stopanski pregled, br. 28
- ↑ „Групација за електроиндустрија“. Македонска комора. Архивирано од изворникот на 2016-03-09. Посетено на 2010-08-29.