Византиското Царство од страна на династијата Дука била управувана во периодот од 1059 година со назначувањето на Константин X Дука за цар а завршило во 1081 по крајот на владеењето на Никифор III Вотанијат.

Византиско Царство
Δούκας
1059–1081
Главен градЦариград
Говорени јазицигрчки
Уредувањеавтократија
Византиски цар 
• 1059-1067
Константин X Дука
• 1067-1071
Роман IV Диоген
• 1071-1078
Михаил VII Дука
• 1078-1081
Никифор III Вотанијат
Историски периодСреден век
• стапување на престолот на Константин X Дука
1059
• повлекувањето на Никифор III Вотанијат
1081
Претходници
Наследници
Македонска династија
Византија под Комнинската династија

Заднина

уреди

Првото управување на династијата на Комнините траело кратко, само две години. Михаил VI во 1057 година бил соборен од престолот и заменет со командантот Исак I Комнин. Кога веста стигнала до главниот град, Сенатот го принудил Михаил VI Вринга да абдицира, по што тој побегнал во Света Софија, за да побараат азил. Тогаш му овозможиле да се повлече во манастир, каде што набргу починал. Исак Комнин влегол во Цариград на чело на армијата на 1 септември 1057 година. Во декември 1059 година, болниот и обесхрабрен цар Исак, по упорното инсистирање на Псел, се откажал од престолот и се замонашил во Студитскиот манастир.[1] Пред да почине го отворил прашањето околу неговиот наследник, кој сакал да биде нејговиот син, но градската аристократија овој предлог го одбила и за нов цар го поставиле Константин X Дука, додека неговиот брат Јован се повлекол во самотија заедно со своето семејство.

Управување

уреди

Во времето на Константин, Норманите под водство на смелиот Роберт Гвискард постигнале сè поголеми успеси во јужна Италија. Угрите преземале силен напад и во 1064 го зазеле Белград. На Печенезите им се придружиле сродните Узи и со тоа започнала нова тешка неволја. Како што своевремено Узите под притисокот на Куманите ја напуштила јужно-руската рамница и во есента 1064 г. навлегле во Балканскиот Полуостров. Нивните безбројни орди дивјачки го пустошеле Балканскиот Полуостров. Во овој период започнале и посериозните напади на Турците Селџуци. Воената заслабност на Византија им овозможила брз продор во централните покраини на царството. Во времето на Алп Арслан, вториот селџучки султан, Турците поминале низ Ерменија и го освоиле Ани (1065 г.), ја опустошила Киликија, навлегле во Мала Азија и ја зазеле Цезареја (1067 г.). Политиката на византиските властодршци тешко им се одмаздила.[2]

Кога Константин X Дука починал во 1067, Евдокија Макремболитиса станала регент на својот син Михаил VII Дука. Евдокија сфатила дека е неспособна сама да ги одбие варварските инвазии во северозападните земји на империјата[3], поради се омажила за Роман IV Диоген[4]. Роман IV го прогласил за соимпертор на Андроник Дука, син на Евдокија и Константин X Дука, иако тој бил држен настрана од власта заедно со неговата мајка. Роман IV бил воинствен и упорен и сè повеќе ја ограничувал власта на Евдокија и Михаил VII. Тој особено се истакнал во борбите против Печенезите и целосно го заслужил угледот што го уживал во воените кругови. Тој веднаш стапил во борба со Селџуците, но неговите први походи во 1068 и 1069 не биле безуспешни, но третиот поход завршил со страотен пораз за што многу придонело и предавството на Андроник Дука. На 19 август 1071 во Битката кај Манцикерт, војската на Алп-Арслан ја уништила побројната, но разнородна и недисциплирана наемничка византиска армија. И самиот цар паднал во заробеништво.[5] Заробениот цар бил пуштен на слобода, каде Евдокија Макремболитиса и Михаил VII повторно застанале на чело на власта во Цариград, но Јован Дука, помалиот брат на Константин X Дука, со помош на гардата ја принудил на царката да ја остави власта целосно на Михаил VII и да се повлече во манастир.[4]. Роман бил ослепен и починал во 1072 година[6].

Во 1078 година Михаил VII бил соборен од Никифор III Вотанијат. Михаил се оженил со грузиската принцеза Марија која го родила Константин. Михаил бил детониран во 1078 година од страна на војсководачот Никифор III Вотанијат и испратен во манастир заедно со неговата сопруга и син. Никифор имал околу осумдесет години кога станал цар. Бидејќи бил без деца, тој се оженил со Марија, жената на Михаил, но Никифор одбил да го признае нејзиниот син Константин за свој наследник и Марија започнала да прави план за соборување од престолот со Алексиј I Комнин. На првиот ден на Велигден, 4 април 1081, Алексиј Комнин бил крунисан за цар на Византија а Никифор III Вотанијат Никифор Вотанијат се откажал од престолот и се закалуѓерил. Со тоа бил ставен крајот на династија Дука.

Наводи

уреди
  1. Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 409.
  2. Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 412-413.
  3. Norwich, pg. 344
  4. 4,0 4,1 Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 413.
  5. Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 413-414.
  6. Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 414.

Литература

уреди
  • Cheynet, Jean-Claude (1996). Pouvoir et Contestations à Byzance (963–1210) (француски). Paris, France: Publications de la Sorbonne. ISBN 978-2-85944-168-5.
  • Kazhdan, Alexander Petrovich, уред. (1991). The Oxford Dictionary of Byzantium. New York, New York and Oxford, United Kingdom: Oxford University Press. ISBN 978-0-19-504652-6.
  • Krsmanović, Bojana (11 September 2003). „Doukas family“. Encyclopaedia of the Hellenic World, Asia Minor. Athens, Greece: Foundation of the Hellenic World. Посетено на 17 April 2012.
  • Polemis, Demetrios I. (1968). The Doukai: A Contribution to Byzantine Prosopography. London, United Kingdom: The Athlone Press.