Византија под Комнинската династија

Византиското Царство од страна на Комнините била управувана во два периоди: периодот од 1057 година со назначувањето на Исак I Комнин за цар до крајот на неговото владеење во 1059, и назначувањето на Алексиј I Комнин во 1081 година до крајот на владеењето на Андроник I Комнин во 1185 година.

Римското Царство
Βασιλεία Ῥωμαίων
1081–1185
Византија во времето на Мануил I Комнин
Византија во времето на Мануил I Комнин
Главен градЦариград
Говорени јазицигрчки, ерменски
Вероисповед
Православие
Уредувањеавтократија
Цар 
• 1081–1118
Алексиј I Комнин
• 1183–1185
Андроник I Комнин
Историја 
26 август1071
• стапување на престолот на Алексиј I
4 април 1081
27 ноември 1095
17 септември 1176
• крајот на владеењето на Андроник I
31 август 1185
Претходници
Наследници
Византија под Македонската династија
Византија под Ангелската династија

Позадина

уреди

Комнинската ера започнала во период на големи тешкотии и стремење кон Византија. По еден период на релативен успех и експанзија во рамките на Македонската династија (867-1054), Византија доживеала неколку децении стагнација и опаѓање, што кулминирало со огромно влошување на ситуацијата односно земјата имала територијална, економска и политичка нестабилност.

Проблемите со кои се соочувала империјата биле делумно предизвикани од растечкото влијание и моќ на аристократијата, која ја слабеела на империјата воената структура преку поткопување на системот за темите. Заочнувајќи од смртта на успешниот војник-цар Василиј II во 1025, една долга серија на слаби владетелите ги распуштиле големите армии кои биле во одбрана на источните провинции од напади; наместо тоа, златото било складирано во Цариград, наводно со цел да се ангажираат платеници доколку се појават определени проблеми. Всушност, најголем дел од парите биле давани во форма на подароци кај фаворитите на царот.

Земјата во текот на периодот била напаѓана од Турците на исток и од Норманите на запад. Од 1080 година, империјата изгубила 78.000 км2.

Цари

уреди