Драган Богдановски

македонски политичар

Драган Богдановски (18 септември 1929 во Клечевце31 мај 1998 во Фредериција) — македонски политичар, еден од најпознатите македонски политички емигранти по 1945 година и еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ. Богдановски 30 години бил во челните редови на патриотски настроената македонска емиграција.

Драган Богдановски
Роден Драган Богдановски
18 септември 1929
Клечевце, Кралство Југославија
Починал 31 мај 1998(1998-05-31) (возр. 68)
Фредериција,  Данска
Националност Македонец
Познат основање на ВМРО-ДПМНЕ и македонски национални организации во странство
Занимање политичар и борец за правата на Македонците
Деца 2

Животопис

уреди

Рани години

уреди

Потекнува од позната селско-земјоделска фамилија со патриотски корени (дедото на Драган е илинденец-комита во четата на Атанас Бабата). Основно училиште завршува во родното село, а средно образование во Куманово и Битола, по што во 1948 година се запишува во Белград (Земун) на Факултет за земјоделство и шумарство. Во Белград уште во третиот семестер од студиите се пројавува како иницијатор за создавање на „Македонски студентски клуб”, за која активност бива затворен и издржува казна од 4 месеци во злогласниот затвор на Обилиќев венац. По излегувањето од затвор е исклучен од факултетот без право на упис на било кој факултет во Југославија.

Животот во егзил

уреди

Јужна Америка и Франција

уреди

Таа драконска мерка на факултетските власти во основа го менува животот на Богдановски. Одлучува да ја напушти земјата и во пролетта 1950 година, заедно со неколкумина колеги студенти, кај Гевгелија ја преминува границата. По задолжителен престој во бегалски логор, кон крајот на 1950 година заминува за Јужна Америка, каде престојува во Аргентина и Бразил до 1954 година. Желбата за наука не го напушта, за што се враќа во Париз и на Сорбона запишува Факултет за политички науки и новинарство. Уште веднаш започнува со политичко дејствување, ја создава организацијата „Македонски национален фронт” и започнува со издавање на весникот „Македонска искра”. Од овој весник успеваат да излезат неколку броеви и по интервенција на југословенската и грчката амбасада е забранет.

Норвешка

уреди

Во 1958 година се жени со Брита, ќерка на тогашниот главен архитект на Осло, и заминува да живее во Норвешка. Со неа има два сина (Пер-Арне и Иван). Во Осло оспособува печатница на кирилично писмо и преку пишан збор врши национално-политичка активност. Во 1958 година се јавува како покренувач за издавање на повеќе весници, списанија и книги за Македонија. Го издава списанието „Македонска лоза” и „Слободна Македонија”, потоа го печати весникот „Македонија”, списанието „Македонска нација” и слично.

Осудување и заробеништво

уреди

Богдановски за првпат ќе биде оквалификуван како противник на Југославија по состанокот со Владо Дапчевиќ, еден од творците на Новата комунистичка партија на Југославија, формирана со поддршка од тогашниот СССР. Донесена е одлука за доведување на Драган Богдановски во Југославија и негово судење. Како раководител на ДООМ во 1977 година Богдановски е киднапиран во Париз и доведен во Југославија. Него го киднапираат припадници на СДБ, во станот на друг член на ДООМ, и со дипломатско возило е пренесен во Љубљана, а подоцна и во Скопје. Со врзани очи бива одведен во полициски објект во близина на Македонски Брод каде што е под истрага 18 месеци. Судскиот процес против него е организиран зад затворени врати, на кој процес е осуден на 13 години затвор. Помилуван е во 1988 година.

Години по заробеништвото

уреди

По излегувањето од затвор во 1988 година, кратко време живее во Скопје, а штом добива патна исправа заминува во Малме, Шведска, каде ја подготвува програмата за формирање на национална политичка партија во Македонија (која е отпечатена во весникот „Млад Борец”). Таа партија по идеја на Драган Богдановски треба да се вика „Демократска партија на македонско национално единство”, ДПМНЕ. Во 1990 година заедно со Гојко Јаковлевски од Берлин, се состануваат во Минхен, каде се донесува одлука за формирање на партијата со предзнак ВМРО. На состанокот присуствуваат и Љупчо Георгиевски, Борис Змејковски и Владо Транталовски од Ресен, по што партијата се формира и регистрира во Македонија.

Последни години

уреди
 
Спомен-плоча на Богдановски во родното село

Умира на 31 мај 1998 година во воз (во местото Фредериција, Данска), на пат од Шведска во Германија. Погребан е во присуство на семејството и најблиските во Куманово на 1 август 1998 година. Бил погребан на 2 август, на погребот учествуваа членовите на неговото семејство, неговите пријатели, општинските раководители на градот Ресен и само еден претставник од ВМРО ДПМНЕ [1].

Дејност

уреди

Политички организации во странство

уреди

Неговата активност најмногу е изразена како иницијатор за основање на бројни политички организации на Македонците во странство. Во 1963 година доаѓа до формирање на прва македонска национална организација Ослободителен комитет на Македонија (ОКМ), која во 1972 година се трансформира во Движење за ослободување и обединување на Македонија (ДООМ). Богдановски на чело на ова организација доаѓа уште во 1967 година.

ДООМ развива широка активност помеѓу Македонците кои по 1960-тите години масовно ја напуштаат својата земја од економски или политички причини, поради што набргу се соочува со тогашната Служба за државна безбедност (СДБ), која ги следи и повремено ги попречува неговите активности. Се организира кражба на неговата печатница во Минхен, која е пренесена од Осло во Брисел па во Минхен и во која се печати списанието „Македонска нација”.

Сепак, СДБ не презема акции за целосна елиминација на дејноста на Драган Богдановски, бидејќи тој со својата борба делува против дејствувањето на разни странски пропаганди, политички или црковни институции кои Македонците во странство ги поплавува со прогрчка, пробугарска и друга пропаганда, каква што спроведуваа „Панмакедоники”, МПО на Ванчо Михајлов, „Славјански комитет” на НРБ и други. Во тој период (1958-1977) најголема битка водеше против МПО.

Основање на ВМРО-ДПМНЕ

уреди

На првиот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, одржан во Прилеп на 6 и 7 април 1991 година, Богдановски е избран за почесен претседател на партијата, а од 1991 до 1993 година е претседател на Задграничниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за Европа.

Сепак, доаѓа до заладување на односите помеѓу него и претседателот на партијата, Љубчо Георгиевски. Во 1993 година доаѓа до конечното разделување од ВМРО-ДПМНЕ. На 5 мај 1993 година Богдановски формира нова партија, Македонски национален фронт, со седиште во Прилеп,[2] но таа партија не успева да заживее и Богдановски се враќа во Шведска.

Извор

уреди

Наводи

уреди
  1. МРТВ, 2011, "Жртви на комунистичкиот режим" - 7 епизода
  2. Цане Мојаноски „Летопис на македонската демократија“, Скопје, 2000, 239 стр.

Надворешни врски

уреди