Движење за ослободување и обединување на Македонија

Движење за ослободување и обединување на Македонија (ДООМ) — македонска организација во дијаспората основана од македонски иселеници во 1962 г. во Шведска. Составена е од македонски иселеници во Данска, Германија, Шведска, Австрија, Белгија, Франција, САД, Канада и Австралија.[2]

Драган Богдановски - еден од идеолозите на македонското национално Движење за ослободување и обединување на Македонија (ДООМ), и негов долгогодишен претседател.[1]

Тоа претставувало македонско патриотско и национално движење и е основано како Ослободителен комитет на Македонија (ОКМ). На вонредниот Конгрес на Комитетот во Копенхаген, Данска (1971), била донесена одлука за издавање на официјален орган – весникот „Македонска нација“. На редовниот Конгрес во Бремен, Германија (1972) името е сменето во Движење за обединување на Македонија (ДОМ), а името Движење за ослободување и обединување на Македонија (ДООМ) го добива на Општиот Конгрес во Минхен, Германија (1974).

Според новата платформа, Движењето се залагало за поголема автономија на СР Македонија во склоп на СФР Југославија, признавање на националната посебност на Македонците во Пиринска и Беломорска Македонија, враќање на Македонците бегалци во Грција и автономија на Пиринска и Беломорска Македонија, како етапа кон обединувањето на целокупната етногеографска Македонија. На 5-от редовен конгрес (1984) името е променето во Народноослободителен фронт на Македонија, којшто кратко потоа се обединил со неколку други помали македонски емигрантски организации.

Наводи

уреди
  1. портал „Македонска нација“
  2. Македонска Енциклопедија, том I, стр. 433-434, Скопје, 2009