Критериум ди Дофине

(Пренасочено од Дофине Либере)

Критериум ди Дофине (пред 2010 г.: Критериум ди Дофине Либере) — годишна велосипедска друмска трка, која се вози на 8 етапи низ областа Дофине во Франција во текот на првата половина на јуни. Трката била започната од локалниот весник, Дофине Либере, преку кој трката го добила и името. Многу години, организацијата на настанот била поделена помеѓу издавачите на весникот и Amaury Sport Organisation (ASO): во 2010, весникот ги отстапил сите организациски надлежности на ASO и името на трката било скратено. Заедно со Тур де Свис, Дофине е важна трка во рамките за подготовка на Тур де Франс во јули и е дел од календарот на Светската турнеја.

Критериум ди Дофине
За трката
Датумпочеток на јуни
РегионДофине (Франција)
Месно имеCritérium du Dauphiné (француски)
ПрекарДофине Либере
ДисциплинаДрумски велосипедизам
НатпреварувањеСветска турнеја на UCI
ВидЕтапна трка
ОрганизаторAmaury Sport Organisation
Директор на тркатаБернар Тевене
Историја
Прво одржување1947 (1947)
Одржувања73 (до 2021)
Прв победник Едуард Клабински (ПОЛ)
Најмногу победи
Неодамнешен победник Ричи Порт (АВС)

Бидејќи Дофине е планинска област, победниците често се специјалисти за искачување. Многу искачувања се познати од Тур де Франс, како Мон Ванту, Алп д’Ез, Кол ду Галибие или Кол де ла Шартрос, кои често се појавуваат на Дофине Либере. Сите велосипедисти, кои го освоиле Тур де Франс пет или повеќепати, исто така имаат победено на Дофине Либере.

Првиот Дофине Либере бил одржан во 1947, кога Едуард Клабински од Полска бил победник. Нело Лореди, Луис Окања, Шарли Моте, Бернар Ино и Крис Фрум го делат рекордот за најмногу победи, по три секој од нив.

Историја

уреди

По Втората светска војна, кога велосипедизмот се повратил по општиот петгодишен прекин, весникот Дофине Либере одлучил да основа и организира велосипедска етапна трка низ регионот Дофине. Трката е поставена во јуни, пред Тур де Франс. Од нејзините почетоци, трката била користена како подготовка за Тур де Франс од француските велосипедисти, вклучувајќи ги Луисон Бобе и Џон Робик. Исто така, служела како тест патека за напредната опрема за велосипедистите.

Моменталната форма на критериум е последица на спојувањето со „Трката на шесте провинции во Дофине“ во 1969.

Критериумот е единствената друга трка, која е освоена од сите петократни победници на Тур де Франс (Анкетил, Меркс, Хино, Индуран и Армстронг). Седум возачи ја имаат освоено Дофине Либере и Тур де Франс во истата година: Луисон Бобе во 1955, Жак Анкетил во 1963, Еди Меркс во 1971, Луис Окања во 1973, Бернар Тевене во 1975, Бернар Хино во 1979 и 1981, Мигел Индуран во 1995, Бредли Вигинс во 2012 и Крис Фрум во 2013 и 2015 година.

Градови, кои најмногупати биле домаќини на некој почеток или крај се: Гренобл (44 пати), Авињон (32 пати), Сент-Етјен (23 пати), Анси (22 пати), Шамбери (21 пат), Гап (21 пат), Лион (19 пати), Екс ле Бен (18 пати), Валенс (16 пати), Бријансон (15 пати) и Вал ле Бен (15 пати).

Маички

уреди

Водачот на генералниот пласман носи жолта маичка со сина лента, со што се разликува од другите возачи. На почетокот на 1948 била доделена црвената маичка со бели точки на водачот во планинскиот пласман на трката, додека во 1955 била доделена зелената маичка за најдобриот спринтер.

Победници

уреди
Година Земја Возач Екипа
1947   Полска Клабински, ЕдуардЕдуард Клабински
1948   Франција Фахлајтнер, ЕдуардЕдуард Фахлајтнер
1949   Франција Лазаридс, ЛусиенЛусиен Лазаридс
1950   Франција Лореди, НелоНело Лореди
1951   Франција Лореди, НелоНело Лореди
1952   Франција Дото, ЖанЖан Дото
1953   Франција Тесаир, ЛусиенЛусиен Тесаир
1954   Франција Лореди, НелоНело Лореди
1955   Франција Боне, ЛуисонЛуисон Боне
1956   Белгија Клосе, АлексАлекс Клосе
1957   Франција Рорбах, МарселМарсел Рорбах
1958   Франција Ростолан, ЛујЛуј Ростолан
1959   Франција Англад, АнриАнри Англад
1960   Франција Дото, ЖанЖан Дото
1961   Обединето Кралство Робинсон, БрајанБрајан Робинсон
1962   Франција Мастрото, РајмонРајмон Мастрото
1963   Франција Анкетил, ЖакЖак Анкетил
1964   Шпанија Уриона, ВалентинВалентин Уриона
1965   Франција Анкетил, ЖакЖак Анкетил
1966   Франција Пулидор, РајмонРајмон Пулидор
1969   Франција Пулидор, РајмонРајмон Пулидор
1970   Шпанија Окања, ЛуисЛуис Окања
1971   Белгија Меркс, ЕдиЕди Меркс Молтени
1972   Шпанија Окања, ЛуисЛуис Окања
1973   Шпанија Окања, ЛуисЛуис Окања
1974   Франција Санти, АленАлен Санти
1975   Франција Тевене, БернарБернар Тевене Пежо БП Мишелин
1976   Франција Тевене, БернарБернар Тевене Пежо БП Мишелин
1977   Франција Ино, БернарБернар Ино Џитане-Кампањоло
1978   Белгија Полентие, МишелМишел Полентие
1979   Франција Ино, БернарБернар Ино Рено-Елф-Џитане
1980   Холандија Велде, Јохан ван дерЈохан ван дер Велде ТИ-Рели
1981   Франција Ино, БернарБернар Ино Рено-Елф-Џитане
1982   Франција Лорен, МишелМишел Лорен Пежо-Есо-Мишелин
1983   САД Лемон, ГрегГрег Лемон Рено-Елф-Џитане
1984   Колумбија Рамирес, МартинМартин Рамирес Системе У
1985   Австралија Андерсон, ФилФил Андерсон Панасоник
1986   Швајцарија Цимерман, УрсУрс Цимерман Карера-Инокспран
1987   Франција Моте, ШарлиШарли Моте Системе У-Џитане
1988   Колумбија Ерера, ЛуисЛуис Ерера Кафе де Колумбија
1989   Франција Моте, ШарлиШарли Моте РМО
1990   Обединето Кралство Милар, РобертРоберт Милар З
1991   Колумбија Ерера, ЛуисЛуис Ерера Постобон
1992   Франција Моте, ШарлиШарли Моте РМО
1993   Швајцарија Дифо, ЛоренЛорен Дифо ONCE
1994   Швајцарија Дифо, ЛоренЛорен Дифо ONCE
1995   Шпанија Индураин, МигелМигел Индураин Банесто
1996   Шпанија Индураин, МигелМигел Индураин Банесто
1997   Германија Белтс, УдоУдо Белтс Тим Телеком
1998   Франција де Лас Куевас, АрманАрман де Лас Куевас Банесто
1999   Казахстан Винокуров, АлександарАлександар Винокуров Казино-Аг2р Превојанс
2000   САД Хамилтон, ТајлерТајлер Хамилтон Дискавери Канал
2001   Франција Моро, КристофКристоф Моро Фестина
2002   САД Армстронг, ЛенсЛенс Армстронг Дискавери Канал[1][2]
2003   САД Армстронг, ЛенсЛенс Армстронг Дискавери Канал[1][2]
2004   Шпанија Мајо, ИбанИбан Мајо Еускалтел-Еускади
2005   Шпанија Ландалуз, ИњигоИњиго Ландалуз Еускалтел-Еускади
2006   САД Лајпхајмер, ЛевиЛеви Лајпхајмер Геролштајнер
2007   Франција Моро, КристофКристоф Моро Аг2р Превојанс
2008   Шпанија Валверде, АлехандроАлехандро Валверде Кес д’Епарњ
2009   Шпанија Валверде, АлехандроАлехандро Валверде Кес д’Епарњ
2010   Словенија Брајкович, ЈанезЈанез Брајкович Тим РадиоШек
2011   Обединето Кралство Вигинс, БредлиБредли Вигинс Тим Скај
2012   Обединето Кралство Вигинс, БредлиБредли Вигинс Тим Скај
2013   Обединето Кралство Фрум, КрисКрис Фрум Тим Скај
2014   САД Талански, ЕндруЕндру Талански Гармин-Шарп
2015   Обединето Кралство Фрум, КрисКрис Фрум Тим Скај
2016   Обединето Кралство Фрум, КрисКрис Фрум Тим Скај
2017   Данска Фуглсанг, ЈакобЈакоб Фуглсанг Астана
2018   Обединето Кралство Томас, ГерајнтГерајнт Томас Тим Скај
2019   Данска Фуглсанг, ЈакобЈакоб Фуглсанг Астана
2020   Колумбија Мартинес, ДаниелДаниел Мартинес ЕФ Про Сајклинг
2021   Австралија Порт, РичиРичи Порт Инеос Гренадиерс

Повеќекратни победници

уреди
Победи Велосипедист Изданија
3
  Нело Лореди (ФРА) 1950, 1951, 1954
  Луис Окања (ШПА) 1970, 1972, 1973
  Бернар Ино (ФРА) 1977, 1979, 1981
  Шарли Моте (ФРА) 1987, 1989, 1992
  Крис Фрум (ВБР) 2013, 2015, 2016
2
  Жан Дото (ФРА) 1952 + 1960
  Жак Анкетил (ФРА) 1963 + 1965
  Рајмонд Пулидор (ФРА) 1966 + 1969
  Бернар Тевене (ФРА) 1975 + 1976
  Луис Ерера (КОЛ) 1988 + 1989
  Лорен Дифо (ШВА) 1993 + 1994
  Мигел Индураин (ШПА) 1995 + 1996
  Ленс Армстронг (САД) 2002 + 2003
  Кристоф Моро (ФРА) 2001 + 2007
  Алехандро Валверде (ШПА) 2008 + 2009
  Бредли Вигинс (ВБР) 2011 + 2012
  Јакоб Фуглсанг (ДАН) 2017 + 2019

Велосипедистите со закосени букви се сè уште активни

Победи по земја

уреди

Имало 71 издание од 1947 година. На три изданија (2002, 2003 и 2006) им биле одземени победите од нивните првични победници Ленс Армстронг и Леви Лајпхајмер.

Држава Победи
  Франција 30
  Шпанија 10
  Обединето Кралство 8
  Колумбија 4
  Белгија 3
  САД 3
  Швајцарија 3
  Австралија 2
  Данска 2
  Германија 1
  Казахстан 1
  Холандија 1
  Полска 1
  Словенија 1

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Lance Armstrong: Governing body strips American of Tour wins“. BBC News. 22 октомври 2012. Посетено на 22 октомври 2012.
  2. 2,0 2,1 „Меѓународен велосипедистички сојуз“. Архивирано од изворникот на 2019-12-10. Посетено на 2013-09-26.

Надворешни врски

уреди