Доспат (река)

река во Пиринска Македонија и Бугарија

Доспат (Доспатска Река, Доспат Дере, Рата или Сура; грчки: Δεσπάτης, Деспатис) — река во Пазарџичката и Смољанската област на Бугарија, во Пиринска Македонија, како и во Драмско, Егејска Македонија. Ова е лева притока на Места, со должина од 110 км, од кои 96,2 км на бугарска територија. Името Сура е тракиско и значи „река“.[1]

Доспат
Доспат кај с. Борово, Драмско
Течението на Доспат
Местоположба
ЗемјиБугарија, Грција
Физички особености
Извор 
 • местоРодопи
 • надм. вис.1.610 м
Устие 
 • место
Места
 • координати
41°23′25″N 24°5′15″E / 41.39028° СГШ; 24.08750° ИГД / 41.39028; 24.08750
 • надм. вис.
366 м
Должина110 км
Големина на сливот633,5 км2
Проток 
 • просечен5,21 м3
Особености на сливот
ТечениеМестаЕгејско Море
Притоки 
 • левиСрнена
 • десниКочанска, Осинска

Географски особености

уреди

Извор, течение и устие

уреди

Реката извира на надморска височина од 1.610 м н.в., на околу 800 метри југозападно од врвот Шипоко (Ѓултепе, 1.643 м) во Величко-виденичкиот Дел на Западните Родопи. Првите 6-7 км тече во јужна насока, по што свртува на југоисток, каде долината е длабока, права и добро пошумена. По селото Побит Кам’к навлегува во Доспатската Котлина, која во голем дел е зафатена од вештачкото езеро Доспат. Во тој потег коритото ѝ е широко 6–8 м, со мноштво свиоции; долината тука е широка 1,5–2 км, а длабока 1–1,5 м. По истекот од езерото, реката свртува на југ, минува низ кланец и навлиза од север во малата Барутинска Котлина. По устието на нејзината најголема притока, Срнена Река (Караџадере), Доспат свртува на југозапад и навлегува во клусура со стрмни голи падини. Кај отклонот за селата Црнча и Брштен прави завој на запад, а по 3 км — на северозапад, а кај устието на Осинска Река — остар завој на југ. Оттука натаму долината ѝ добива клисурски облик. На 1 км од устието на Кочанска Река (Жижевска Река), кај граничната пирамида бр. 180 Доспат стасува до границата со Егејска Македонија, и во должина од 2 км по неа минува самата државна граница меѓу Бугарија и Грција. На 1,6 км источно од с. Туховишта во Општина Сатовча реката ја напушта границата и целосно навлегува во Егејска Македонија, а долината до устието го задржува клисурскиот карактер. До 1997 г. се влевата од лево во реката Места (на 366 м н.в.), на 700 м југозападно од драмското село Борово (Потами), но сега се влева право во вештачкото Черешовско Езеро (Тисаврос) на Места северно од селото.

Слив и притоки

уреди

Сливот на Доспат на бугарска територија зафаќа 633,5 км2, сочинувајќи 22,89 % од сливот на реката Места, само на бугарска територија.

  • На југозапад и запад сливот на Доспат се граничи со сливовите на Бистрица, Канина и Златарица, леви притоки на Места и со уште неколку нејзини помали притоки.
  • На север — со сливот на Чепинска Река, десна притока на Марица.
  • На североисток и исток – со сливот на В’ча, десна притока на Марица.
  • На југоисток — со сливовите на Памајр и Музден, леви притоки на Места.

Главни притоки: → лева, ← десна

  • → Бичково Дере
  • ← Бригадирско Дере
  • → Широк Дол
  • → Шовардере
  • → Дермендере
  • → Усојна
  • → Оџово Дере
  • → Тахталиско Дере
  • → Сребрев Дол
  • → Караасаново Дере
  • → Кутленска Дере
  • → Буков Дол (се влева во ез. Доспат)
  • → Зимни Дол (се влева во ез. Доспат)
  • ← Крваво Дере (се влева во ез. Доспат)
  • → Катачорлудере (се влева во ез. Доспат)
  • → Богданов Дол
  • Срнена Река (Караџадере, најголемата притока)
  • → Младово Дере
  • Осинска Река
  • Кочанска Река (Жижевска Река)
  • → Милу Рема (во Егејска Македонија)
  • → Цацани Рема (во Егејска Македонија)
  • → Керазлик (во Егејска Македонија)
  • → Вати Рема (во Егејска Македонија)
  • → Мелисомандрас (во Егејска Македонија)

Хидроложки показатели

уреди

Реката добива вода на следниве начини: подземно — 37 %, дождовно — 33 %, топен снег — 30 %. Средниот годишен истен на мерното место бр. 260 кај градот Доспат изнесува 5,21 м3; најголемиот (околу 85 % од истекот) е од декември до март, а мајмалиот е во август.

Потекло на името

уреди

На европските карти од XVIII и XIX век Родопите се означени како Despoto dagh, Dospada Jailasi или Dozpat Jaïlassi. Името доаѓа од поимот „деспот“, веројатно во чест на деспотот Алексиј Слав, кој владеел со Западните Родопи на почетокот на XIII век.[2]

Население места

уреди

По течението на реката во Бугарија има 5 населени места, од кои 2 града и 3 села. Во Егејска Македонија има само 1 село:

  • Бугарија
  • Егејска Македонија

Стопанско значење

уреди

Голем дел од водите на езерото Доспат низ подземен цевковод се префрлаат во ХЕЦ „Тешел“, и откако ќе се преработат, се вклучуваат надолу во хидроенергетската каскада на реката В’ча.

Во 2010 г. започнала изградбата на каскадата „Доспат“, сочинета од 8 вештачки езера и хидроцентрала на територијата на Општина Доспат и Општина Сатовча, со вкупна моќност од 7.750 kW.

По долината на реката минуваат делници од два пата од државната патна мрежа:

Во реката живеат речната пастрмка, мрената, кленот и други помали риби, а а пред изградбата на Черешовското Езеро се е среќавала и јагулата.

Бреговите на езерото Доспат имаат одлични услови за кампување.

Поврзано

уреди

Извори

уреди
  • Енциклопедия „Пирински край“, том 1, Благоевград, 1995.
  • Енциклопедия „България“, том 3, Издателство на БАН, София, 1981.
  • Мичев, Николай и др. (1980). Географски речник на България. София: Наука и изкуство. стр. 180.
  • Мишева, Десислава. Хидроложка характеристика на река Доспат Архивирано на 7 март 2012 г.
  • МОСВ – План за управление на речните басейни: Западнобеломорски район 2010 – 2015 г. Том IV Река Доспат

Наводи

уреди
  1. Тракиски зборови и имиња – С Архивирано на 20 октомври 2008 г. (англиски)
  2. Български етимологичен речник, том I, А-З. София: Българска академия на науките. Институт за български език. Издателство на Българската академия на науките. 1971. стр. 414.