Чечка Бистрица

река во југоисточна Пиринска Македонија
(Пренасочено од Бистрица (Чечка))

Чечка Бистрица (Бистрица, Плетска Река, Плетенска Река) — река во југоисточниот дел на Пиринска Македонија, лева притока на Места. Минува низ општините Грмен, Сатовча и Хаџидимово. Долга е 48,8 км и одводнува дел од југозападните падини на Доспат Планина (Дабраш) во венецот Западни Родопи.[1]

Чечка Бистрица
Плетска/Плетенска Река
Стар мост над реката меѓу Плетена и Долен
Местоположба
МестоПиринска Македонија, Бугарија
Физички особености
Извор 
 • местоДоспат Пл., Западни Родопи
 • надм. вис.1.695 м
Устие 
 • место
Места
 • координати
41°31′54″N 23°14′53″E / 41.53167° СГШ; 23.24806° ИГД / 41.53167; 23.24806
 • надм. вис.
443 м
Должина48,8 км
Големина на сливот197 км2
Особености на сливот
ТечениеМестаЕгејско Море

Река извира под името Прдиконско Дере на 1.695 м.н.в., 1,6 км североисточно од врвот Свети Петар (1.745 м), во Доспат Планина.[2] До патот Неврокоп (Г. Делчев) – Доспат тече релативно плитка и добро пошумена долина, најпрвин (околу 3 км) на југозапад, а потоа на југоисток (до шумарсото подрачје „Дикчан“) и одново на југозапад. Продолжува во југозападна насока и источно од селото Долно Дреново свртува на југ-југоисток, па навлегува во историско-географската област Чеч каде долината ѝ се проширува. Завршува влевајќи се како лева притока на Места на 443 м.н.в., 1,6 км северно од селото Теплен во Општина Хаџидимово.

Сливот на реката зафаќа површина од 197 км2, што сочинува 5,71 % од целокупниот слив на Места. Главни притоки се: → лева, ← десна

  • → Бозаничко Дере
  • ← Величка
  • → Хисарско Дере
  • → Дреновско Дере
  • ← Длабоки Дол
  • ← Чешминдол
  • → Фрговска Река

Реката се напојува од дождови и стопен снег. Најполноводна е во април, а најслабоводна во септември. Водата на Чечка Бистрица е со ниска минерализација — до 200 мг/л. Меѓу 40 и 50 денови годишно се забележуваат замрзнувања.

По течението на нема населени места.

Дел од водите на Чечка Бистрица во горното течение се одлеваат преку тунел во вештачкото езеро Доспат со 11 водозафатни градби. Во долното течение водите се користат за наводнување.

На потег од 7,5 км, меѓу селата Долно Дреново и Плетена минува делница од републичкиот пат III-197: Неврокоп – Доспат – Девин.

Од излезот за с. Плетена, во месноста Караманица, нагоре по поречието на реката минува стариот пат за Велинград, како и за месностите Дикчан и Гроба. Крај патот во должина од 50 – 100 метри има чешми и сеници за почивка.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Мичев, Н и Ц. Михайлов, И. Вапцаров и Св. Кираджиев, Географски речник на България, София 1980 г., стр. 48
  2. Енциклопедия България, т.1 А-В, Издателство на БАН, София 1978, стр. 289

Топографски карти

уреди