Срница
Срница (бугарски: Сърница) — град во Јужна Бугарија, административен центар на Општина Срница во Пазарџичката Oбласт. Има население од околу 3.511 жители (2022).[1]
Срница Сърница | |
---|---|
град | |
Панорамски поглед на Срница со езерото Доспат | |
Местоположба на Срница во Бугарија | |
Координати: 41°44′18″N 24°01′23″E / 41.738354° СГШ; 24.022923° ИГД | |
Земја | Бугарија |
Област | Пазарџик |
Општина | Срница |
Управа | |
• Градоначалник | Неби Бозов (ДПС) |
Површина | |
• Вкупна | 112,378 км2 (43,389 ми2) |
Надм. вис. | 1.250 м |
Население (2022) | |
• Вкупно | 3,511 |
• Густина | 31/км2 (81/ми2) |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
поштенски код | 4633 |
Повик. бр. | +359 03547 |
Мреж. место | sarnitsa.bg |
Географија и местоположба
уредиГрадот се наоѓа планинско подрачје помеѓу ридот Д’браш и Велијчко-Виденичкиот дел во Западните Родопи. Во непосредна близина тече реката Доспат која се влева во истоимената акумулација „Доспат“.
Градот се наоѓа на 46 километри од Велинград, 90 километри од регионалниот центар Пазарџик и 180 километри од главниот град Софија.
Историја
уредиНаселбата била основана во 1860 година. Првиот доселеник бил овчарот Шабан, а скоро еден век населбата го носела неговото име - Шабанлии. Доселениците главно биле од Доспат, кој денес се наоѓа на спротивниот брег на браната. Во 1975 година, селата и населбите Шабанлии, Крушата, Петелци, Брдуче и Орлино биле обединети под името Срница.[2] Од 1950-тите до 1987 година, Срница била општина речиси 40 години, вклучувајќи ги и селата Срница, Медени Пољани и Побит Кам’к. Жителите на околината изразуваат желба за обновување на општината, која беше поново формирана во 2015 година. Од 16 септември 2003 година Срница има статут на град.[3].
Наводи
уреди- ↑ Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.
- ↑ Балев, Иван (2002). Преброяване на населението, жилищния фонд и земеделските стопанства през 2001. София: Национален статистически институт. стр. 229.
- ↑ Решение № 641 от 12 септември 2003 г. Обн. ДВ. бр. 82 от 16 септември 2003 г.