Доспат (езеро)
Доспат (бугарски: Доспат) — вештачко езеро на реката Доспат во Западните Родопи, Бугарија. Сместено е на надморска височина од 1.200 м и зафаќа површина од 18,3 км2 — едно од најголемите во земјата.[1]. Изградено е на истоимената река Доспат, во Пазарџичката и Смољанската област, во непосредна близина на границата со Неврокопско, Пиринска Македонија. Во езерото се застапени крапот, пастрмката, ципалот, кострешот, црвеноперката и карашот.
Доспат Доспат | |
---|---|
Поглед на езерото кон северозапад | |
Координати | 41°41′53″N 24°05′10″E / 41.698° СГШ; 24.086° ИГД |
Вид | вештачко |
Главни приливи | р. Доспат, р. Осинска |
Главни истеци | р. Доспат, канали „Виштерица – Канина“, „Бистрица“ и „Осина 3“ |
Слив | 432,3 км2 |
Сливни земји | Бугарија |
Изградено | 1969 |
Најг. должина | 19 км |
Најг. ширина | 3 км |
Површина | 18,3 км2 |
Зафатнина | 449.220.000 км3 |
Надм. височина | 1.200 м |
Острови | неколку |
Населени места | Срница, Доспат |
Каскадата „Доспат – В’ча“ е најголемиот хидроенергетски комплекс во Бугарија. Езерото е изградено како втора акумулација по големина во земјата, и почнало да се полни во 1967 г., што траело две години.[2] Кон езерото се насочени водите од сливот на Осинска Река, благодарение на кои езерото добива дополителни 10 милиони м3 вода годишно, покачувајќи ја делотворноста на сите централи по каскадата за 10 % или 10 гигаватчаса годишно. Водата од Доспат се пренасочува кон ХЕЦ „Тешел“ и надолу по каскадата „Доспат-В’ча“.
Пред изградбата на езерото, површините под него биле плодна долина во која се сееле житни култури. Жителите на селата од целиот крај се најмувале како жетвари кога се прибирала реколтата. Со исполнувањето на долината се евакуирани селата Орлино (Бозалан/Бозилан)[3], сместено на западниот брег на реката и Брдуче (Бардакчи)[4] и делумно Крушата (Армутчук/Арнудли), сместени на источниот.
Езерото се протега во насока северозапад – југоисток, во должина од 19 км и ширина од околу 3 км, По североисточниот брег минува живописен пат меѓу градовите Срница и Доспат.
Слики
уреди-
Браната на Доспат
-
Срница преку езерото
-
Езерото зиме
-
Шумовито место пред езерото
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Язовир Доспат, статия в Journey.bg
- ↑ Груев, Михаил; Кальонски, Алексей. Възродителният процес. Мюсюлманските общности и комунистическият режим. София: Институт за изследване на близкото минало; Фондация „Отворено общество“; Сиела. стр. 59. ISBN 978-954-280-291-4.
- ↑ Орлино в GeoNames
- ↑ Бърдуче в GeoNames
Надворешни врски
уреди- Доспат (езеро) на Ризницата ?
- Езерото Доспат во порталот на НЕК Архивирано на 28 април 2019 г. (бугарски)