Златарица (река)

река во Разлошко, Пиринска Македонија

Златарицарека во Разлошко, Пиринска Македонија, лева притока на Места. Долга е 21 км[1] и тече низ општините Белица и Мехомија (Разлог).

Златарица
Местоположба
МестоРазлошко, Пиринска Македонија
Физички особености
Извор 
 • местоВелиичко-виденички Дел, Западни Родопи
 • координати41°53′50″N 23°46′31″E / 41.8972° СГШ; 23.7753° ИГД / 41.8972; 23.7753
 • надм. вис.1.570 м
Устие 
 • место
р. Места, 2,7 км Ј од с. Елешница, Општина Мехомија
 • координати
41°50′20″N 23°36′37″E / 41.8389° СГШ; 23.6103° ИГД / 41.8389; 23.6103
 • надм. вис.
713 м
Должина21 км
Големина на сливот111 км2
Проток 
 • просечен0,69 м3
Особености на сливот
ТечениеМестаЕгејско Море

Реката извира од северот на Велиичко-виденичкиот Дел на Западните Родопи, на надморска височина од 1.570 м. Изворот е 1,6 км југоисточно од маалото Узунмахала на селото Гарван (Златарица). Тече низ длабока и пошумена долина. До устието на најголемата притока Палатик тече на запад, а потоа свртува на југозапад; овде долината се проширува и се појавуваат речни тераси на кои има мали ниви. Завршува како лева притока на Места (на 713 м.н.в.), 2,7 км јужно од селото Елешница во Општина Мехомија.[1]

Сливот зафаќа 111 км2, што претставува 3,22 % од вкупниот слив на Места.[1]

Позначајна притока е Палатик, која се влева од десно.[1]

Средниот годишен истек кај с. Елешница изнесува 0,69 м3; највисок водостој има во март, а најнизок во септември.[1]

По течението на Златарица има само едно населено место — селото Елешница.[1]

Во подрачјето на селото и нагоре по течението на реката водите во голема мера се користат за наводнување на малите нивички сместени по речните тераси.[1]

Карта уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 Мичев, Николай и др. (1980). Географски речник на България. София: Наука и изкуство. стр. 213.