Клен (риба)
Речен клен | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордати |
Класа: | Зракоперкиж |
Ред: | Крапообразни |
Семејство: | Cyprinidae |
Род: | Squalius |
Вид: | S. cephalus |
Научен назив | |
Squalius cephalus (Linnaeus, 1758) | |
Синоними | |
Leuciscus cephalus (Linnaeus, 1758) |
Речниот клен или Leuciscus cephalus е слатководна риба од семејството на краповидни риби. Тој е чест како во бавните, така и во среднобрзите реки, како и во канали и различни типови на мирни води низ Европа.
Прекриен е со крупни крлушки, со синозеленикав, темнозелен, кафеаво-зелен, темносив до црн грб, зеленкасто-сребренкасти или жолто-златни страни, бел блескав стомак и портокалови до црвеникави перки. Главата има изразито широко чело, а устата е голема со задебелени усни.
Опис и распространетост
уредиКленот има долго и силно тело, со должина од 50 cm, со голема глава поголема уста со која ја вшмукува храната. Бојата на телото му преминува од нијанса од темнозелена преку сива до потполно црна, а опашниот дел му е сребрен, стомакот бел. Кај постарите примероци стомакот, повремено добива портокалова боја. Нараснува до маса од 2 кг.
Кленот припаѓа на семејството Cyprinidae. Телото е вретенесто, покриено со крупни лушпи чии задни рабови се потемни. Попречниот пресек на телото е скоро цилиндричен. Бојата на грбот е темнозелена, страните се сивкасто жолти до сребренести, стомакот е сребрено бел. Сите перки имаат посветол или потемен прелив од сивоцрна боја. Градните перки се портокалови, а стомачните и аналната се со црвенкаст прелив. Главата е широка, устата е терминална и голема. Врвот на горната усна е скоро на хоризонталата на средината на очите.[1]
Основни биолошки одлики
уредиКленот во Охридско Езеро полова зрелост достигнува во втората (машката популација), односно третата година од животот (женската популација). Се мрестат од април до јуни обично на каменеста подлога. Мрестот е порционен. Плодноста на женките изнесува меѓу 100 000 и 200 000 јајца со пречник од околу 0.7 мм (понекогаш ако е малку икра и до 1.5 мм). Бројноста и големината на икрата зависи од возраста и големината на единките. Икрата има леплив слој. Развојот на ембрионите во јајцата трае околу една седмица. Живее во Охридско Езеро, акумулациите Глoбочицаи Шпиље, па одтука и во водите на Црн Дрим со притоките. Во Езерото се среќаваат примероци до 50-60 см, и тешина до 3 кг. Ваквите примероци се доста ретки. Кленот добро поднесува варирање на температурата на водата па го среќаваме и во притоките на Охридското Езеро како и во околните извори. Живее во мали јата, особено помладите единки, кои се среќаваат при површината на водата. Со староста кленовите сè повеќе живеат поединечно и тоа помалку или повеќе има постојани места (под корења, поткапини во карпи и др.) Кленот се храни скоро со секаква храна (растителна и животинска): инсекти и нивни ларви, црви, ракчина, мекотели, икра, други риби, жаби и др. Постарите единки се повеќе грабливи.[1]
Значење
уредиМесото на кленот е доста вкусно иако има ситни коски. Ценет објект е на рекреативните риболовци.[1]
Хабитат
уредиКлен е риба која живее во средна брзина на течение, бистра, чиста, и во ниски делови брзи теченија, во длабоки вирови и на места со тврдо каменито дно. Тој спаѓа во шарански врсти на риби, го населува скоро целиот европски континент освен скандинавското подрачје,а како изнвондредна врста се наоѓа и во Балтичкото Море.
Надворешни врски
уреди- ‘Рбетните животни на Русија: речен клен Архивирано на 28 февруари 2014 г. (руски)