Домаќинство е секоја семејна или друга заедница на лица кои ќе изјават дека заедно живеат и заеднички ги трошат своите приходи за подмирување на основните животни потреби (домување, исхрана и друго), без оглед дали сите членови постојано се наоѓаат во местото каде што е населено домаќинството или некои од нив определено време престојуваат во друго населено место, односно странска држава, заради работа, школување или од други причини.

Под домаќинство се смета и секое лице кое живее само („самечко домаќинство“) и кое нема свое домаќинство во друго место.

Под домаќинство се смета итн. колективно домаќинство, т.е. домаќинство составено од лица кои живеат во установи за трајно згрижување на деца и возрасни, во манастири-самостани и во болници за сместување на неизлечиви болни.

Поединечните домаќинства, според видот, се делат на семејни и несемејни.

Семејните домаќинства се делат на:

  • домаќинства со едно семејство и
  • домаќинства со две или повеќе семејства

Несемејните домаќинства се делат на :

  • самечки, домаќинства со еден член и
  • домаќинства со повеќе членови, составени од две или повеќе лица кои не се во сродство

или се во сродство, но не претставуваат семејство

Наводи уреди