Дајте музика — македонска играна ТВ-серија за деца, чие дејствие е инспирирано од музика, забава, дружење и детски интриги.

Дајте музика
Жанрдрама, музика
Создадена одЦаци Паковска
УлогиКристина Мукаетова
Филип Поповски
Анастасија Џабирски
Тео Манев
Јован Дукмеџиев
Саша Димитриевска
Миха Гигов
Земја на потеклоМакедонија Македонија
Првичен јазикмакедонски
Бр. на сезони6
Бр. на епизоди140
Производство
Продуцент(и)Марко Ѓоковиќ
МестоположбаСкопје
Прикажување
Првична мрежаМРТ
Првпат прикажана воДајте музика 1: 1993
Дајте музика 2: 2019
Дајте музика 3: 2020
Дајте музика 4: 2021
Дајте музика 5: 2023
Дајте музика 6: 2024
Првично прикажување1993 — 2024

Серијата првпат била снимана во периодот од 1993 до 1995 година и постигнала голема слава како кај детската популација така и кај возрасните.[1] По цели 23 години, серијата одново започнала со снимање како преработка на оригиналната серија снимена во 1990-тите години,[2] а од крајот на 2019 година се прикажува на Македонската телевизија.[3]

Улогите во новото издание на Дајте музика ги толкуваат: Кристина Мукаетова, Филип Поповски, Анастасија Џабирски, Тео Манев, Јован Дукмеџиев, Саша Димитриевска, Миха Гигов и други.

Улоги уреди

Дајте музика 1 (2019—) уреди

Извор

Глумец Улога
Кристина Мукаетова Кики
Филип Поповски Филип
Анастасија Џабирски Наташа
Тео Манев Тео
Јован Дукмеџиев Јован
Саша Димитриевска Саша
Миха Гигов Миха
Малин Гигов Иван
Кјара Атанасова Јулија
Нина Симјановска Тија
Борис Караѓоргов Бојан
Бојан Бурчев Боно
Кристијан Ѓоргиев Никола
Марин Стојановски Милош
Снежана Конеска Руси Снешка
Ѓокица Лукаревски Мајстор Ѓоко
Стојна Костовска Тетка Ленче
Благоја Чоревски Дедо Баже
Марија Новак Тетка Ана
Нино Леви Полицаецот Ванчо
Душица Стојановска Секретарка
Ефтим Трајчов Ѓаурски Агент
Катерина Шехтанска Мајката на Јован
Александар Микиќ Бездомник
Софија Куновска Мајката на Саша
Гораст Цветковски Таткото на Боно
Камка Тоциновски Мајката на Иван
Васил Зафирчев Креаторот
Чедомир Митевски Инвеститор Трајко
Изабела Новотни Мајката
Јордан Симонов Крсте
Тино Костадиновски Фудбалерот
Атанас Атанасовски Таткото на Иринеј
Едмонд Сотир Мајсторот
Филип Трајковиќ

Настапот на Детската евровизија уреди

 

Во октомври 2021 година, Јавниот радиодифузен сервис МРТ решил да го искористи правото на интерна селекција и избор на претстaвник на Детската Евровизија, а изборот паднал токму на децата од мегапопуларниот детски телевизиски серијал „Дајте музика“.[4] Согласно со правилата, на сцената се нашле само четири од децата, две момчиња Филип Поповски и Миха Гигов и две девојчиња Кристина Мукаетова и Анастасија Џабирски.[5] На Детската Евровизија 2021 во Париз, тие настапиле со песната Green Forces (текст: Робин Зимбаков, музика: Роберт Билбилов) и го освоиле 9-тото место со 114 бода.[5]

Награди уреди

Наводи уреди

  1. „Татјана Гогоска: Во минатото децата растеа со „Дајте Музика", а денес растат со турски серии - тоа создава лоши генерации“. skopjeinfo.mk. 26 август 2017. Занемарен непознатиот параметар |acess-date= (help)
  2. „https://deca.mk/podobro-da-pominete-samo-30-kvalitetni-minuti-so-detsata-otkolku-da-gi-ignorirate-tsel-den/“. deca.mk. 27 август 2019. Посетено на 15 јануари 2022. Надворешна врска во |title= (help)
  3. „Нова сезона на „Дајте музика" на МРТ“. novamakedonija.com.mk. 11 јуни 2020. Посетено на 15 јануари 2022.
  4. „Другарите од „Дајте музика" ќе нè претставуваат на детскиот Евросонг“. fashionel.mk. 13 октомври 2021. Занемарен непознатиот параметар |acces-date= (help)
  5. 5,0 5,1 „Dajte Muzika - Paris 2021“. junioreurovision.tv. Посетено на 15 јануари 2022.

Надворешни врски уреди