Атанас Атанасовски

Атанас Спиров Атанасовски (17 август 1926 во Прилеп — 20 мај 1944 во Горно Дисан, Неготинско) — македонски партизан, учесник во НОБ.

Животопис уреди

Атанас Спиров Атанасовски роден во град Прилеп. По занимање бил дограмаџија. Атанас бил активен член на СКОЈ. Како таков тој бил во периодот на окупација затворан од фашистичката полиција. Кон народноослободителната војска на Југославија се приклучил на 10 јануари 1944 година. Бил борец во составот на Втората македонска бригада. Загинал на 20 мај 1944 година во селото Горни Дисан.[1]

Наводи уреди

  1. Милош Константинов, Тодорка Спанкова (1958). Зборник на паднатите борци во народноослободителната борба од битолската околија. Битола.