Чедомир Митевски
Чедомир Митевски (роден на 1 декември 1993 во Куманово) ― македонски глумец.
Чедомир Митевски | ||
Роден | 1 декември 1993 Куманово, Македонија | |
---|---|---|
Националност | Македонец | |
Народност | Македонец | |
Занимање | глумец |
Образование
уредиДипломирал актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје при универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје, во класата на професорот Зоја Бузалковска.
Улоги
уредиПретстави
уреди- 2013 година: Играл главна улога во „Аудиенција“.
- 2015 година: Играл повеќе ликови во детската претстава „Библија".
- 2016 година: Го играл ликот Џо Келер во „Сите мои синови“.
- 2016/17 година: Го играл ликот Аслаксен во „Народен непријател". Играл затворски чувар во „Системска грешка“ („System Error“)
- 2017 година: Играл главна улога во претставата „На погрешно место во погрешно време“ во Театар Куманово. Улогата на таткото во „Хадерсфилд“. Дадилка во „Елка кај Иванови“.
2018 година: Играл во улогите на Мајкл/Ричард во „The Big Chill“
- 2019 година: Главна улога во дипломската претстава „Бела болест“ и „Како се прави човек“.
Филмови
уреди- „Јас не сум Игор“, режија на Сергеј Георгиев, 2017,
- „Црни и криви“, режија на Марко Џамбазовски (дипломски филм), 2018,
- „Врба“, режија Милчо Манчевски, 2019,
- „Тајниот изум“, режија Дина Дума, 2022.
Телевизиски серии
уреди- „5+ фамилија“, ОХО продукција, 2015,
- „Преспав“, ОХО продукција, 2016,
- „Дајте музика“, продукција МТВ, 2019,
- „Куќен притвор“, ОХО продукција, 2022,
- „Бистра вода“, продукција Телевизија Алфа, 2023,
- "Утре Наутро", продукција Телевизија Алфа, 2025.