Даниел Крег (англиски: Daniel Craig; роден на 2 март 1968 година во Честер) е англиски глумец кој стекнал меѓународна слава глумејќи го тајниот агент Џејмс Бонд во 5 продолженија, почнувајќи од Казино Ројал (2006) до Нема време за умирање (2021).[1][2]

Даниел Крег
Даниел Крег во 2021
Роден(а)Даниел Вротон Крег
2 март 1968(1968-03-02)(56 г.)
Честер, Чешир, Англија
Алма матерШкола за музика и драма во Гилдхол
ЗанимањеГлумец
Сопружник
  • Фиона Лаудон (в. 1992; раз. 1994)
  • Рејчел Вајс (в. 2011)
Деца2
Потпис

Животопис

уреди

Даниел Раутон Крег е роден во Честер, Чешир на 2 март 1968 година. Во 1972 година, по разводот на неговите родители, Даниел и неговата постара сестра Леа останале со нивната мајка, и се преселиле прво во Ливерпул, а потоа во Хојлејк, каде што Макс Блонд, познат уметник, станал негов очув.

Крег почнал да глуми во училишни претстави на шестгодишна возраст. На 14-годишна возраст во 1982 година, имал улоги во Ромео и Јулија и Пепелашка во средното училиште Хилбре. Во 1984 година, бил примен во Националниот младински театар и се преселил во Лондон.

Кариера

уреди

1992–2005: Рани улоги и пробив

уреди
 
Крег со продуцентот Мајкл Г. Вилсон во јуни 2006 година, на снимањето на Казино Ројал

Својата актерска кариера ја започнал во 1992 година,[3] и глумел помали филмски улоги и во неколку серии. Во 1996 година, во драмската серија на БиБиСи Нашите пријатели на север Крег го глумел проблематичниот Џорџ „Џорди“ Пикок. Со улогата во оваа серија се смета дека Крег направил пробив на својата кариера во филмот.[4][5]

Вниманието на филмската јавност го привлекол со улогите во независната драма Љубов и бес;[6] биографската драма Елизабет, во која го глумел језуитскиот свештеник Џон Балард, кој бил погубен поради заговор да се убие кралицата Елизабета I од Англија[7][8] и телевизискиот филм на BBC Љубовта е ѓавол (1998), во кој Крег го глумел малолетниот крадец Џорџ Даер кој станува љубовник и муза на сликарот Френсис Бејкон.[9]

Крег во драмата Некои гласови (2000) глумел шизофреничар кој откако бил отпуштен од психијатриска болница се заљубува во една жена (ја игра Кели Мекдоналд).[10][11] Исто така во 2000 година, Крег заедно со Тони Колет глумел во мрачната комедија Хотел Сплендид и во Сонував за Африка, заснован на животот на Куки Галман (ја игра Ким Бејсингер).[12][13] Во Лара Крофт: Томб Рајдер (2001) Крег го глумел човекот во кого е заљубена Лара Крофт (во улога на Анџелина Џоли).[14] Подоцна признал дека ја прифатил улогата во слабо рецензираниот, но комерцијално успешен филм само заради пари.[15]

Во 2002 година, следел криминалниот филм „Пат до пропаста “ со Том Хенкс и Пол Њуман, во кој го глумел ирскиот мафијаш Конор Руни, син на шефот на криминалната организација.[16][17] Исто така го глумел германскиот теоретски физичар Вернер Хајзенберг во телевизиската драма на Би-Би-Си Копенхаген (2002), која прикажува како Хајзенберг бил вклучен во германскиот проект за јадрено оружје за време на Втората светска војна.[18][19] Во театарот „Ројал Корт“, во периодот од септември до ноември 2002 година, Крег глумел заедно со Мајкл Гамбон во оригиналната продукција на драмата „Број “ од Керил Черчил.[20][21] Крег бил номиниран за најдобар актер од London Evening Standard Theatre за неговата улога на човек кој е двапати клониран од неговиот татко.[22] Следната година, во биографскиот филм Силвија (2003) кој ја прикажува романсата меѓу двајцата поети; Даниел Крег го глумел поетот Тед Хјуз, а Гвинет Палтроу ја имала улогата на Силвија Плат.[23] Истата година, тој се појавил во филмот Мајка како човек кој се впушта во афера со многу постарата мајка (ја игра Ен Рид) на неговата љубовница и најдобра пријателка.[24][25]

Криминалистичкиот трилер Layer Cake, во режија на Метју Вон, го глуми Крег како неименуван снабдувач на кокаин од Лондон познат само како „XXXX“ во насловите на филмот.[26] Кевин Краст, пишувајќи за Лос Анџелес Тајмс, ја пофали „неверојатно пристојната изведба“ на Крег, додека Роџер Еберт мислеше дека тој е „фасцинантен“ во филмот.[27][28] Крег потоа глумеше како човек кого го демне странец (го игра Рис Ајфанс ) откако заедно беа сведоци на смртоносна несреќа во Enduring Love (2004).[29][30]

Крег се појавил во три театарски филмови во 2005 година; во сите имал споредна улога. Прво се појавил во трилерот Лудачка кошула со Адриен Броди и Кира Најтли во главните улоги.[31][32] Потоа во унгарскиот филм „Без судбина“ како наредник во војската на САД.[33][34] И конечно се појавил во Минхен, во режија на Стивен Спилберг, како јужноафрикански возач кој е дел од тајната израелска владина мисија за убиство на 11 Палестинци, наводно вмешани во минхенскиот масакр на Летните олимписки игри во 1972 година.[35][36] Исто така, во 2005 година, Крег глумел во телевизискиот филм на Би-Би-Си Архангел - заснован на романот на Роберт Харис - како англиски академик кој наоѓа тетратка за која се верува дека му припаѓала на Јосиф Сталин.[37][38]

2006–2021: Џејмс Бонд и светска слава

уреди
 
Крег на премиерата на филмот Трошка надеж во Њујорк во ноември 2008 година

Во 2005 година, Крег бил контактиран од Еон продукција за да го глуми Џејмс Бонд. На почетокот, не бил сигурен дали да ја прифати улогата. Крег е прв актер кој го глуми Џејмс Бонд, а кој е роден по почетокот на серијата за Бонд и по смртта на Ијан Флеминг, писателот на романите.

Кастингот на Крег како Бонд предизвикало контроверзии поради неговиот физички изглед. Некои обожаватели сметале дека русокосиот и 1,78 метри високиот Крег не одговара на ликот на повисокиот, темнокос Бонд глумен од претходните актери.[39] За време на снимањето имало интернет кампањи преку кои луѓето го изразувале своето незадоволство и се заканувале дека ќе го бојкотираат филмот во знак на протест.[40] Иако изборот на Крег бил контроверзен, многу актери јавно ја изразиле својата поддршка. Меѓу нив биле и четири од петте актери кои претходно го глумеле Бонд - Шон Конери, Роџер Мур, Пирс Броснан и Тимоти Далтон.[41][42]

Првиот филм, Казино Ројал, бил премиерно прикажан на 14 ноември 2006 година и заработил 594 239 066 американски долари , со што во тоа време станал филм за Бонд со најголема заработка.[43] По објавувањето на филмот, Крег добил признание од критичарите за неговата глума.[44][45] Покрај во Казино Ројал, Крег се појавил во два други филма во 2006 година: драмата Озлогласен како масовниот убиец Пери Едвард Смит и го позајмил гласот на главниот лик во англиската верзија на францускиот анимиран филм Ренесанса.[46][47][48] Во 2006 година, Крег бил поканет да се приклучи на Академијата за филмски уметности и науки.[49]

Во 2007, Крег заедно со Никол Кидман глумел во научно-фантастичниот хорор филм „Инвазија“, кој наишол на негативен прием.[50] Го глумел Лорд Азриел во Златен компас, филмска адаптација на романот од Филип Пулман.[51][52] Во 2008 година, покрај во Трошка надеж, Крег заедно со Емилија Фокс глумел во драмата „Сеќавањата на една будала“ (Flashbacks of a Fool); иако филмот бил негативно примен, изведбата на Крег била пофалена.[53][54] Во 2008 година, се појавил и во воениот филм Пркос (Defiance) во улога на Тувија Биелски, водачот на еврејските партизани во Белорусија за време на Втората светска војна.[55]

 
Восочна фигура на Крег како Џејмс Бонд во музејот Мадам Тисо во Лондон

Есента 2009 година во театарот Шенфелд на Бродвеј глумел заедно со Хју Џекмен во драмата „Постојан дожд “, за која добил позитивни критики.[56][57] Во август 2010 година, Крег го глумел новинарот Микаел Бломквист во Девојката со тетоважа на змеј.[58][59] Следната година, ја имал главната улога во Куќа од соништата, психолошки трилер во режија на Џим Шеридан, а во кој глумеле и Рејчел Вајс, Наоми Вотс и Мартон Чокас.[60] Имал претежно негативни критики и ниски приходи. Крег потоа заедно со Харисон Форд и Оливија Вајлд глумел во Каубојци и вонземјани, американски научно-фантастичен вестерн филм.[61][62] Истата година, Крег го позајмил својот глас во анимираниот филм на Стивен Спилберг „Авантурите на Тинтин“ (2011).[63][64]

Третиот филм за Бонд кој го глуми Крег требало премиерно да се прикаже на 19 април 2010 година но бил одложен поради финансиски проблеми; филмот со наслов Скајфол, на крајот бил објавен на 23 октомври 2012 година.[65][66][67] Истата година, го глумел Џејмс Бонд во краткиот филм <i id="mwAl8">Среќни и славни</i>, во кој ја придружувал кралицата Елизабета Втора на церемонијата на отворање на Летните олимписки игри 2012 година.[68][69] Од октомври 2013 до јануари 2014 година, тој и неговата сопруга Вајс глумеле во бродвејската претстава насловена Предавство.[70][71] Четвртиот филм за Бонд на Крег, Спектра, започнал со снимање во декември 2014 година и бил објавен на 26 октомври 2015 година. Неговите први четири филмови за Бонд заработиле 3,5 милијарди долари на светско ниво (по прилагодување со инфлацијата).[72]

Пред почетокот на Invictus игрите кои во септември 2014 година се одржале во Лондон, Крег заедно со други уметници и спортисти, во промотивно видео ја прочитал песната „Invictus“.[73] Незабележано се појавувил во филмот од 2015 година Војна на ѕвездите: Моќта се буди.[74][75] Крег во Театарската работилница Оф-Бродвеј во Њујорк кон крајот на 2016 и почетокот на 2017 година глумел во современата продукција на трагедијата од Вилијам Шекспир - Отело. Крег го глумел главниот антагонист, Јаго.[76] Во 2017 година, Крег глумел во комедијата од Стивен Содерберг, Логан Лаки, во кој двајца браќа вршат грабеж за време на трката НАСКАР.[77][78] Во 1992 година Крег заедно со Хали Бери глумел во драмата „Кралеви“ кој премиерно бил прикажан во септември 2017 година.[79]

Во 2019 година, Крег глумел во црната комедија од Ријан Џонсон Нож во грб.[80] Премиерно бил прикажан на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто во 2019 година и добил пофалби од критичарите.[81][82][83] Неговиот петти филм за Џејмс Бонд Нема време за умирање требало да го режира Дени Бојл и да биде објавен во ноември 2019 година, но бил одложен откако Бојл го напуштил проектот.[84]  На крајот филмот го режирал Кери Џоџи Фукунага, а кино премиерата била на 30 септември 2021 година, бидејќи неколку пати бил одложуван поради COVID-19 пандемијата.[85][86]

Во вечерните емисии на Стивен Колберт и Греам Нортон, Крег рекол дека Нема време за умирање ќе биде негов последен филм за Џејмс Бонд.[87] Два дена пред прикажувањето на филмот во САД, на Крег му била доделена ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд, која се наоѓа на булеварот Холивуд 7007 (се однесува на кодот на Бонд „007“), и покрај ѕвездата на друг глумец на Бонд, актерот Роџер Мур.[88]

2022–денес

уреди

Во 2022 година, Крег на Бродвеј заедно со Рут Нега глумел во современата верзија на Макбет.

Крег исто така глумел и во Стаклен кромид, продолжение на Нож во грб.[89] Наводно потпишал и за трет филм кој повторно ќе го режира Ријан Џонсон.[90]

Филмографија

уреди

Филм

уреди
Година Македонски наслов Англиски наслов Улога Notes Ref.
1992 Моќта на поединецот The Power of One Наредник Бота
1995 A Kid in King Arthur's Court Господар Кејн
1997 Опсесија Obsession Џон Макхејл
1998 Љубов и бес Love and Rage James Lynchehaun
Елизабет Elizabeth Џон Балард
Љубовта е ѓавол Love Is the Devil: Study for a Portrait of Francis Bacon Џорџ Дајер
1999 Ров The Trench наредник Телфорд Винтер
2000 Some Voices Ray
Хотел Сплендид Hotel Splendide Роналд Бланш
I Dreamed of Africa Деклан Филдинг
2001 Lara Croft: Tomb Raider Алекс Вест
2002 Ten Minutes Older: The Cello Сесил Томас
Road to Perdition Конор Руни
Occasional, Strong Џим Краток филм
2003 Силвија Sylvia Тед Хјуз
Мајка The Mother Дарен
2004 Layer Cake XXXX
Enduring Love Џо
2005 Лудачка кошула The Jacket Руди Макензи
Fateless Американски војник
Минхен Munich Стив
2006 Ренесанса Renaissance Бартелеми Карас Глас
Озогласен Infamous Пери Смит
Казино Ројал Casino Royale Џејмс Бонд
2007 Инвазија The Invasion Бен Дрискол
Златен Компас The Golden Compass Лорд Азриел
2008 Flashbacks of a Fool Џо Скот Исто и извршен продуцент
Трошка надеж Quantum of Solace Џејмс Бонд
Defiance Тувија Белски
How to Lose Friends &amp; Alienate People Даниел Крег Cameo
2011 One Life Раскажувач Документарен
Cowboys &amp; Aliens Џејк Лонерган
Куќа од соништата Dream House Вил Атентон / Питер Вард
Авантурите на Тинтин The Adventures of Tintin Сахарин/Ред Ракам глас и движење
The Girl with the Dragon Tattoo Микаел Бломквист
The Organ Grinder's Monkey Баблс Краток филм
2012 Happy &amp; Glorious Џејмс Бонд Краток филм
Skyfall Џејмс Бонд
2015 Spectre Џејмс Бонд исто и копродуцент
Војна на ѕвездите: Моќта се буди Star Wars: The Force Awakens Стормтрупер ФН-1824 Непотпишан камео [91]
2017 Logan Lucky Џо Бенг
Kings Оби Хардисон
2019 Knives Out Детектив Беноа Блан
2021 Нема време за умирање No Time to Die James Bond Исто и копродуцент
2022 Glass Onion: A Knives Out Mystery Detective Benoit Blanc

Телевизија

уреди
година Наслов Улога Белешки
1992 година Англосаксонски ставови Гилберт Стоксеј 3 епизоди
Благодат Џим Пархам 1 епизода
Ковингтон крст Чувар на патеката 1 епизода
1993 година Зоро Поручник Идалго 2 епизоди
Спушти го мртвото магаре Поправи Епизода: „Џорџ и неговата ќерка“
Хрониките на младиот Индијана Џонс Шилер Епизода: „Палестина, октомври 1917 година“
Помеѓу линиите Џо Ренс Епизода: „Нов поредок“
Отчукување на срцето Питер Бег Епизода: „Луден прием“
Екран два поручник Гут Епизода: „Џингис Кон“
Орелот на Шарп поручник Бери Телевизиски филм
1996 година Нашите пријатели на север Георди Паун 8 епизоди
Приказни од криптата Бери Епизода: „Smoke Wrings“
Сен-Екс Гијомет Телевизиски филм
Бакни и кажи Мет Керни Телевизиски филм
Среќата и несреќите на Мол Фландрија Џејмс „Џеми“ Сигрејв Телевизиски филм
1997 година Гладот Џери Причард Епизода: „Ménage à Trois“
Ледената куќа ДС Енди Меклафлин Телевизиски филм
1999 година Шокери: Посетителот Ричард Телевизиски филм
2001 година Меч на честа Гај Краучбек Телевизиски филм
2002 година Копенхаген Вернер Хајзенберг Телевизиски филм
2005 година Архангел Проф. Флук Келсо Телевизиски филм
2012 година; 2020–2021 година Сабота вечер во живо Самиот (домаќин) / разни / камео 3 епизоди
2017 година Другар детектив отец Антон Стреза Глас; 2 епизоди

Театар

уреди
година Наслов Улога Театар
1993 година Ангели во Америка Џо Пит Кралскиот национален театар



</br> Лондон
1994 година Роверот Тапи Женска игротека доверба



</br> Лондон
Les Grandes Horizontales Национално театарско студио



</br> Лондон
1997 година Харлиберли Мики Стариот Вик



</br> Лондон
2002 година Број Бернард 1



</br> Бернард 2



</br> Мајкл Блек
Кралскиот двор



</br> Лондон
2009 година Постојан дожд Џои Театар Џералд Шенфелд



</br> Њујорк
2013 година Предавство Роберт Театар Етел Баримор



</br> Њујорк
2016 година Отело Јаго Њујоршка театарска работилница



</br> Њујорк
2022 година Магбет Магбет Театар Лонгакре



</br> Њујорк
[92]



</br> [93]

Видео игри

уреди
година Наслов Гласовна улога
2008 година 007: Трошка надеж Џејмс Бонд
2010 година Златно око 007 Џејмс Бонд
Џејмс Бонд 007: Крвниот камен Џејмс Бонд
2015 година Џејмс Бонд: Светот на шпионажата Џејмс Бонд

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди
  1. Hoyle, Ben (15 November 2006). 'Best Bond ever' vanquishes his greatest foe – the critics“. The Times. UK. Архивирано од изворникот на 2007-02-24. Посетено на 15 November 2006.
  2. Gant, Charles (5 December 2012). „Skyfall windfall is UK box office's biggest ever“. The Guardian. London. Архивирано од изворникот на 1 January 2013. Посетено на 2 October 2015.
  3. Doherty, Megan (29 May 2019). „Remembering Bryce Courtenay, 30 Years after The Power of One Novel“. The Canberra Times, Australia. Посетено на 18 January 2021.
  4. Raphael, Amy (18 September 2010). „Our Friends In The North made a star of Daniel Craig but almost wasn't made“. The Guardian. Архивирано од изворникот на 17 February 2018. Посетено на 16 February 2018.
  5. Knight, Sam (9 March 2020). „Heart of An Assassin: How Daniel Craig Changed James Bond Forever“. GQ. Архивирано од изворникот на 9 March 2020. Посетено на 10 March 2020.
  6. Cockrell, Eddie (4 October 1999). „Love & Rage“. Variety. Архивирано од изворникот на 17 February 2018. Посетено на 16 February 2018.
  7. Празен навод (help)
  8. Robey, Tim (21 October 2015). „Beyond Bond: Daniel Craig's best roles“. The Daily Telegraph. Архивирано од изворникот на 3 January 2021. Посетено на 16 February 2018.
  9. Rooney, David (25 May 1998). Love Is the Devil – Study for a Portrait of Francis Bacon. Variety. Архивирано од изворникот на 17 February 2018. Посетено на 16 February 2018.
  10. Bradshaw, Peter (25 August 2000). „Some Voices“. The Guardian. Архивирано од изворникот на 17 February 2018. Посетено на 16 February 2018.
  11. Thomson, Michael (22 August 2000). „Some Voices“. BBC. Посетено на 20 January 2021.
  12. Thomson, Michael (19 September 2000). „Hotel Splendide (2000)“. BBC. Архивирано од изворникот на 3 January 2021. Посетено на 16 February 2018.
  13. Holden, Stephen (5 May 2000). 'I Dreamed of Africa': Art Doesn't Grow on Trees. Or Does It?“. The New York Times. Посетено на 20 January 2021.
  14. Mitchell, Elvis (15 June 2001). „Hey, Guys, Wanna See A Babe Swing a Bungee?“. The New York Times. Посетено на 20 January 2021.
  15. Beresford, Jack (5 January 2018). „16 Things Fans Never Knew About Angelina Jolie's Disastrous Tomb Raider Movies“. Screen Rant. Архивирано од изворникот на 17 February 2018. Посетено на 16 February 2018.
  16. Ebert, Roger (12 July 2002). „Road to Perdition“. Chicago Sun-Times. Архивирано од изворникот на 15 July 2014. Посетено на 16 February 2018.
  17. Holden, Stephen (July 2002). „Road to Perdition: A Hell for Fathers and Sons“. The New York Times. Посетено на 18 January 2021.
  18. Vallely, Paul (14 October 2005). „Daniel Craig: Rough cut“. The Independent. Архивирано од изворникот на 17 February 2018. Посетено на 16 February 2018.
  19. Winn, Steven (28 September 2002). „Miscasting, TV Adaptation Inhibit 'Copenhagen' Drama“. San Francisco Gate. Посетено на 20 January 2021.
  20. Gardner, Lyn (27 September 2002). „A Number“. The Guardian. Архивирано од изворникот на 22 February 2018. Посетено на 22 February 2018.
  21. Nightingale, Benedict (10 November 2002). „Theater; An Imagination That Pulls Everyone Else Along“. The New York Times. Посетено на 20 January 2021.
  22. „Evening Standard Theatre Awards 2002 shortlist“. London Evening Standard. 13 November 2002. Архивирано од изворникот на 23 February 2018. Посетено на 22 February 2018.
  23. Scott, A. O. (17 October 2003). „A Poet's Death, A Death's Poetry“. The New York Times. Архивирано од изворникот на 15 October 2017. Посетено на 16 February 2018.
  24. Bradshaw, Peter (14 November 2003). „Film of the week: The Mother“. The Guardian. Архивирано од изворникот на 17 February 2018. Посетено на 16 February 2018.
  25. Holden, Stephen (28 May 2004). „Trying to Sidestep Old Age With a Brisk Leap Into Bed“. The New York Times. Посетено на 20 January 2021.
  26. Dargis, Manohla (13 May 2005). „Derailing a Drug Dealer's Retirement“. The New York Times. Посетено на 20 January 2021.
  27. Crust, Kevin (13 May 2005). „Cast, writing keep 'Layer Cake' fresh“. Los Angeles Times. Архивирано од изворникот на 3 January 2021. Посетено на 16 February 2018.
  28. Ebert, Roger (19 May 2005). „Layer Cake“. Chicago Sun-Times. Архивирано од изворникот на 17 February 2018. Посетено на 16 February 2018.
  29. Bradshaw, Peter (26 November 2004). „Enduring Love“. The Guardian. Архивирано од изворникот на 17 February 2018. Посетено на 16 February 2018.
  30. Dargis, Manohla (29 October 2004). „He Loves Him, Him Loves Her, Her Loves Herself“. The New York Times. Посетено на 20 January 2021.
  31. Schager, Nick (3 March 2005). „The Jacket“. Slant Magazine. Архивирано од изворникот на 17 February 2018. Посетено на 16 February 2018.
  32. Scott, A. O. (4 March 2005). „A Gulf War Veteran Who Is Abused With Drugs, Restraints and Overacting“. The New York Times. Посетено на 20 January 2021.
  33. Bradshaw, Peter (5 May 2006). „Fateless“. The Guardian. Архивирано од изворникот на 17 February 2018. Посетено на 16 February 2018.
  34. Scott, A. O. (6 January 2006). „Finding the Beauty in a Boy's Days of Horror“. The New York Times. Посетено на 20 January 2021.
  35. Ascherson, Neal (15 January 2006). „A master and the myths of Munich“. The Guardian. Архивирано од изворникот на 17 February 2018. Посетено на 16 February 2018.
  36. Dargis, Manohla (23 December 2005). „An Action Film About the Need to Talk“. The New York Times. Посетено на 20 January 2021.
  37. Falk, Quentin (18 March 2005). „The don who came in from the cold“. The Daily Telegraph. Архивирано од изворникот на 3 January 2021. Посетено на 22 February 2018.
  38. McNamera, Mary (31 October 2008). 'Archangel' Intrigue on High“. Los Angeles Times. Посетено на 20 January 2021.
  39. La Monica, Paul R. (6 November 2006). „Blond, James Blond“. CNN. Архивирано од изворникот на 3 January 2021. Посетено на 2 April 2007.
  40. „Anti-Bond protests“. Moono. Архивирано од изворникот на 19 March 2007. Посетено на 3 April 2007.
  41. „Connery supports latest 007“. Irish Examiner. Архивирано од изворникот на 3 January 2021. Посетено на 3 July 2020.
  42. Medley, Mark (14 September 2006). „Pierce Brosnan answers“. The Globe and Mail. Toronto. Архивирано од изворникот на 3 January 2021. Посетено на 18 September 2017.
  43. „Casino Royale box office results“. Box Office Mojo. Архивирано од изворникот на 18 June 2009. Посетено на 4 January 2008.
  44. Dargis, Manohla (17 November 2006). „Renewing a License to Kill and a Huge Movie Franchise“. The New York Times. Посетено на 18 January 2021.
  45. Lyall, Sarah (17 November 2006). „New Bond“. The New York Times. Архивирано од изворникот на 4 June 2011. Посетено на 25 January 2011.
  46. Scott, A. O. (13 October 2006). „Truman Capote's Journey on In Cold Blood, Again“. The New York Times. Посетено на 20 January 2021.
  47. Gritten, David (5 January 2007). „You wait years for a good Capote film, then two come along at once“. The Daily Telegraph. Архивирано од изворникот на 17 February 2018. Посетено на 16 February 2018.
  48. Holden, Stephen (22 September 2006). „Even in a Place Like Paris, It's Not Good to Live Forever“. The New York Times. Архивирано од изворникот на 17 February 2018. Посетено на 16 February 2018.
  49. Academy of Motion Picture Arts and Sciences. "Academy Invites 115 to Become Members". Соопштение за печат.
  50. Ebert, Roger (16 August 2007). „The Invasion“. Chicago Sun-Times. Архивирано од изворникот на 17 February 2018. Посетено на 16 February 2018.
  51. „Craig lands role in Pullman film“. BBC News. 18 August 2006. Архивирано од изворникот на 21 August 2006. Посетено на 19 August 2006.
  52. Dargis, Manohla (7 December 2007). „Bless the Beasts and Children“. The New York Times. Посетено на 20 January 2021.
  53. Scott, A. O. (13 November 2008). „007 Is Back, and He's Brooding“. The New York Times. Посетено на 18 January 2021.
  54. Catsoulis, Jeannette (16 October 2008). „Scot. Joe Scot“. The New York Times. Посетено на 18 January 2021.
  55. „Voices on Antisemitism interview with Daniel Craig“. United States Holocaust Memorial Museum. 12 March 2009. Архивирано од изворникот на 5 May 2012.
  56. Broadway Cares staff (10 December 2009). „Jackman and Craig Raise $1.5 Million, Shattering All BC/EFA Records“. Broadway Cares. Посетено на 20 January 2021.
  57. Brantley, Ben (29 September 2009). „Daniel Craig and Hugh Jackman on a Sentimental Journey“. The New York Times. ISSN 0362-4331. Архивирано од изворникот на 30 September 2015. Посетено на 13 November 2015.
  58. Fleming, Mike (26 July 2010). „Daniel Craig Closes Deal For 'The Girl with the Dragon Tattoo'. Deadline Hollywood. New York. Архивирано од изворникот на 3 January 2021. Посетено на 26 November 2006.
  59. Scott, A. O. (19 December 2011). „Tattooed Heroine Metes Out Slick, Punitive Violence“. The New York Times. Посетено на 20 January 2021.
  60. Catsoulis, Jeannette (30 September 2011). „Moving Out of New York Is Just a Bad Idea“. The New York Times. Посетено на 20 January 2021.
  61. Cieply, Michael (29 November 2010). „Question for Big Film: It's Not a Comedy?“. The New York Times. Посетено на 22 January 2021.
  62. „It Books and Platinum Studios Announce "Cowboys & Aliens" Graphic Novel Paperback Edition on Stands 28 June 2011“. Marketwire.com. 1 June 2011. Архивирано од изворникот на 7 August 2013. Посетено на 13 July 2013.
  63. Reynolds, Simon (17 October 2011). 'Adventures of Tintin': 10 teasers for Steven Spielberg's blockbuster“. Digital Spy. Посетено на 20 February 2018.
  64. Edelstein, David (21 December 2011). „The Adventures of Tintin“. New York. Посетено на 20 January 2021.
  65. Taylor, Sophie (20 April 2010). „Daniel Craig's Bond film put on hold indefinitely“. The First Post. Посетено на 12 September 2010.[мртва врска]
  66. „Daniel Craig signs up for two more Bond movies“. New York Post. 8 September 2012. Посетено на 13 July 2013.
  67. Masters, Tim (24 October 2012). „Skyfall Premiere is Biggest and Best“. BBC. Посетено на 18 January 2021.
  68. Brown, Nicholas (27 July 2012). „How James Bond whisked the Queen to the Olympics“. BBC. Посетено на 22 January 2021.
  69. Olympic Talk (29 October 2019). „Queen Elizabeth Wanted Speaking Role With James Bond in Olympic Skit“. NBC. Посетено на 22 January 2021.
  70. „Daniel Craig Heads Back To Broadway With 'Betrayal'. NPR. 18 September 2013. Архивирано од изворникот на 9 November 2013. Посетено на 26 September 2013.
  71. Cox, Gordon (5 April 2013). „Daniel Craig, Rachel Weisz to Star in Broadway 'Betrayal'. Variety. Архивирано од изворникот на 13 November 2013. Посетено на 26 September 2013.
  72. Barnes, Brooks (20 April 2017). „Five Studios' Mission: Winning the Distribution Rights to James Bond“. The New York Times. Архивирано од изворникот на 20 April 2017. Посетено на 21 April 2017.
  73. „When are Prince Harry's Invictus Games and what are they?“. The Daily Telegraph. 8 May 2016. Архивирано од изворникот на 3 January 2021. Посетено на 9 May 2016.
  74. Празен навод (help)
  75. Schmidt, J.K. (11 September 2017). „Daniel Craig Reveals How He Got Involved In 'Star Wars: The Force Awakens'. ComicBook.com. Посетено на 21 January 2021.
  76. Snyder, Diane (13 December 2016). „Othello, New York Theatre Workshop, review: 'Daniel Craig chills the blood, David Oyelowo arouses the passions'. The Daily Telegraph. Архивирано од изворникот на 3 January 2021. Посетено на 1 March 2018.
  77. Busch, Anita (26 May 2016). „Daniel Craig And Katherine Heigl Finalizing Deals To Join Steven Soderbergh's Logan Lucky As James Bond News Surfaces“. Deadline Hollywood. Архивирано од изворникот на 3 January 2021. Посетено на 8 January 2017.
  78. Scott, A. O. (16 August 2017). „Review: Logan Lucky: Steven Soderbergh and His Motley Band of Thieves“. The New York Times. Посетено на 18 January 2021.
  79. Bradshaw, Peter (14 September 2017). „Kings review – Halle Berry and Daniel Craig fail to ignite baffling LA riots drama“. The Guardian. Архивирано од изворникот на 3 January 2021. Посетено на 20 February 2018.
  80. McNary, Dave (4 September 2018). „Daniel Craig to Star in Rian Johnson's New Film“. Архивирано од изворникот на 3 January 2021. Посетено на 2 July 2019.
  81. Oleksinski, Johnny (25 November 2019). 'Knives Out' Review: Daniel Craig and Cast Have a Blast“. New York Post. Посетено на 18 January 2021.
  82. Dargis, Manohla (26 November 2019). 'Knives Out' Review: Murder Most Clever“. The New York Times. Посетено на 18 January 2021.
  83. McNary, Dave (13 December 2018). „Rian Johnson's Murder Mystery 'Knives Out,' Starring Daniel Craig, Set for Thanksgiving Release“. Архивирано од изворникот на 3 January 2021. Посетено на 2 July 2019.
  84. Couch, Aaron (21 August 2018). „Danny Boyle Exits Next James Bond Film as Director“. The Hollywood Reporter. Архивирано од изворникот на 16 November 2018. Посетено на 26 August 2018.
  85. Lang, Brent (4 March 2020). „James Bond Sequel 'No Time to Die' Postponed Due to Coronavirus Outbreak“. Variety. Посетено на 4 March 2020.
  86. „James Bond: 'No Time To Die' Release Date Delayed to Fall“. The Hollywood Reporter. 21 January 2021. Посетено на 22 January 2021.
  87. Празен навод (help)
  88. Serjeant, Jill (7 October 2021). „Goodbye Bond, hello Walk of Fame star for Daniel Craig“. Reuters. Посетено на 7 October 2021.
  89. Bradshaw, Peter (23 November 2022). „Glass Onion: A Knives Out Mystery review – Daniel Craig's drawling detective is back“. The Guardian. Посетено на 25 November 2022.
  90. Klawans, Justin (23 November 2022). „Rian Johnson Planning to Write 'Knives Out 3' After New Year's“. Collider. Посетено на 25 November 2022.
  91. McPherson, Christopher (December 22, 2022). „Daniel Craig on Wearing That "F*cking Stormtrooper Suit" in 'Star Wars: The Force Awakens'. Collider (англиски). Посетено на December 28, 2022.
  92. Paulson, Michael (29 September 2021). „Done With Bond, Daniel Craig Will Play Macbeth on Broadway“. The New York Times (англиски). Архивирано од изворникот на 28 December 2021. Посетено на 28 December 2022.
  93. Rabinowitz, Chloe (16 December 2021). „MACBETH Starring Daniel Craig & Ruth Negga Will Now Open at the Longacre Theatre“. Broadway World (англиски). Посетено на 28 December 2022.