Кира Најтли
Кира Кристина Најтли (родена 26 март 1985) е англиска глумица.[3]
Кира Најтли | |
---|---|
Најтли на 68. издание на филмскиот фестивал во Венеција, септември 2011 | |
Роден(а) | Кира Кристина Најтли[1] 26 март 1985[2] Тедингтон, Лондон, ВБ |
Националност | Обединето Кралство |
Занимање | глумица |
Активен период | 1993–сè уште. |
Сопружник | Џејмс Рајтон (во брак од 2013) |
Родители |
|
Животопис
уредиКира Најтли е родена на 26 март 1985 година. Како што самата истакнала во интервју за британското „Радио 4“, на шестгодишна возраст ѝ била дијагностицирана дислексија, која ѝ помогнала да стане глумица, бидејќи родителите ѝ се заканиле дека нема да ѝ дозволат да глуми, ако не ги совлада проблемите со читањето и пишувањето.[4] Кира Најтли има постар брат, Кејлеб. Според нејзиното признание, како тинејџерка, таа била многу сериозна и не била премногу задоволна од животот додека не наполнила 25 години.[5]
Во 2006 година, Кира Најтли и Скарлет Јохансон се сликале голи, покрај облечениот дизајнер Том Форд, за насловната страница на „Венити фер (Vanity Fair)“, со цел да го истакнат различниот третман на машката и женската сексуалност во шоу-бизнисот. Во 2014 година, таа повторно се сликала со голо торзо за магазинот „Интервју“, под услов фотографиите да не бидат компјутерски поправани.[5]
Во мај 2013 година, Кира се омажила за Џејмс Рајтон, клавијатуристот и пејачот на групата „Клаксонс“, а свадбата се одржала во местото Мазан, во јужна Франција.[5]
Кариера
уредиКариерата на Најтли започнала рано, делумно поради тоа што татко ѝ бил глумец, а мајка ѝ била драматург. Најтли започнала да глуми уште како дете, во телевизиските филмови „Оливер Твист“ и „Трагачи по богатство“, на шестгодишна возраст веќе имала свој агент, а својата прва филмска улога ја имала во 1995 година.[5] Таа ја играла споредната улога на Сабе во Војна на ѕвездите Епизода 1: Фантомската закана (1999), а потоа имала значителна улога во филмот Јама (2001). Таа добила големо признание во 2002 година, откако ја играла главната улога во филмот Играј како Бекам, а меѓународна слава постигнала во 2003 година, со улогата на Елизабет Свон во филмскиот серијал Пиратите од Карибите.
Освен во филмовите Пиратите од Карибите, Најтли станала позната по своите филмски остварувања во драмите,[6][7] како: Гордост и предрасуди (2005), Покајание (2007), Свила (2007), Војвотката (2008), Опасен метод (2011), и Ана Каренина (2012). Најтли исто така се појавила во најразлични жанрови во холивудските филмови, како: романтичната комедија Всушност љубов (2003), историскиот Кралот Артур (2004), психолошкиот трилер Лудачка кошула (2005), биографскиот Домино (2005), историската драма На работ на љубовта (2008), ноарот Лондонски булевар (2010), дистопската научна фантастика Никогаш не ме пуштај (2010), романтичната драма Минатата ноќ (2010), и комедијата Барајќи пријател за крајот на светот (2012).
Најтли заработила номинации за „Оскар“ и за Златен глобус категоријата „најдобра глумица“, за улогата на Елизабет Бенет во филмската адаптација на Џо Рајт на романот Гордост и предрасуди од писателката Џејн Остин. Две години подоцна, Најтли повторно добила номинација за „Златен глобус“ за најдобра глумица, како и номинација за наградите на БАФТА, за нејзината улога во филмот Покајание. На својот список во 2008 година, магазинот Форбс ја утврдил Најтли како втора највисоко платена глумица во Холивуд, со пријавени приходи од 32 милиони долари во 2007 година, правејќи ја единствената не-Американка на списокот највисоко платени глумици во таа година.[8][9][10]
Наводи
уреди- ↑ „Keria Knightley –“. Biography Today. Omnigraphics, Inc. 16 (2): 82. 2007. ISSN 1058-2347.
- ↑ „Monitor“. Entertainment Weekly (1252): 30. Mar 29, 2013.CS1-одржување: датум и година (link)
- ↑ Foley, Jack. „The Jacket – Keira Knightley Q&A“. IndieLondon. Посетено на 25 August 2008.
- ↑ „Кира Најтли: Дислексијата ми помогна да станам глумица“, Дневник, година XVIII, број 5607, понеделник, 3 ноември 2014, стр. 21.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 5,3 Наташа Спирова, „Се соблеков, но одбив фотошоп“, Антена, број 856, 21.11.2014, стр. 6-7.
- ↑ Brown, Mark (2 September 2011). „Venice film festival 2011: Keira Knightley talks costume drama“. The Guardian. Посетено на 5 July 2012.
- ↑ „Keira Knightley loves period films, hates corsets“. MSNBC. 16 September 2008. Архивирано од изворникот на 2012-11-19. Посетено на 5 July 2012.
- ↑ The Press Association (24 July 2008). „Diaz top earning Hollywood actress“. Somerset County Gazette. Архивирано од изворникот на 2008-12-02. Посетено на 20 October 2008.
- ↑ Elsworth, Catherine (24 July 2008). „Keira Knightley is highest earning British Hollywood star on Forbes list“. The Telegraph. London. Посетено на 20 October 2008.
- ↑ Jen, McDonnell (11 September 2008). „Will Smith, Mike Myers highest earners“. The Gazette. Архивирано од изворникот на 2009-03-15. Посетено на 20 October 2008.
Надворешни врски
уреди„Кира Најтли“ на Ризницата ? |
- Кира Најтли на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- Кира Најтли на People.com (англиски)
- Кира Најтли на Charlie Rose
- Дела од или за Кира Најтли во разни библиотеки (каталог WorldCat) (англиски)