Хали Марија Бери (анг.Halle Maria Berry) е афроамериканска глумица родена на 14 август 1966 година во Кливленд, Охајо (САД). Најпозната е по улогите Ороро Манро / Сторм, во трилогијата X-men и Бондовата девојка во филмот „Умри друг ден“.

Хали Бери
Хали Бери во 2017 година
Роден(а)Хали Марија Бери
14 август 1966(1966-08-14)(58 г.)
Кливленд, Охајо, САД
ЗанимањеГлумица
Активен период1990 –денес
СопружникДејвид Џастис (1992—1996)
Ерик Бенет (2001—2005)

Животопис

уреди

Хали Бери е родена во Кливленд, Охајо (САД) на 14 август 1966 година во брак од англичанка со афроамериканец. Родителите и се развеле кога имала четири години, а таа продолжила да живее со мајка и.

Бери била многу популарна во Средното училиште Бедфорд, бидејќи била водич на навивачки женски тим, почесен училиштен член, уредник на училишниот весник, претседател на одделение и кралица на матурата. Пред да почне да се занимава со глума била на различни натпревари за убавина, била прва на Мис Охајо, прва на Miss Teen All-American, втора на Мис САД и шеста на Мис на свет 1986 година.

Во доцните осумдесетти оди во Чикаго да се занимава со глума и мода. Една од нејзините први улоги била во ТВ серијата Chicago Force. Подоцна игра во уште неколку ТВ серии, а потоа добива улоги и во филмови. Нејзините први филмови биле: Jungle Fever (1991), Strictly Business (1991), The Last Boy Scout (1991) и Бумеранг во кој глумела со Еди Марфи. После тоа игра во се попознати филмови како што се: Executive Decision, во трите серијали Икс луѓе (X-Men, X2: X-Men United, X-Men: The Last Stand), Умри друг ден, Готика (филм), Жена-мачка (филм) и Бал на монструми, за кој добила Оскар како најдобра главна глумица (таа е единствена афроамериканка која ја добила оваа награда).

Приватен живот

уреди

Бери се мажела двапати, првпат во 1992 година за бејзбол играчот Дејвид Џастис, а вторпат во 2001 година за музичарот Ерик Бенет.

Награди

уреди

Надворешни врски

уреди