Антагонист
Антагонист (грчки: ανταγωνιστής — антагонистес, „противник, конкурент, соперник“[1][2]) — лик, група од ликови или институција кои создаваат работи спротивни од тие на протагонистот поради кои протагонистот наоѓа начин да ги запре. Со други зборови, 'човек или група луѓе кои му се спротивставуваат на главниот лик или главните ликови.'[3] Во класичниот стил на приказна каде дејството е борба помеѓу херој и злобник, тогаш двајцата може да бидат проценети како протагонист и антагонист, соодветно.[4] Наспроти народното верување, антагонистот не е секогаш злобник, туку едноставно оној кој му се спортиставува на протагонистот. Писателите имаат направено и посложени ситуации. Во некои случаии, приказната е раскажувана од гледна точка на злобникот и затоа секој херој кој се обидува да го запре злобникот е всушност антагонистот во приказната. Таквиот вид на антагонисти најчесто се полицајците или други официјални лица што работат во полицијата. Понекогаш, протагонистите и антагонистите можат да се сооединат, зависејќи од тоа кои цели се сметаат за нивни основни.
Во филмот K-19: The Widowmaker, американски филм за екипажот на една подморница на СССР за време на една студена војна, екипажот, непријателите на САД, се сметаат за протагонисти, создавајќи некој вид парадокс — бидејќи многу често американската филмска индустрија е насочена да секогаш САД се луѓето што се борат за „доброто“ и „правдата“, во спротивно од Русија (особено поранешниот Советски Сојуз), кои се секогаш антагонистите и тие кои имаат манијачки и/или злонамерни намери (пример: доминација во светот).
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Antagonistes, Henry George Liddell, Robert Scott, A Greek-English Lexicon, at Perseus
- ↑ Online Etymology Dictionary
- ↑ About.com, Literature: Contemporary "Antagonist." Online. October 18, 2007.
- ↑ „The Elements of Literature“. Архивирано од изворникот на 2008-12-18. Посетено на 2021-08-11.