Грамада
Грамада (бугарски: Грамада) — гратче во северозападна Бугарија, , административен центар на општината Грамада во Видинската Oбласт. Има население од околу 1,236 жители (2022).[1]
Грамада Грамада | |
---|---|
град | |
Местоположба на Грамада во Бугарија | |
Координати: 43°50′5.25″N 22°39′39.77″E / 43.8347917° СГШ; 22.6610472° ИГД | |
Земја | Бугарија |
Област | Видин |
Општина | Грамада |
Управа | |
• Градоначалник | Милчо Башев (НА, Волја) |
Површина | |
• Вкупна | 65,807 км2 (25,408 ми2) |
Надм. вис. | 230 м |
Население (2022) | |
• Вкупно | 1,236 |
• Густина | 19/км2 (49/ми2) |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
поштенски код | 3830 |
Повик. бр. | +359 09337 |
Мреж. место | obshtina-gramada.com |
Географија и местоположба
уредиСе наоѓа во западниот дел на Дунавската Рамнина, на 30 километри од Видин и на 200 километри од Софија. Гратчето е сместено на двата брега на Грамадска Река.
Општина
уредиОпштина Грамада има површина од 184 км², а сочинета е од следниве населени места:
Општината е сместена во рамнина, а низ неа поминуваат реките Видбол, Корманица, Грамадска и Јасова Бара. Главна дејност е земјоделството, особено пченица, овошје и зеленчук и винарство.
Знаменитости
уредиИсточно од Грамада се наоѓа Видинскиот трансмитер, моќна станица која емитува средни радиобранови, пуштена во употреба во 1973 година. Нејзините сигнали лесно може да се пренесат низ цела Европа.
Чест
уредиЛедникот Грамада на антарктичкиот остров Смит сместен во Јужните шетландски острови е именуван по Грамада.
Наводи
уреди- ↑ Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.
Надворешни врски
уредиСтраница за општина Грамада (бугарски)