Голем македонски собор

Големиот македонски собор — првиот општ конгрес на сите македонски организации во Бугарија, на кој за првпат јавно е прокламирана новата крајна цел на македонското револуционерно ослободително движење - Независна Македонија, меѓутоа согласно погледите на организаторите. Соборот бил организиран од михајловистичкото крило во Внатрешната македонска револуционерна организација и од Националниот комитет на Сојузот на македонските емигрантски организации. Големот македонски собор се одржал на 12 февруари 1933 година во градот Горна Џумаја, Пиринска Македонија, Бугарија. Претставувал обид за прв заеднички собор на сите македонски организации, но реално во него зеле учество само ВМРО на Ванчо Михајлов и организациите под нејзино влијание, сите други организации и здруженија од спротивното течение на македонското движење, како левите македонски сили, протоѓеровистите и ВМРО (Обединета) не учествувале во работата на соборот.

Порта од соборот со натпис „Македонци, потпирајте се претежно на себе“

Подготовка

уреди

Делегати

уреди
 
Учесници во Големиот македонски собор

Покрај претставниците на Иван Михајлов и Сојузот на македонските братства, свои делегати испратиле: Илинденската организација, Македонскиот женски сојуз, Македонскиот студенски сојуз, Сојузот на македонските младински организации, Македонскиот научен институт, Македонската парламентарна група како и претставници на селските и градски општини од Пиринска Македонија. Вкупниот број на делегатите и гостите изнесувал околу 20 000 души, а специјални поздрави биле прочитани од организации кои не можеле да испратат делегати како што е Македонската патриотска организација.

Соборни обележја

уреди

Целиот град бил украсен, вклучително и јавните згради, пред општината била изградена порта, на предната страна стоел натписот "Македонци, сметајте пред сè на себе", а од другата страна - "Жива, жива е Македонија". Биле поставени портрети на Тодор Александров, Гоце Делчев, Даме Груев, Јордан Ѓурков, Мара Бунева и Пејо Јаворов. На бината стоел натписот "Македонијо, ако те заборавам, јазикот да ми онемее", а низ градот биле напишани слоганите: "Македонија за Македонците", "Македонскиот дух е нескршлив", "Да живее слободна и независна Македонија".

Дневен ред

уреди

Дневниот ред е:

1. Извештај од името на сите управни тела на македонските организации и институции во Бугарија за ситуацијата во Македонија и Македонците.
2. Произнесување на соборот по извештајот.
3. Изработка и усвојување на декларација од страна на сите македонски организации за македонското прашање.

Свечености

уреди
 

На 11 февруари делегатите се поздравени од градоначалникот на Горна Џумаја Панајот Тасев и од претседателот на братството "Тодор Александров" Ѓорче Попангелов (Поп Ангелов). На 12 февруари наутро неврокопскиот митрополит Макариј во сослужение со архимандрит Паисиј и 36 свештеници отпеал молбеник и го благословил соборот "за мудри одлуки" и ја изразил својата вера за идниот слободен живот на Македонија.

Соборот бил отворен од Георги Кондов, претседател на Националниот комитет, кој освен во негово име, зборувал и од името на Македонскиот национален комитет, Илинденското организација, Сојузот на македонските студентски друштва, Македонскиот научен институт и Македонската парламентарна група. Во својот говор Кондов изразил историска гордост од добиете резултати во борбата за зачувување на "бугарското име и чест", истакнуваќи го единството на "македонските бегалци во Бугарија", цврсто сплотени околу идејата за слободна и независна Македонија. Во својот говор тој се дистанцирал од другото течение во македонското ослободително движење, искажувајќи оптимизам за идното воскреснување на "слободна и независна Македонија".

Во соборниот одбор влегле: претседател - Христо Станишев, потпретседатели - Симеон Добрев, Владимир Руменов и претседателот на Петричката постојана комисија Александар Димчев и четворица секретари - П. Димитров, Славова, Ив. Димитров и доктор Владимир Бачваров. Во поздравнот говор Станишев ја истакнал "единствената мисла и волја на Македонија", душата и, која поробувачите се обидуваат да ја искинат и дека идејата за самостојност на Македонија не е сепаратизам спрема браќата од Добруџа, Мизија и Тракија, зошто:

Македонија ќе го задржи духовното единство со сите браќа, каде и да се тие.

По Станишев зборувал Јордан Чкатров, кој како резервен член на Централниот комитет на ВМРО испратил поздрави од името на ЦК истакнувајќи дека борбата е против поробувачите и против комунистите и лукавства на продадените бугарски јавни личности и управници, проводници на србоманството. Според ЦК, ВМРО може да разговара со "белградските управници само со пушки и бомби" за изградба на "самостојна македонска држава". Страничните фронтови на ВМРО се болшевичките обиди за рушене на надкласното народно дело, кои не отстапуваат на српските и грчки подвизи и "бугарското партизанство и србоманство на официјална Софија". Поради оваа поделба се создаваат предуслови за "духовното раздвојување на бугарското племе".

 

Поздрав испратил и доктор Асен Татарчев и неговата сопруга Марта Татарчева, таа е родена во Швајцарија и седум години живеела во Ресен. Тие поднеле петиција до ОН во Женева од името на македонското население. Марта Татарчева истакнала:

Швајцарка по раѓање, мојата судбина ме поврза со македонски Бугарин... Мојот маж и јас отидовме во Женева, за да ја заштитиме Македонија ... Мојот маж одлежа 4 години во затвор, но јас како мајка на две деца изјавувам со гордост дека сум подготвена секогаш да ги воспитуваат своите деца во љубов кон Македонија и кон нејзината борба за ослободување...[1]

Честитки од името на Анте Павелиќ прочитал и претставникот на усташите Марко Дошен кој посакал да се оствари: најголемиот македонски и хрватски идеал - слободна и независна македонска држава и слободна и независна хрватска држава.[2]

Други поздрави упатуваат и Хасан бег од Кукуш, претседателот на Илинденското организација, Кирил Христов Совичанов, претседателот на Сојузот на културно-просветни друштва "Добруџа", Ангел Стојанов, претставникот на Западните Покраини, Петар Еленков, претставникот на тракиската емиграција К. Бобев и Ѓорѓи Москов од Унијата на воените инвалиди. Потоа соборот е пренесен во читалиштето, поради лошото време. Таму се искажале Васил Василев, Сребрен Поппетров (Поп Петров), градоначалникот на Петрич Георги Анастасов и други.

Одлуки

уреди

По завршувањето на соборот неговото биро составило „Позив кон македонската емиграција во Бугарија“, која била повеќепати редактирана. Во конечната варијанта се истакнувало дека „извесните партизански кружоци во Бугарија ќе престанат да го измачуваат нашето ослободително дело, кое во својата основа е дело за спас на бугарштината во Македонија“, а завршекот бил со паролата „Да живее слободниот бугарски народ.“[3]

Со тоа се развиделувала пробугарската идеологија на високото раководство и обврзаноста на ВМРО од бугарската влада, која го заштитила соборот пред протестите на југословенската влада,[4] како и поддршката и зависноста за ВМРО од страна на политичките партии, армијата и полицијата.[5] Сепак најавената промена во целта на борбата на ВМРО ги натерало бугарскиот царски двор и бугарските политичари да ги преиспитаат своите односи кон михајловистите.[6] Наредните пројави на политички сепаратизам ќе ескалираат во откриен конфликт и по превратот на 19 мај 1934 година организацијата ќе биде забранета и растурена, а нејзините раководители уапсени и осудени.[7]

Наводи

уреди
  1. Църнушанов, Коста, „Македонизмът и съпротивата на Македония срещу него“, Унив. изд. "Св. Климент Охридски", София, 1992
  2. Илюстрация „Илинден", кн. 44, март 1933, стр. 5.
  3. ЦДА, ф.403, оп.3, а.е.431, л.1
  4. ЦДА, ф.176к, оп.6, а.е.2414, л.47-51
  5. Чешки и словашки извори за бугарската историја, Т.3, С., 1994, 96-99
  6. АМВР, об.6373, л.161-162
  7. ЦДА, ф. 370, оп. 6, а. е. 87, л. 35; ф. 3, оп. 12, а. е. 1627, л. 1-2

Надворешни врски

уреди

Галерија

уреди