Гијом Оаро

(Пренасочено од Гилиом Оаро)

Гијом Оаро (роден на 5 март 1984) — француски фудбалер, напаѓач на Јанг Бојс.

Гијом Оаро
Лични податоци
Роден на 5 март 1984(1984-03-05)(40 г.)
Роден во Сен Луј, Реинион, Франција
Држава Франција Франција
Висина &100000000000001920000001,92 м
Позиција напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб Јанг Бојс Јанг Бојс
Број 99
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2004-2008 Ле Авр Ле Авр 81 (33)
2006-2007Гењон Гењон 21 (8)
2008-2012 Париз Сен Жермен Париз Сен Жермен 114 (38)
2013 Даљен Аербин Даљен Аербин 20 (3)
2014 Бордо Бордо 16 (3)
2014- Јанг Бојс Јанг Бојс 112 (81)
Репрезентација
2010-2011 Франција Франција 5 (0)
* Ажурирано на: 3 јули 2012
** Ажурирано на: 3 јули 2012

Технички одлики

уреди

Висок, цврст и физички силен напаѓач, кој одлично игра со глава. Често е споредуван со својот познат сонародник Давид Трезеге.

Клупска кариера

уреди

Почетоци и Ле Авр

уреди

Оаро ја започнал својата фудбалска кариера во екипата на Сен Пјероа во родниот Реинион. Во 2004 година, дошол во Франција каде го потпишал својот прв професионален договор со екипата од Лига 2, Ле Авр. Тој го направил своето деби на 12 мај 2004 година против Шатору во поразот со 1-2 влегувајќи како замена.[1] Својот прв гол за Ле Авр, Оаро го постигнал на 13 август 2004 во победата со 2-1 на гостински терен против Амјен. Својата прва целосна сезона (2005-06) во клубот ја завршил со 4 постигнати гола. Во сезоната 2006-07 одиграл уште пет натпревари за Ле Авр, пред да биде испратен на едногодишен заем во екипата на Гењон, каде на 21 натпревар постигнал 8 гола. Следната сезона (2007-08) Оаро се вратил во Ле Авр и имал многу успешна сезона со клубот. Тој настапил во сите 38 првенствени натпревари и постигнал 28 голови со што бил најдобар стрелец во Лига 2 за таа сезона, а исто така му помогнал на својот тим да ја освои титулата и да избори промоција во Лига 1. Неговите добри настапи биле забележани од неколку големи клубови од Франција и Англија, а тој решил да ја прифати понудата на Париз Сен Жермен.[2]

Париз Сен Жермен

уреди
 
Оаро на тренинг со Париз Сен Жермен во јули 2011.

Оаро пристигнал во Париз Сен Жермен во летото 2008 година. Тој го направил своето деби за новиот клуб на 9 август 2008 во поразот на гостувањето кај Монако со 1-0. Само седум дена подоцна Оаро го постигнал својот прв гол за парискиот клуб, носејќи му победа над Бордо од 1-0 на Паркот на Принцовите. Во дербито против Олимпик Марсеј на 26 октомври, Оаро постигнал два гола во победата со 4-2 на Велодром.[3] Својата прва сезона во ПСЖ ја завршил со одлични 17 гола (во 33 првенствени настапи), со кој бил на делба на второто место на списокот на стрелците со Карим Бензема, но и со 7 гола помалку од топ-реализаторот Андре-Пјер Жињак.

Во сезоната 2009-10, поради повреда бил надвор од акција цели три месеци (од 18 октомври до 20 јануари) поради што не бил во можност да ги повтори постигнувањата од претходната сезона. Сезоната ја завршил со вкупно 8 гола. Во сезоните што следувале падот во формата на Оаро се поклопил со доаѓањето на се поквалитетни напаѓачи во клубот, па тој се почесто започнувал како резерва. Доаѓањето на Златан Ибрахимовиќ во Париз Сен Жермен во летото 2012, значело и дефинитивно крај на кариерата на Оаро во клубот. Тој одиграл само 7 натпревари под водство на Карло Анчелоти во сезоната 2012-13, пред да го напушти клубот во јануари 2013.

Даљен Аербин

уреди

На 9 јануари 2013, Оаро потпишал за кинескиот клуб Даљен Аербин.[4] Тој дебитирал во првиот натпревар од сезоната, појавувајќи се како резерва на местото на Џоу Тунг во поразот со 1-0 од Шандунг Луненг. Три недели подоцна го постигнал првиот гол за клубот во ремито 3-3 против Шангај Ист Азија. По само една сезона во која на 20 натпревари постигнал 3 гола, ја напушил Кина и се вратил во Франција.

Бордо

уреди

На 4 јануари 2014, како слободен играч Оаро му се приклучил на Бордо за вториот дел од сезоната 2013-14 во Лига 1. Дебитирал седум дена подоцна во поразот на домашен терен од Тулуза со 1-0. На 25 февруари тој влегол од клупата за резерви и во завршницата од натпреварот против Лорјан го постигнал третиот гол за Бордо во победата со 3-2. Неговиот втор гол дошол исто така на домашен терен во ремито 2-2 со Рен во април. Третиот и последен гол за Бордо го постигнал во последното коло од сезоната на гостувањето против Монако (1-1).

Иако од Бордо биле задоволни од перформансите на Оаро во клубот, сепак двете страни не успеале да се договорат за понатамошна соработка и тој повторно станал слободен играч.[5]

Јанг Бојс

уреди
 
Оаро на своето деби за Јанг Бојс

На 30 август 2014, Оаро му се приклучил на швајцарскиот Јанг Бојс со краткоречен договор до јануари 2015.[6] Оаро го направил своето деби во Швајцарската Супер лига во победата над Луцерн со 3-2 на домашен терен. На 18 септември го постигнал својот прв гол за Јанг Бојс, оформувајќи го крајниот резултат 5-0 во победата на домашен терен над словачкиот Слован Братислава во првиот натпревар од групната фаза на Лига Европа. Десет дена подоцна го постигнал првиот гол во швајцарското првенство, победничкиот во триумфот против Цирих со 2-1.[7] Добрите игри му донеле продолжување на договорот со клубот до јуни 2018. Својата прва сезона во клубот ја завршил со постигнати 23 гола на 37 натпревари во сите натпреварувања.

Во сезоната 2017-2018, Оаро постигнал 15 гола за Јанг Бојс и бил најефикасен стрелец на тимот (и втор стрелец во лигата) кој ја освоил титулата во швајцарското првенство, нивна прва по 32 години чекање.[8]

Како шампион на Швајцарија, следната сезона Јанг Бојс играл во квалификациите за Лигата на шампионите, а во плајоф рундата Оаро постигнал голови и во двата натпревари против Динамо Загреб со кој му помогнал на својот тим да се квалификува за групната фаза на турнирот за првпат во својата историја. На 12 декември 2018, Оаро постигнал два гола во победата со 2-1 на домашен терен над Јувентус.[9]

Репрезентативна кариера

уреди

За француската репрезентација, Оаро забележал 5 настапи сите за време на периодот кога селектор бил Блан.[10]

Титули

уреди

  Ле Авр

уреди

  Јанг Бојс

уреди

Наводи

уреди
  1. „Châteauroux v. Le Havre Match Report“. Архивирано од изворникот на 2012-08-03. Посетено на 2021-09-07.
  2. „Hoarau prend le Paris“. Архивирано од изворникот на 2012-02-22. Посетено на 2014-12-25.
  3. „Marseille v. PSG Match Report“. Архивирано од изворникот на 2009-12-31. Посетено на 2021-09-07.
  4. „France Hoarau signs for China's Dalian Aerbin from PSG“. Yahoo! Sports. Yahoo!. 9 January 2013. Архивирано од изворникот на 2013-02-16. Посетено на 10 January 2013.
  5. „Hoarau's Bordeaux adventure comes to an end“. Архивирано од изворникот на 2014-08-28. Посетено на 2014-12-25.
  6. Guillaume Hoarau joins Young Boys on short term deal
  7. Ungläubiger FCZ
  8. Editorial, Reuters. „Soccer - Young Boys end 32-year wait for Swiss title and end Basel...“. U.S. (англиски). Посетено на 2018-05-14.
  9. „Youngs Boys 2-1 Juventus:Paulo Dybala replies late after Guillaume Hoarau's brace“. Mirror. 12 December 2018. Посетено на 12 December 2018.
  10. Alessandro Grandesso (5 август 2010). „Blanc chiama Menez e Mexes E Anelka attacca Domenech“.

Надворешни врски

уреди