Герман Петров Христов - Дамовски — роден на 1 септември 1899 година во село Герман, Егејска Македонија. Син е на војводата Петар Христов-Германчето.

Герман Дамовски
Роден 1 септември 1899
село Герман (Леринско), Леринско, Егејска Македонија
Починал 1959
Софија, Бугарија

Во 1916 година емигрира во Бугарија поради тортура од страна на грчките власти. Во 1918 година му се придружува на работничкото движење во Софија, а во 1924 година станал мајстор шивач. Соработувал со лево ориентирани македонски емигранти и бугарски комунисти. Во 1934 учествувал во убиството на пунктов начелник на ВМРО во градот Варна. Осуден на смрт од ВМРО, исто и од бугарски суд, но подоцна е оправдан. Во 1937 година е интерниран во градот Котел заради поддршка на комунистичкото движење, а во 1938 пак е интерниран во градот Берковица, Клисурски манастир, во врска со убиството на генералот Пеев.

За време на Втората светска војна, 1941 им помагал на заробеници од италијанскиот фронт. Во 1943 година група од 5 илегалци, коишто доаѓале во Македонија од Србија, начело со Богоја Фотев биле уапсени на гара Ристовец од бугарската полиција. Благодарение на врските на Герман Дамовски со бугарски комунисти во разни служби, тие се ослободени. Истата година се враќа со семејството во Македонија и се поврзува со партизаните кај селото Бистрица, Битолско.

Во 1945 година се присоединува кон борбата против грчката власт како организациски секретар на Окружниот одбор на НОФ за Леринско. Помага за изградба на македонски училишта, подготовка на македонски учители, создавање на ансамбли итн., во селата Герман и Желево. Дејствува како партизан и организатор во Преспанско, Леринско, Костурско, Кајларско. Се истакнува во 74 дневните борби на Грамошта, сè до капитулацијата на ДАГ во 1949 година кога повторно емигрира во Полска.

Наклеветен од грчки комунисти како божемен титовист, на 23 ноември 1949 бил исклучен од КПГ. Во март 1950 бил затворен. Вроцлавскиот градски суд одлучил да биде ослободен, но во 1952 наново бил покренат процес против него од страна на грчките комунисти, заради неговиот цврст став за правата на Македонците, и пак оправдан. Во град Згожелец третпат бил уапсен и екстрадиран во Бугарија. Таму во април 1952 година наново бил суден и испратен во логорот Белене, каде што престојувал сè до 6 јануари 1954.

Извори

уреди
  • Егејска Македонија во НОБ 1946, Том III, Скопје 1976.
  • Егејска Македонија во НОБ 1949, Том VI, Скопје 1983.

Надворешни врски

уреди