Германско-чешка граница
Германско-чешка граница — државна граница помеѓу Германија и Чешка. Образува лак од 815 км[1] кој се протега од Австрија на југ до Полска на север.
Историја
уредиГраницата потекнува од онаа на Земјите на Чешката круна, кои подоцна станале граница помеѓу Германското и Австриското Царство.
Во периодот од 1945 до 1990 г. границата била дел од т.н. Железна завеса, и имала силни огради и строга стража.
Во 2007 г. Чешка се приклучила кон Шенген-зоната, и во декемви истата година се отстранети сите гранични пречки и премини. Ограничувањата за Чесите кои работеле во Германија истекле во 2011 г.
Населени места по границата (од север кон југ)
уредиДадени се само граничните премини што можат да се поминат со возило, воз или брод. Под местата во Германија во загради се наведени нивните чешки имиња, а кај оние во Чешка се наведени германските, онаму кајшто постојат.
Реки
уредиГраницата ја минуваат неколку реки, а некои сочинуваат делови од самата неа.
- Хамб (Коуба)
- Пфрајмд
- Вондреб (Одрава)
- Охрже (Егер)
- Регниц
- Вајсе Елстер (Били Халштров)
- Начунг (Начетински Поток)
- Флеа (Флајски Поток)
- Вилде Вајсериц (Дивока Бистшице)
- Миглиц (Мохелнице)
- Бјела
- Елба (Лабе)
- Шпре (Спрева)
- Мандау (Мандава)
- Лужичка Ниса (Лаузицер Нисе)
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „CIA – The World Factbook – Germany“. The World Factbook. Central Intelligence Agency. May 31, 2012. Посетено на 31 мај 2012.
Надворешни врски
уреди- Германско-чешка граница на Ризницата ?
- Границата на Чешка со Германија (чешки)