Хоф (округ)
Хоф (германски: Hof) — округ во сојузната покраина Баварија, Германија. Се граничи со окрузите Вунзидел, Бајројт, Кулмбах и Кронах, покраината Тирингија (округот Зале-Орла), покраината Саксонија (district of Фогтланд) и со Чешка (округот Хеб). Седиште на округот е градот Хоф кој е есклава и не припаѓа на него (туку претставува безокружен град).
Хоф Hof | |||
---|---|---|---|
округ | |||
Земја | Германија | ||
Покраина | Баварија | ||
Адм. подр. | Горна Франконија | ||
Седиште | Хоф | ||
Површина | |||
• Вкупна | 893 км2 (345 ми2) | ||
Население (31 декември 2023)[1] | |||
• Вкупно | 94.333 | ||
• Густина | 110/км2 (270/ми2) | ||
Час. појас | CET (UTC+1) | ||
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||
Рег. таб. | HO, MÜB, NAI, REH, SAN | ||
Мреж. место | landkreis-hof.de |
Историја
уредиПо краток период намесна власт на Кралството Прусија (1791 – 1810), во 1810 г. подрачјето влегло во Баарија. Округот е основан во 1852 г. Со реформите од 1972 г. се соединил со делови од укинатите окрузи Најла, Минхберг, Кронах и Рехау.
Географија
уредиРеката Зале извира во јужниот дел на округот, на падините на Фихтелските Планини. Оттаму тече на север, при што нејзината долина ги дели Фихтелските Планини на исток од пониското средногорје Франконска Шума на запад.
Грб
уредиНа окружниот грб се претставени два лава. Тие се преземени од грбовите на грофовиите Вајда и Нирнберг кои владееле со овој крај во средниот век.
Градови и општини
уредиГрадови | Општини | |
---|---|---|
Наводи
уреди- ↑ „Преглед на состојбата на населението“. Баварска служба за статистика и обработка на податоци. јуни 2024. (германски)
Надворешни врски
уреди- Хоф (округ) на Ризницата ?
- Портал на округот Хоф (германски)