Адорф (германски: Adorf) — мал град и општина во округот Фогтландкрајс во југозападниот дел на покраината Саксонија, Германија. Адорф може да се преведе како „А-село“, „А“ доаѓајќи од старогерманскиот збор за вода („Ahha“). Гетенгрин, село во рамките на општината, се граничи со Чешка.

Адорф (Саксонија)
Поглед на Адорф
Поглед на Адорф
Поглед на Адорф
Грб на Адорф (Саксонија)
Адорф (Саксонија) во рамките на Германија
Адорф (Саксонија)
Управа
Земја Германија
Покраина Саксонија
Округ Фогтланд
Градоначалник Марихен Банг (ДХС)
Основни податоци
Површина 42,80 км2
Надм. височина 444 м
Население 4.729 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 110 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. V
Пошт. бр. 08626
Повик. бр. 037423
Портал http://www.adorf-vogtland.de/
Местоположба на градот Адорф (Саксонија) во рамките на округот Фогтланд
Карта
Карта
Координати 50°19′N 12°16′E / 50.317° СГШ; 12.267° ИГД / 50.317; 12.267

Историја

уреди

Адорф бил основан околу 1200 година. Во 1293 година добил статус на град. Градските ѕидини биле изградени во 1477 година. Индустријата започнала да се развива благодарение на неговата местоположба и сообраќајните врски: занаетчиството, предење, ткаење, филигранска работа со бисери и правење на музички инструменти. Јоханискирхе била изградена во 1498 година. Градот бил уништен во пожар во 1768. Фрајбергер Тор, последната останата градска порта во Фогтланд, била повторно изградена во 1768 и 1773 година од дрвена рамка на горниот кат. Моменталниот Ратхаус бил изграден во 1896 година - период кога биле изградени многу значајни куќи на улиците околу плоштадот. [2]

Географија

уреди
 
Адорф од југ, од Бруненберг

Адорф се наоѓа на Елстергебирге, нископланински масив, дел од Рудните Планини. Најниската точка во Адорф е во Реберсројт (415 м) и највисоката точка е на „Хоер Штајн“ („висок камен“) близу Гетенгрин (632,9 м).

Градот Адорф се наоѓа на вливот на Вајсе Елстер и Шварцбах. Овие реки се наоѓаат во длабока долина во облик на латиничната буква „V“. Долж Вајсе Елстер се наоѓа сојузниот автопат Б92 и железничката линија Фогтландбан, која ги поврзува Плауен со Хеб (Егер) во Чешка и на крајот со П’лзењ, Минхен и Прага.

Шварцбах извира од Високи камен. Долж неа се наоѓа сојузниот автопат Б283 и железничката линија која ги поврзува Маркнојкирхен, Клингентал и потоа Цвота и Цвикау.

Во градот влегуваат и селата: Арнсгрин, Ремтенгрин, Хермсгрин, Реберсројт, Лојбета, Фрајберг, Југелсбург и Зорге.

Адорф се граничи со Бад Елстер, Ајхигт, Маркнојкирхен, Милентал и Чешка.

Население

уреди
  • 1500 - 1.000
  • 1779 - 1.300 1
  • 1801 - 1.310 1
  • 1815 - 1.862 1
  • 1831 - 2.395 1
  • 1834 - 2.348 1
  • 1910 - 7.887
  • 1960 - 8.832
  • 1971 – 8.398
  • 1998 – 6.396
  • 1999 – 6.296
  • 2000 – 6.214
  • 2001 – 6.127
  • 2002 – 6.017
  • 2004 – 5.817
  • 2005 – 6.096

Места на интерес

уреди
 
Фрајбергер Тор

„Фрајбергер Тор“ (Freiberger Tor) — единствената зачувана градска порта во Фогтланд, во која се наоѓа музеј со најголемата изложба на бисери во Германија. Адорф го има најдолгиот плоштад во Фогтландкрајс - 231 метар. Постои воен споменик за војниците кои биле убиените во текот на Првата светска војна и меморијална плоча за тројцата граѓани кои загинале во текот на германско-француската војна 1870/71 година. Јохан Волфганг Гете ја поминал ноќта помеѓу трети и четврти јули 1795 година во стариот градски хотел.

Близу градот е „Miniaturschauanlage Klein-Vogtland“, туристичка атракција со модели на 50 градби во округот Фогтландкрајс, направени во размер 1:25. Неговата ботаничка градина, Ботаничката градина Адорф, содржи над 11.000 растенија од високите планини низ целиот свет.

Наводи

уреди
  1. „Тековно население по општини во 2022 г.“. Статистичка служба на Саксонија. 2024. (германски)
  2. Topographische Karte, 1:25 000 Blatt 6, Elstergebirge, pub Landesvermessungsamt Sachsen, 1997.

Надворешни врски

уреди