Маркнојкирхен (германски: Markneukirchen) — град во округот Фогтланд, во Саксонија, Германија. Се наоѓа помеѓу Рудните и Фихтелските Планини во Елстерските Планини, 24 километри југоисточно од Плауен и 14 километри североисточно од Аш (Чешка).

Маркнојкирхен
Музеј на музички инструменти
Музеј на музички инструменти
Музеј на музички инструменти
Грб на Маркнојкирхен
Маркнојкирхен во рамките на Германија
Маркнојкирхен
Управа
Земја Германија
Покраина Саксонија
Округ Фогтланд
Градоначалник Андреас Јакоб (ДХС)
Основни податоци
Површина 69,10 км2
Надм. височина 504 м
Население 7.237 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 105 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. V
Пошт. бр. 08258
Повик. бр. 037422
Портал www.markneukirchen.de/
Местоположба на градот Маркнојкирхен во рамките на округот Фогтланд
Карта
Карта
Координати 50°19′N 12°19′E / 50.317° СГШ; 12.317° ИГД / 50.317; 12.317

Маркнојкирхен е главен град во германскиот регион за правање музички инструменти, кои се познати по својот висок квалитет. Арнолд Фојгт работел тука во поголемиот дел од неговиот живот. Во градот се наоѓа музејот за музички инструмнети основан во 1883 од Паул Ото Апијан-Беневиц. Се јавува како организатор на годишното меѓународно натпреварување и мастер класови.[1] Архивирано на 20 октомври 2007 г.

Градот е дом на Музејот на музички инструменти основан во 1883 од Паул Ото Апијан-Беневиц. Домаќин е на годишното меѓународно инструментално натпреварување.[2] Архивирано на 20 октомври 2007 г. Од 1993 натпреварувањето е член на Меѓународните музички натпревари на Светската федерација.

Историја

уреди
 
Унтерер Маркт

Нотхафт: во XIII век, новото село било основано и го зело името на локалниот благородник: Алберт Нотхафт де Вилдштајн, кој ја поседувал областа и се преселил со семејството од Баварија и Горен Пфалц. Во декретот еден век подоцна, 1378, бил именуван како Nuwenkrichen dictum Nothaft.

Околу 1274 името било прват забележано како Нојкирхен (нова црква). Новиот црковн објект бил спомнат во декрет како Chunradus de Newenkirchen.

Во 1357 (Nuenkirchin) и 1360 (stat) ги добил правата за одржување пазар и се изедначил со статусот со соседните градови Адорф и Елсниц. Плоштадот бил изграден од Фегте фон Плауен со цел да ја заостри борбата со ветинската династија.

Сегашниот изговор Маркнојкирхен, го нема потребното t, кое било отстрането во 1858 со кралски декрет од Дрезден, со цел да се направи разлика од останатите градови Нојкирхен.

Реорганизација

уреди

Од 1 јануари 1994 Волхаузен и на 1 март 1994 Брајтенфелд биле припоени кон Маркнојркихен, додека Ландвист во 1999. Ерлбах станал дел на Маркнојкирхен во 2014.

Население

уреди

Бројки за население (до 31 декември 1960):

  • 1796: (251 куќа) 1
  • 1801: 1.151 1
  • 1815: 1.602 1
  • 1830: 1.561 1
  • 1834: 2.330
  • 1871: 4.157
  • 1890: 6.652
  • 1910: 8.959
  • 1925: 8.821
  • 1939: 8.303
  • 1946: 8.903
  • 1960: 8.776
  • 1964: 8.576
  • 1971: 8.264
  • 2003: 7.196
  • 2004: 7.128
1: Albert Schiffner: Handbuch der Geographie, Statistik und Topographie des Königreiches Sachsen. Band 1. Leipzig 1839.

Музеи

уреди
 
Музеј за музички инструменти
  • Musikinstrumenten-Museum Markneukirchen (Музеј за музички инструменти) бил основан во 1883 од Паул Ото Апијан-Беневиц, наставник и оргулар. во тоа време производството на оркестарски инструменти било проширено поради зголемената трговија со многу европски земји и со САД. Во последните 60 години, 3 милиони луѓе го посетиле музејот во Paulus-Schlösschen, барокна градска куќа.

Сообраќај

уреди

Првата железничка станица во Маркнојкирхен била на линијата Хемниц-Ауе-Адорф, близу Зибенбрун. Во 1909 железницата Штихбан од Зибенбрун до Ерлбах отворила железничка станица близу поштата и во центарот на градот. Оваа била затворена во 1975 и Зибенбрун на Фогтландбан повторно станала најблиската железничка станица.

Наводи

уреди
  1. „Тековно население по општини во 2022 г.“. Статистичка служба на Саксонија. 2024. (германски)

Надворешни врски

уреди