Брајтенбрун (Саксонија)

Брајтенбрун (германски: Breitenbrunn) — општина во подрачјето на Рудните Планини во истоимениот округ, во Саксонија во Германија.

Брајтенбрун
Црква во Брајтенбрун
Црква во Брајтенбрун
Црква во Брајтенбрун
Грб на Брајтенбрун
Брајтенбрун (Саксонија) во рамките на Германија
Брајтенбрун (Саксонија)
Управа
Земја Германија
Покраина Саксонија
Округ Рудни Планини
Месни единици 8
Градоначалник Ралф Фишер (ДХС)
Основни податоци
Површина 60 км2
Надм. височина 550−950 м
Население 5.084 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 85 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. ERZ
Пошт. бр. 08359
Повик. бр. 037756
Портал www.breitenbrunn-erzgebirge.de
Местоположба на Брајтенбрун во рамките на округот Рудни Планини
Карта
Карта
Координати 50°28′29″N 12°46′0″E / 50.47472° СГШ; 12.76667° ИГД / 50.47472; 12.76667

Географија

уреди

Составни делови

уреди

Општината се состои од Брајтенбрун со Брајтенхоф, Каролатал, Халбемајле и Рабенсберг, Антонстал со Антонсхее, Ерлабрун, Штајнхајфел и Фелбах, како и Ритерсгрин и Телерхојзер.

Соседни општини

уреди

Се граничи со Јохангеоргенштат, здравствениот ресорт Обервизентал и градот Шварценберг, сите во Ерцгебиргскрајс.

Местоположба

уреди

Брајтенбрун се наоѓа на планинскиот масив недалеку од долината Шварценвасер на исток. Опкружен е од, меѓу другите планини, Рабенберг и Зауберг.

Историја

уреди
 
Руини од поранешното ловиште во Електоратот

Како највисоко село во Грофовијата Шварценберг, Брајтенбрун бил основан дури во 13-от век. Со помошта на огромните ливади и места, можело да се претпостави дека во прво време не се населиле повеќе од 10 семејства. Селото првпат било споменато во документите како „Breitinprun“ во 1380 во хроника на планинските грофови од Лајсниг, кога му биле доделени рударските права за рудникот за калај. Дури и пред основањето на Брајтенбрун, таму имало тврдина и кула, шанец и мала надворешна одбрана да го брани поседот на грофовијата Шварценберг како негова најјужна точка. Откако бил пронајден извор во рамките на шанецот, тој бил наречен „широк извор“ или breiten Brunnen на германски, и наскоро овој опис бил земен како име на местото.

Специјално историско значење имаат Breitenbrunn Papermill пронајдени во градот, од кои меѓу другите, Јохан Себастијан Бах ги добил неговите нотни листови.

 
Црква во Брајтенбрун околу 1900

Религија

уреди

Во времето на католицизмот, Брајтенбрун прво припаѓал на парохијата Шварценберг. Подоцна била изградена капела посветена на Свети Петар, правејќи го Брајтенбрун важна парохија во Шварценберг. Дури и по реформацијата била одржувана извесно време независна време. Меѓуоа, сега, Брајтенбрун има сестринска заедница во новооснованата парохија Гринстетел.

Селото ја добило секуларната независност во 1559, кога била изградена и црквата Свети Кристофер (St. Christophorus-Kirche).

Денес, покрај евангелистичко-лутеранската заедница Свети Кристофер се наоѓа и евангелистичко-методистичката заедница.

Население

уреди
  • 1533 – околу 200
  • 1801 – 2.250
  • 1834 – 2.058
  • 1852 – 2.943
  • 1890 – 2.224
  • 1910 – 2.167
  • 1925 – 2.113
  • 1946 – 2.467
  • 1956 – 5.018
  • 1960 – 4.259
  • 1971 – 3.420
  • 1999 – 3.909
  • 2002 – 3.879
  • 2005 – 3.751
Податоци од 1999: Statistisches Landesamt Sachsen

Политика

уреди

Градоначалник

уреди

Градоначалник на општината е (Bürgermeister) Ралф Фишер, роден во 1955, бил избран на последните избори за градоначалник на 10 јуни 2001 со 98,4% од сите гласови.

Партнерство

уреди

Култура и знаменитости

уреди
 
Брајтенбрун во зима
 
Haus des Gastes и училиште
  • Рудник за посетители Свети Кристоф
  • Silberwäsche Технички музеј во составниот дел Антонстал
  • Christophoruskirche од 1559
  • Споменик на свештеникот Волфганг Уле на влезот на гробиштата
  • Руини на ловиштето

Природни споменици

уреди
  • „Himmelswiese“ заштитена природна област близу составниот дел Халбемајле
  • Preißhausbuche, познато буково дрво

Образование

уреди

Брајтенбрун е познат по неговата Staatliche Studienakademie Breitenbrunn (Покраинска академија Брајтенбрун). Овде учат околу 300 студенти на двоен принцип за туризам, економија и индустрија.

Спорт

уреди
  • Спортски и образовен центар Рабенберг (со отворен базен и ски-патека за крос-кантри)

Редовни настани

уреди
  • Црковен фестивал во горното село на последниот викенд од август

Познати луѓе

уреди
  • Волфганг Уле (1512–1594), свештеник во Брајтенбрун
  • Кристијан Готлоб Вилд, свештеник и поет, умрел овде во 1839

Наводи

уреди
  1. „Тековно население по општини во 2022 г.“. Статистичка служба на Саксонија. 2024. (германски)

Надворешни врски

уреди