Бад Елстер
Бад Елстер (германски: Bad Elster) — бањски град во округот Фогтланд, во сојузната покраина Саксонија, Германија. Се наоѓа на границата со Баварија и Чешка во планинскиот масив Елстер. Сместен е на реката Вајсе Елстер и е опкружен од големите шумски подрачја во неговата околина. Се наоѓа 25 километри југоисточно од Плауен и 25 километри северозападно од Чеб.
Бад Елстер | |
Театар Бад Елстер | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Саксонија |
Округ | Фогтланд |
Градоначалник | Кристоф Флемиг |
Основни податоци | |
Површина | 23 км2 |
Надм. височина | 546 м |
Население | 3.644 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 158 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | V |
Пошт. бр. | 08645 |
Повик. бр. | 037437 |
Портал | www.badelster.de |
Местоположба на градот Бад Елстер во рамките на округот Фогтланд | |
Координати | 50°16′55″N 12°14′5″E / 50.28194° СГШ; 12.23472° ИГД |
Историја
уредиЕлстер пред 1900 г.
уредиДва километри северозападно од центарот на градот се наоѓаат остатоците на селото од XII век, денес познато како Алте Шлос („Alte Schloss“ или „Стариот замок“). Ова било првпат споменато во 1324 година.
Во 1412 година бил продаден дворецот на семејството фон Цетвиц, кое го поседувал до 1800 година.
Во 1533 година стигнала реформацијата во Адорф и нејзината сестринска црква во Елстер и бил поставен првиот протестантски свештеник во 1540 година.
Лековитите дејства на водите од изворот денес познат како Морицквеле биле откриени многу време пред Георг Лајснер, физичар испратен од војводата Мориц фон Заксен-Цајц, да напише дека водите имаат лековито дејство врз многу различни болести.
Како познат посетител во селото се вбројува Јохан Волфганг фон Гете, кој стигнал во 1795 година. Го споменувал изворот во Елстер во неговото дело Херман и Доротеја.
(Бад) Елстер во XIX и XX век
уредиЕлстер станала независна парохија во 1851 година. Во 1892 година старата црква Свети Петар и Павле била срушена и заменета со готската црква Света Троица.
Елстер бил унапреден во „Königlich-Sächsischen Staatsbad“, официјална кралска бања на Саксонија во 1848. Со таа почест бројот на посетитело растел: 1848: 129; 1850: 378, 1860: 1.750, 1870: 2.450, 1890: 5.870, 1900: 8.900 и 1990: 15.600.
Елстер го прифатил Бад означувајќи „бања“ во 1875, Bad Elster станало негово официјално име во 1935 година. Во 1880 година бил отворен „Bademuseum Bad Elster“, прв музеј во градот и во Фогтланд, кој не постоел долго време. Нов музеј бил отворен во 1993 година.
Демографија
уредиДвижење на населението (од 1964 на 31 декември):
|
|
|
Стопанство
уредиГлавни индустрии во градот се туризмот и здравството. Постојат седум клиники специјализирани за закрепнување. Во 2005 година постоеле 35 објекти кои нуделе сместување со 2.400 кревети и оствариле 540.000 ноќевања.
Градот се наоѓа близу сојузниот автопат Б92. Постоеле два гранични премини со Чешка; отворени за пешаци и велосипедисти, но не и за автомобили, иако по Шенгенскиот договор, премините се отстранети. Железничката станица се наоѓа на 2,5 километри од центарот на градот на Милхаузен на линијата Плауен-Егер.
Знаменитости
уредиНајважни градби во Бад Елстер се од последниот дел на XIX век:
- Königliche Kurhaus е важен примен за преминот на XX век во неокласицизам, прикажувајќи ја важноста на бањите во покраината.
- Albert Bad била изградена во Југенстил.
- König Albert Theater, порано наречен „Kurtheater“, отворен во 1914 година и неодамна обновен.
- NaturTheater се наоѓа во шума. Тој е најстариот отворен театар во Саксонија. Во 2007 година бил обновен со цел да ги исполни современите стандарди и повторно е отворен, нудејќи многу настани во текот на шест месеци.
- Лутеранската црква од 1892 St.-Trinitatis-Kirche била изградена во новоготски стил. Содржи делови на претходната градба, како што се готските скулптури на Свети Петар и Павле од околу 1490.
- Поранешниот луксузен хотел Wettiner Hof е влезен на списокот за заштита и се чека на негово обновување.
- Постојат помали споменици како што се Postmeilensäule (1724) и Schillerdenkmal.
Наводи
уреди- ↑ „Тековно население по општини во 2022 г.“. Статистичка служба на Саксонија. 2024. (германски)