Штајнигтволмсдорф

Штајнигтволмсдорф (германски: Steinigtwolmsdorf) — општина од околу 3.419 жители. Се наоѓа во источна Германија во округот Бауцен во Саксонија, близу границата со Чешка.

Штајнигтволмсдорф
Штајнигтволмсдорф во рамките на Германија
Штајнигтволмсдорф
Управа
Земја Германија
Покраина Саксонија
Округ Бауцен
Месни единици 3
Градоначалник Гунтрам Штеглих
Основни податоци
Површина 18,03 км2
Надм. височина 394 м
Население 2.748 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 152 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. BZ
Пошт. бр. 01904
Повик. бр. 035951
Портал www.steinigtwolmsdorf.com
Местоположба на Штајнигтволмсдорф во рамките на округот Бауцен
Карта
Карта
Координати 51°4′N 14°21′E / 51.067° СГШ; 14.350° ИГД / 51.067; 14.350

Географија

уреди

Штајнигтволмсдорф е сместена во јужниот дел на округот Бауцен. Оддалечена е околу 16 километри од градот Бишофсверда и 19 километри од градот Бауцен. Се наоѓа во близина на сојузниот автопат B98, кој е помеѓу Бишофсверда, Опах и Цитау. Следна железничка станица може да се најде во Нојкирх (Лужица) на железничката линија помеѓу Дрезден и Либерец.

Делови на општината

уреди

Општината се состои од три дела: Штајнигтволмсдорф, Рингенхајн и Вајфа. Централното село на општината било основано во 1250. Најважна знаменитост е црквата од 1861 и некои Umgebindehäuser. Во еден дел од општината наречен „Рингенхајн“, може да се најде најмалата Umgebindehaus во целата Горна Лужица. Малото село Вајфа, највисоко од сите села во целата горна Лужица и исто така уникатно, дека било независно село стотици години наназад.

Наводи

уреди
  1. „Тековно население по општини во 2022 г.“. Статистичка служба на Саксонија. 2024. (германски)