Класик Бретања
велосипедска трка во Франција
(Пренасочено од ГП Уест Франција-Плуе)
Класик Бретања (порано позната како: Гран при де Плуе Западна Франција и ГП Западна Франција) — позната еднодневна велосипедска трка, која годишно се одржува на крајот на летото околу патека низ бретанското село Плуе од 1931 година. Првично, наречена Гран при де Плуе, станала дел од UCI ProTour од започнувањето на ова натпреварување во 2005 и во 2009 година станала еден од настаните во кои бодовите се важат и за Светската турнеја. Од 1989 година, трката е позната како ГП Западна Франција.
За трката | |
---|---|
Датум | крајот на август |
Регион | Плуе, Франција |
Месно име | Bretagne Classic (француски) |
Дисциплина | Друмски велосипедизам |
Натпреварување | Светска турнеја на UCI |
Вид | Еднодневна трка |
Организатор | Comité des Fêtes de Plouay |
Историја | |
Прво одржување | 1931 |
Одржувања | 83 (до 2019) |
Прв победник | Франсоа Фав (ФРА) |
Најмногу победи | 10 возачи со 2 победи |
Неодамнешен победник | Сеп Ванмарке (БЕЛ) |
Победниците на списокот најчесто се француски возачи (види подолу). Првиот нефранцуски победник на трката бил Холанѓанецот Фритс Пирард во 1979 година, вториот бил Шон Кели од Ирска во 1984 година итн.
Победници
уредиПовеќекратни победници
уредиПобеди | Возач | Изданија |
---|---|---|
2 | Филип Боно (ФРА) | 1932 + 1933 |
Елоа Тасен (ФРА) | 1945 + 1948 | |
Арман Одер (ФРА) | 1949 + 1950 | |
Емил Герин (ФРА) | 1951 + 1952 | |
Жан Генше (ФРА) | 1958 + 1962 | |
Фернан Пино (ФРА) | 1961 + 1963 | |
Жан Журден (ФРА) | 1968 + 1969 | |
Жак Босис (ФРА) | 1976 + 1977 | |
Жилбер Дикло-Ласал (ФРА) | 1981 + 1987 | |
Оливер Насен (БЕЛ) | 2016 + 2018 |
Победи по држава
уредиПобеди | Држава |
---|---|
62 | Франција |
6 | Италија |
5 | Белгија |
2 | Австралија Норвешка |
1 | Ирска Молдавија Холандија Швајцарија Словенија Обединето Кралство САД |