Владиково
Владиково (грчки: Οροπέδιο, Оропедио[2]) — село во Општина Драма во Драмскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.
Владиково Οροπέδιο | |
---|---|
Координати: 41°20′N 24°15′E / 41.333° СГШ; 24.250° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Источна Македонија и Тракија |
Округ | Драмски округ |
Општина | Драма |
Општ. единица | Осеница |
Надм. вис. | 670 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 23 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа на 44 километри северно од градот Драма и на 4 километри јужно од Осеница, на надморска височина од 670 метри.
Историја
уредиОтоманско Царство
уредиСелото во текот на XIX век се наоѓало во Драмската каза во составот на Отоманското Царство. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Владиково се состоело од 62 семејства и 150 жители македонски муслимани[3][4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 370 македонски муслимани[5].
Грција
уредиПо крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција.
Според грчката статистика од 1913 година, во селото живееле 567 жители, додека според пописот од 1920 година, во селото живееле 352 луѓе[6].
Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција, додека муслиманското население ги напуштило своите домови.
Демографија
уредиВо 1928 година во селото биле населени 60 грчки бегалски семејства со вкупно 204 луѓе[6]. Така, според пописот од 1928 година во селото живееле 204 лица, додека во 1940 година селото броело 275 жители. Селото во пописот од 1961 година живееле 11 жители, во 1991 година имало 29 жители[6]. Денеска, населението на селото е 23 жители според пописот од 2011 година.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 275 | — | 90 | 11 | — | 29 | — | 23 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Δράνοβον -- Οροπέδιο
- ↑ Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 130-131.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 196.
- ↑ 6,0 6,1 6,2 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 11.
- ↑ „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.