Прва влада на Никола Груевски

25. влада на Македонија — орган на извршната власт во Република Македонија избран по парламентарните избори. Нејзиниот водач Никола Груевски на 28 јули доби мандат за создавање на нова влада од Претседателот Бранко Црвенковски. Новата влада е изгласана во Собранието на Република Македонија на 28 август. За новата влада гласаа пратениците од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ДПА, НСДП, ДОМ, ПЕИ и од ВМРО-Народна партија, со тоа што ВМРО-НП само гласаше за владата, но не стана дел од владината коалиција. Мандатот на оваа влада заврши на 26 јули 2008 година, по одржувањето на парламентарните избори од 2008 година, на кои повторно победи коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ.

Прва влада на Никола Груевски
Груевски I

25. влада на Македонија
2006-2008
Груевски во 2007
Конституирана28 август 2006
Распуштена26 јули 2008
Организација
ПретседателБранко Црвенковски
ПремиерНикола Груевски
Статус во собраниеМалцинска влада
Историја
Избори2006
Претходен кабинетБучковски
Следен кабинетГруевски II

Состав на владата

уреди

Составот на Владата избран на 28 август е следниот:

Во мај 2007 година Партијата за демократски просперитет одлучи да ја прифати понудата на премиерот Груевски да влезе во владината коалиција по што на 18 јуни Собранието на РМ го избра Абдураман Мемети за министер за локална самоуправа на местото на Зоран Коњановски.[1][2]

Извори

уреди
  1. Службен весник на РМ, 78/07.
  2. * ПДП и' се приклучи на македонската влада и доби министерско место