Сулејман Рушити
Сулејман Рушити (роден на 22 јануари 1972 година во Чајле, Гостиварско) — македонски режисер и политичар.
Сулејман Рушити | |
---|---|
Министер за образование и наука | |
На должноста 2006 – 2008 | |
Премиер | Никола Груевски |
Претходник | Азис Положани |
Наследник | Перо Стојановски |
Лични податоци | |
Роден(а) | 22 јануари 1972 Чајле, СР Македонија, СФРЈ |
Националност | Албанец |
Партија | ДПА Нова Демократија |
Установа | Филозофски факултет |
Животопис
уредиРушити дипломирал режија на Факултетот за драмски уметности во Тирана во 1997 година[1]. Од 1998-2001 бил ангажиран како режисер во Македонска радио-телевизија, а во 2001 и 2002 година бил директор на Театарот на народностите во Скопје.
Рушити бил основач и директор на театарот Алтернативе, Скопје во периодот од 1998-2002 година. Во 2002 година бил еден од основачите на културниот магазин Алтернатива, а во текот на 2002-2003 година бил член на одборот на „Про хелветиа“. Посетувал повеќе обуки од областа на управување на институциите од културата во странски образовни институции. Рушити зборува англиски, германски, српски и италијански јазик.
Политичка кариера
уредиСулејман Рушити во периодот од 28 август 2006 до 27 јули 2008 година ја извршувал функцијата Министер за образование и наука како член на ДПА. По основањето на партијата Нова Демократија, Рушити станал нејзин член, за да во 2011 година го најави своето повлекување од политиката[2].
Наводи
уредиПолитички функции | ||
---|---|---|
Претходник Азис Положани |
Министер за образование и наука 28 август 2006 - 27 јули 2008 |
Наследник Перо Стојановски |