Габриела Конеска Трајковска

(Пренасочено од Габриела Коневска)

Габриела Конеска Трајковска (Скопје, 29 мај 1971[се бара извор]Скопје, 10 февруари 2010[1]) — македонски правник и поранешен заменик на претседателот на Владата на Македонија, задолжен за европски прашања од 2006 до 2008 година.

Животопис

уреди

Коневска Трајковска е родена на 29 мај[се бара извор] 1971 во Скопје. Дипломирала право на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде и завршила последипломски студии. Имала и специјализација по право на Европска унија, како и по меѓународно право на ОН.

Била претседател во невладината организација за борба против корупција „Транспарентност Македонија“.

Претходно работела како личен политички советник на посебниот координатор на Пактот за стабилност и координатор на СЕКИ иницијативата Ерхард Бусек. Конеска била предавач на Универзитетот „Њујорк“ во Скопје во областа на правото на Европската Унија, како и шеф на меѓународната мисија во Букурешт, при Пактот за стабилност - Секретаријат за борба против организираниот криминал, како и директор на Регионалниот центар за борба против организираниот криминал во Букурешт, при СЕКИ иницијативата.

Габриела Конеска-Трајковска имала добиено повеќе признанија, од Стејт департментот на Соединетите Држави за посебен и истакнат ангажман при создавање на Регионалниот центар за борба против организираниот криминал во Букурешт, при СЕКИ иницијативата, од Тајната служба на САД за резултати при сузбивање на финансискиот криминал, како и од Интерпол за имплементација на меѓународни правни норми при размена на податоци и информации за сузбивање на организираниот криминал. Полицијата на Романија и има доделено диплома на честа. Била мажена е и имала едно дете.

Конеска-Трајковска се служела со англискиот, францускиот и романскиот јазик, а имала познавања и од германскиот и од грчкиот јазик.

Наводи

уреди
  1. Нешкова, Катерина (10 февруари 2010). „Почина Габриела Конеска Трајковска“. Форум. Архивирано од изворникот на 2010-02-12. Посетено на 10 февруари 2010.