Методија Тошевски

Методија Тошевски (Ранци, Кајларско, Егејска Македонија, 18 март 1941 - Скопје, 4 ноември 2015) — македонски економист, поет и публицист, поранешен директор на банката АЛМАКО, главен државен ревизор и министер за финансии во првата експертска Влада на Никола Кљусев.

Методија Тошевски
Министер за финансии
На должноста
20 март 1991 – 17 август 1992
Претседател Киро Глигоров
Премиер Никола Кљусев
Претходник воспоставено министерство
Наследник Џевдет Хајредини
Лични податоци
Роден(а) 18 март 1941
Ранци, Кајларско,  Грција
Починал(а) 4 ноември 2015
Скопје, Македонија Македонија
Занимање економист, поет и публицист
Македонец

Животопис

уреди

Тошевски е роден во егејското село Ранци во близина на Кајлар на 18 март 1941 година. За време на Граѓанската војна во Грција 1946-1949 година заедно со неговите родители бил прогонет од родното огниште. Во Скопје завршил економски факултет. Во првата експертска Влада на Никола Кљусев, од 20 март 1991 година до 17 август 1992 година бил министер за финансии. Претходно од 1985 до 1986 година бил директор на Комерцијална банка, а од средината на 1990тите години и прв човек на Алмако банка. Од 2000 година до 2005 година Тошевски бил главен државен ревизор на Државниот завод за ревизија на Македонија. Во неговиот мандат Државниот завод за ревизија станал полноправен член на меѓународната ревизорска организација ИНТОСАИ и европската ревизорска организација ЕУРОСАИ и извршил длабоки реформи во работата. Во негово време ДЗР ги започнал првите меѓународни проекти за зајакнување на капацитетите на ДЗР, како што биле проектите со Светската банка и Холандскиот суд за ревизија. Бил ментор на создавање на првите методолошки акти, прирачници и упатства за вршење државна ревизија – Финансиска ревизија и Ревизија на успешност. Бил член на Друштвото на писателите на Македонија и имал издадено неколку збирки поезија и книги за Македонците од Егејскиот дел на Македонија, а бил и долгогодишен активист и член на Здружението на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија и потпретседател на Сојуз на здруженијата на пензионерите на Македонија. Методија Тошевски бил повеќегодишен пратеник во Генералното Собрание на Светскиот Македонски Конгрес. На 16 Генерално Собрание на Светскиот Македонски Конгрес одржано на 12 август 2006 година, бил именуван за пертседател на Првата Национална Конференција на Македонците од Егејскиот дел на Македонија. Починал во Скопје на 5 ноември 2015 година.[1]

Наводи

уреди
  1. Почина Методија Тошевски, поранешен главен државен ревизор . Архивирано од изворникот на 2015-11-07. Посетено на 2015-11-06.
Претходник
нема
Министер за финансии
20 март 1991 - 17 август 1992
Наследник
Џевдет Хајредини