Википедија:Селска чешма/Архива 12

Архива Оваа страница е архива. Не ја менувајте содржината на оваа страница. Упатете ги вашите коментари на сегашната разговорна страница.
Архива 12


Статии за брзо бришењеУреди

ПредлогУреди

Здраво на сите. Сакам да продискутираме за една важна тема на Википедија. Се однесува на значајноста на темите и нивното егзистирање на нашава Википедија. Имам две прашања или теми за разговор:

1. Кои се критериумите кои треба да се исполнат за една жива личност да има статија на Википедија? Моментално кандидирани се 11 статии на кои им ставив предлошки да се почека со бришење и нивното бришење зависи од оваа дискусија. Ве молам за солидна дискусија инаку нема да се избришат статиите како колективна волја, туку поединечна.

2. Дали може да се договориме со сите корисници, особено со администраторите, да го смениме на подобро начинот на бришење на статии. Имено предлогот ми е следен: секоја статија која е кандидирана за бришење да им се направи посебна статија од типот: Википедија:Статии за бришење/ИМЕНАСТАТИЈА, каде ИМЕНАСТАТИЈА стои името на статијата која е кандидирана за бришење. На секоја отворена ваква статија се гласа и се решава за статијата. Ова не се однесува за мали статии и статии со глупости во неа, туку статии како овие кандидираниве моментално и поголеми. Ако се согласите ќе направиме нешто како проект Википедија:Статии за бришење и ќе почнеме со новиот метод.

Поздрав--Никола Стоіаноски 22:31, 18 август 2009 (UTC)

Забелешка:Доколку никој не се произнесе, промените ќе ги извршам лично јас и критериумите за бришење на статии, порталот Википедија:Страници за бришење (en:Wikipedia:Articles for deletion) и критериумите за создавање на статии за живи личности ќе ги преведам од англиската Википедија.--Никола Стоіаноски 22:42, 18 август 2009 (UTC)

ДискусијаУреди

Јас лично сум за создавање на нов начин на бришење на статии. Исто така критериумите за бришење и критериумите за создавање на биографии за живи личности да се преведат и приспособат на условите на нашата средина од англиската Википедија.--Никола Стоіаноски 22:42, 18 август 2009 (UTC)
Такво нешто може да се направи без проблем, иако мислам дека за вакви работи не треба да се дискутира. Секој случај си носи свои специфичности, па не може да се утврдат точни критериуми по кои ќе се водиме. Мислам дека е јасно дека овие личности не заслужуваат да имаат своја енциклопедиска статија. Ако се водиме по тоа дека имаат одбрането докторати и се професори на факултет, тогаш ајде да уредуваме статии за сите професори на сите факултети и за сите луѓе во земјава кои се доктори на науки. Мислам дека ова нема смисла. За една личност да иа своја статија на Википедија, треба да биде доволно позната. Тоа е основниот услов. Во овој случај, по што се познати овие личности? По тоа што објавуваат статии во некои странски списанија? По тоа што имаат одбрането докторати? по тоа што се професори на факултет? Ова масовно внесување на статии за професорскиот кадар на Институтот за хемија при природно-математичкиот факултет во Скопје ми наликува на реклама за институтот. Ова е строго против правилата на Википедија. Пребарајте на пребарувач за да ги видите резултатите за овие имиња. Мислам дека е доволно и не треба да се губи време за вакви работи, бидејќи колку и да постигнале овие луѓе, сепак тие се „анонимуси“.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:50, 18 август 2009 (UTC)
Да не бидеме дрски Кирил, колку се познти личностите ќе покаже времето. Зборот ми беше да се договориме, дали да ги преведеме критериумите од англиската и дали ќе го почитувате новиот начин на бришење на статии преку создавање на подстраници каде ќе се дискутира. Тоа е се. Поздрав--Никола Стоіаноски 22:53, 18 август 2009 (UTC)

На нашава Википедија има многу повеќе правила од корисници. Јас сум прво за нови корисници (и за коректен однос со нив), а потоа и за нови правила. Инаку, сум за да се избришат сите овие статии и не гледам никаква енциклопедиска важност за тие да останат, но и некои други и како на пример оваа која нема никакво енциклопедиско значење. Имаме уште многу слични статии на оваа.
Туку пред да завршам се сетив и на една работа која би можела да биде и против ова. Ако сами не си го цениме тоа што го имаме никој нема да ни го цени. Ама јас сум сепак за бришење. МБ, а што ќе правиме со кратките биографии кои денес цел ден ги пишуваше? Тие не ми изгледаат многу посодржајни од овие за кој се збори овде?
Поздрав, --Wikimk (разговор) 22:58, 18 август 2009 (UTC)

Точно, не се содржајни но мислам заслужуваат статии како писатели. Мое мислење сепак.--Никола Стоіаноски 23:03, 18 август 2009 (UTC)

ПравилаУреди

Тоа и сакав да кажам. Мислам дека прво страницата Википедија:Значајност, која има многу малку напатствија (а и тие што ги имаме се толку општи и нејасни), треба наполно да се преведе за да можеме да им посочиме на оние кои ги создале страниците (и кои сепак, вложиле труд - страниците не се мали) зошто тие се бришат, а воедно и водич за значајност кој би го имале при рака во иднина. Не велам дека уште сега не треба да се брише, но треба да ја имаме таа страница во целост што поскоро, и тоа по можност треба да стои како врска на предлошкизираниот текст на две места: (1) на гореспоменатата страницата за бришење статии, но уште поважно, на предлошкизираниот текст што им се појавува на корисниците кога ќе биде избришана некоја нивна статија (доколку имаме таков). Во него ќе стои нешто од типот „Вашата страница беше избришана од причини што не ги задоволува критериумите за значајност“. Покрај тоа треба да има иста таква страница за биографски статии, и исто така да се наведува како правилник, во зависност од тоа каква статија напишал корисникот. Поздрав --Б. Јанкулоски (разговор) 22:48, 18 август 2009 (UTC)
Наведената страница е добра и корисна и може да послужи, но сепак мислам дека нејзиното подобрување треба да започне со тоа што ќе се наведат случаи во кои не смее да се уредуваат статии, а за тоа постојат и добри причини (статии за професори, ТВ водители заради реклама и сл.) и случаи во кои смее да се уредуаат статии (спортисти со настап на големи натпреварувања, глумци кои играле во театарска претстава или филмови за кои има статии на Википедија, членови на МАНУ со своите достигнувања, рекордери (било во кои категории) и сл.). Мислам дека и покрај тоа што ова е многу значајно, во овој момент не треба да губиме време, а и многу неефективно ќе биде да се отвораат дискусии за статии за бришење. Друга работа, секако се и референците. Статија со една референца, којашто не говори ништо, туку е само објавена биографија на интернет не е доволен доказ.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:58, 18 август 2009 (UTC)
Да, такви напатсвија имаме но се мали и недоволни. Ако се согласиме за порталот Википедија:Статии за бришење лесно двајца корисници ќе ги допреведеме критериумите.--Никола Стоіаноски 22:51, 18 август 2009 (UTC)
  • Не знам зошто мислиш дека треба да се исклучат професори. Професорите, барем добар дел од нив, се научници со сопствени трудови и придонес кон нивното поле. Кога еден професор има придонеси кон научната дејност, а не само предавач, тогаш сигурно за него треба да има статија. Англиската Википедија е преполна со такви примери. --Б. Јанкулоски (разговор) 23:01, 18 август 2009 (UTC)
Не сите професори! Има професори, кои добиле Нобелова награда, па се разбира дека за нив треба да има статија. Или има професори коишто придонеле со тоа што вовеле нешто ново. Но, проблемот е што 90% (овој процент можеби е голем, но овој заклучок го донесов со споредба на повеќе трудови) од овие професори, „квази научници“, своите трудови ги работат по принципот „копирај, преведи, напиши“. Ако разгледаме по некои библиотеки со научна литература, може да ги најдеме оригиналните наслови, најчесто на српскохрватски. Многу од овие „преведувачи“ ги совладале најзначајните поими и може да преведат научен труд. Не знам, во што е големината на овие луѓе! На Википедија ѝ се потребни содржини за влијателни професори (научници), чии трудови развиле нешто ново, докажале нешто ново, трудови во огромен тираж, со голем интерес за нив, или професори кои се познати по вредноста на нивното мислење, коишто држат некои рекорди и ѝ се доволно познати на јавноста, а не некои „ојлевци-дојлевци“ кои преведуваат книги и се нарекуваат научници.--Kiril Simeonovski (разговор) 23:16, 18 август 2009 (UTC)
Статијата и не е така лоша, иако добро ќе биде да се подобри. Работата е што секој треба да биде вешт во бришењето на статии. Најдобро е да се учи од поискусните како се бришат статии, а не да се преземаат туѓи критериуми. „Исклучокот го потврдува правилото“, па можно е понекогаш и да се прекршат и тие правила и ајде кажете ми што кога нема да знаеме кога да се прекршат. Претпоставувам дека многумина корисници на википедија на македнски јазик имаат искусено какое на некое друго јазично издание да се избрише нивна страница и знаат кои се тие критериуми. Мислам дека е глупаво да се водиме со овие правила, кога никој и не ги чита. Подобро е корисник да земе да објасни зошто, а не да ти рече прочитај. Ако јас сум нов на Википедија, јас сум да учам од луѓе и од ситуации, а не од безброј пишано правила, кои може и да не се разбирливи или доволно добро објаснети. Мислам дека оваа го имаат на ум и многу други корисници. Не треба да вложиме напорен труд да ги подобриме статиите, туку треба да го подобриме односот спрема корисниците.--Kiril Simeonovski (разговор) 23:04, 18 август 2009 (UTC)
Грешка си Кирил. Трендо е попознат и од Ѓорге Иванов на пример. Во право е Бојан, такво ограничување нема ефект.--Никола Стоіаноски 23:05, 18 август 2009 (UTC)
Хм! Не знам кај ми ја најде грешката. Трендо можеби е познат, но не е доволно познат за да има статија на Википедија. Тоа е мојот став. Трендо беше попознат пред појавата на Ѓорѓе Иванов, но Ѓорѓе Иванов е попознат, бидејќи е шеф на држава. Мислам дека тука споредба не треба да се прави. Мене на англиската ми избришаа статија за Игор Џамбазов, а им наведовв и референци и надворешни врски, во кои се потврдуваа неговите квалитети и надвор од Македонија.--Kiril Simeonovski (разговор) 23:20, 18 август 2009 (UTC)
  • Правилата од англиската се доволно општи и даваат простор за толкување во поединечни случаи, земји, јазици и сл. Дури и ако има нешто ограничувачко за нас, кои не нè служи баш најдобро, дозволено е да се прилагоди. „Значајноста“ е нешто сразмерно - пропорција. Не станува збор за тоа дали ќе се толкува поединечно во секој случај или во секоја Википедија - тоа секако се подразбира! На пример, ако откријат остатоци од византиска градба во Америка, тоа ќе биде многу значајно откритие. А пак тука ние ги имаме на претек и можеби нема потреба од статии за сите селски црквички во земјата. --Б. Јанкулоски (разговор) 23:20, 18 август 2009 (UTC)
Последниот коментар беше добар. Значи станува збор и за значајноста на статии, кои не се врзани за личности. Јасно е дека има црквички кои не се значајни, но сепак во овој случај не може да се измери нивната значајност како што е тоа со луѓето. За некои корисници фрустрирачки е да читаат дека има статија за некој, кој воопшто не е компетентејн за тоа, а за нив нема. Вакво нешто, во врска со други статии не се јавува. Главен проблем се статиите за личности.--Kiril Simeonovski (разговор) 23:24, 18 август 2009 (UTC)
Кирил ти даде несоодветна споредба. Значајноста на личностите се гледа локално. Некои индијански лидери не се познати во Македонија но имаат статии на англиската и обратно. Трендо и Игор Џамбазов се супер познати во Македонија (дури и повеќе од Ѓорге верувај) и треба да имаат статии на македонската но тоа не мора да значи дека треба да имаат статии и на англиски. Затоа треба да се договориме како да ги локализираме правилата за значајност.--Никола Стоіаноски 23:46, 18 август 2009 (UTC)
Еве и да се познати. Но, не се позначајни! Трендо стана славен како водител на квиз. не верувам дека многу го познаваа како колумнист. Има многу познати личности од тој калибар. Ајде да уредиме статии и за Жарко, Александар Блажевски и зса Јанко, кој има една од најпопуларните емисии. Веќе ако има статија за него, треба да има за многу други новинари и водители. Субјективно е да мислиш дека е најпознат.--Kiril Simeonovski (разговор) 23:53, 18 август 2009 (UTC)
Патем порталот Википедија:Статии за бришење е готов и спремен за користење. Секоја статија која има информации а е кандидирана за бришење да се наведе таму. Мали и безвезни статии да се бришат веднаш. Поздрав --Никола Стоіаноски 23:48, 18 август 2009 (UTC)

Мислам дека е добро овде да престанеме. Сепак, сè е субјективизам. Секој си има свое мислење. На некој, некого му чини, на некој не. Тоа е!--Kiril Simeonovski (разговор) 00:01, 19 август 2009 (UTC)

Познатост vs ЗначајностУреди

„Познатоста“ по дефиниција не е субјективна и не подлежи на мислење - тоа е контрадикција во поим. Нечија познатост е распространет и сеприсутен факт. Предмет на дискусија не е познатоста, туку значајноста. Од друга страна, треба да имаме на ум дека тие две множества имаат огромен пресек и не смееме да ја потеценуваме важноста на некој кој е навистина познат. Следствено на тоа, се поставува прашањето: Што подразбира Википедија под „значајност“? Судејќи според другите јазични изданија, претежно се работи за „познатост“ per se, а дури потоа се размислува во која „категорија“ на познатост/значајност ќе припаднат. На пример, на полето на шоу-бизнисот има ретко попознат и позначаен од Џамбазов, и тоа не го прави позначаен или понезначаен од Ѓоре, бидејќи нивните сфери се различни и не смееме да ги мешаме!! --Б. Јанкулоски (разговор) 00:52, 19 август 2009 (UTC)

Bjankuloski06, Се сложувам потполно со тебе. Сакам да кажам нешто друго. Вавка слична дискусија се водеше пред некое време кога стана збор за воспоставување на нови критериуми за избрани статии. Тогаш се дискутирање за избрани vs. квалитетни статии. Ова се сведува на истата дискусија. Поздрав, --Wikimk (разговор) 07:03, 19 август 2009 (UTC)
Згора на сѐ, во ситуација кога имаме огромен број никулаци со по само една реченица го поставуваме прашањето за квалитет и за значајност. Поздрав, --Wikimk (разговор) 07:09, 19 август 2009 (UTC)
Овој Ваш коментар WIkimk го оправдувам, бидејќи кој губи има право да се лути. Гласавте конзервативно „Против“ и откако беа усвоени промените само нешто коментирате. Сепак, пред да давате сите коментари и нешто да критикувате ќе Ве замолам убаво да ги проследите сите скорешни промени. Јас веќе дадов свој коментар на страницата за разговор на статијата за Трендо, дека „познатоста“ и „значајноста“ се две различни работи. Исто така нем ми се допаѓа што правите споредба со Википедија на англиски. На ова јазично издание ги има сите потребни статии, па не е чудно што има статии за нас непознати личности. На крајот на април испратив соопштение до сите медиуми за тоа дека Википедија на амкеднски јазик ја надмина бројката од 30.000 статии. И главните критики беа што ова јазично издание е поткрепено со илинденско-политичка содржина и статии за целосни „анонимуси“. Ваквите статии се самоубиство за Викиепдија на македонски. Разберете дека многу луѓе бараат статии на македонски за некои значајни личности за кои немаме статии. Ако, значајноста на Википедија на македонски јазик поаѓа од толку ниско ниво тогаш навистина производот што го нудиме е за никаде. Имам само едно прашање за Wikimk. Зошто веќе ако сакавте да ја збогатите Википедија ан амкеднски со сатии за хемичари, не го направивте тоа со уредување на статии за Нобеловци, туку направивте реклама за македонските анонимни професори по хемија? Е, поради вакви работи, Википедија на македонски јазик не е добра. Во секоја професија е различно. Не може да зборуваме за тоа дали е попознат некој ТВ водител, кој секој ден го гледаме на телевизија или некој кој ја нема таа можност, а сепак во својата професија има постигнато многу.--Kiril Simeonovski (разговор) 11:41, 19 август 2009 (UTC)
Кирил ти си ги помешал поимите. Ако немаме статија за Џорџ Мајкл тоа не значи дека не ставаме познати лица на Википедија, туку нема кој да ја напише. Ќе ве замолам, за мене Џамбазов на пример е сто пати поинтресен од еден куп американски т.н. фаци. Дискусијава ја помешавте со поимите. Треба да се даде критериуми кои посочуваат а не да кажат кој е популарен а кој не. Некои луѓе не се активни во некои сфери на животот и не ги знаат тие фаци, како јас што не знам ниту еден рапер. Е сега тоа не значи дека не се познати поради фактот што некој поединец од Тетово или Скопје не го знае. Гугл кажува се, ќе погугламе и ќе видиме кој е познат а кој не.--Никола Стоіаноски 12:30, 19 август 2009 (UTC)
Благодарам. Пребарувачот ќе ни каже сè. Мене ми одговара.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:58, 19 август 2009 (UTC)
А осим познат и значаjан да ли користите чувен? Чувен е болье од значаjан или манье? Субективно или не? Потребител:Bogorm (разговор) 14:51, 20 август 2009 (UTC)
Не е на македонски јазик, но има збор прочуен кој се користи на ниво на дијалект и значи славен или познат (famous).--Никола Стоіаноски 15:04, 20 август 2009 (UTC)
Не знам зошто „прочуен“ сметаш дека е дијалект. Тоа е најстандарден литературен збор . --Б. Јанкулоски (разговор) 20:40, 20 август 2009 (UTC)
Можеби, во литература повеќе ги имам сретнато овие другиве два. Сепак „чувен“ не е македонски збор.--Никола Стоіаноски 21:03, 20 август 2009 (UTC)
  • Не приметив дека станува збор за „чувен“. Да, тоа е србизам. „Чувен“ е српскиот еквивалент на македоското „прочуен“. --Б. Јанкулоски (разговор) 03:33, 21 август 2009 (UTC)

ПредлошкиУреди

Има некои проблеми со предлошки за кои не сум сигурен што е работата. Имено, сега за сега, предлошките за етничка група и архива не се како што треба. Има некоја грешка. Кој ќе ја пронајде нека ја поправи. Јас мислев дека е до предлошките, но не е. Има најверојатно проблеми да ги подреди елементите или да ги сврзе. --Никола Стоіаноски 10:20, 31 август 2009 (UTC)

Мислам дека го средив. Поздрав--Никола Стоіаноски 22:10, 31 август 2009 (UTC)

Google translateУреди

Преместено по предложение на Рашо од Разговор:Венко Марковски. Потребител:Bogorm (разговор) 14:42, 2 септември 2009 (UTC)

Google веќе прави превод од бугарски на македонски. Има да пишуваме сега на македонски во оваа Википедија ... Супер! Вени Марковски (разговор) 18:44, 26 август 2009 (UTC)

Јеееееее! XD --Brainmachinewtf? 09:46, 4 септември 2009 (UTC)

РепубликаУреди

Секоја статија поврзана за Македонија, а е именувана како Х на/ во Република Македонија преместете ја во Х на/ во Македонија. Името на државата на оваа Википедија е само Македонија и така сите статии поврзани со неа треба да се преместат. Јас веќе почнав, мора мала помош да се даде. Поздрав--Никола Стоіаноски 20:22, 18 септември 2009 (UTC)

Small requestУреди

Hello! I am a Polish wikipedian and I would like to ask you for writing a new article about former Polish President who won the Nobel Peace Prize in 1983 – Lech Wałęsa. I have looked for his article in your Wikipedia but without success. Polish Wikipedians will be grateful for your help. Thank you so much in advance! PS article in English you can find here. Best wishes from Poland, Patrol110 (разговор) 19:57, 21 септември 2009 (UTC)

We will do it as soon as we can. Probably the article will be ready soon. Cheers--Никола Стоіаноски 19:58, 21 септември 2009 (UTC)
The article in Macedonian was created. It's in expanding phase, and you can see it's form now (see Лех Валенса). Please, receive our excuse about the fact, that we hadn't this article.--Kiril Simeonovski (разговор) 20:34, 21 септември 2009 (UTC)

WIKIMEDIA MACEDONIAУреди

Дел од дописот на член на WMF Board of Trustees до ChapCom

22.09.2009, Hello dear ChapCom, it is a great pleasure for me to inform you that the board had now officially approved the chapters Finland and Macedonia. ...

Како член на иницијативниот одбор за формирање на Wikimedia Macedonia, задоволство ми е да ја пренесам оваа вест до вики-заедницата и сите останати корисници на википедија на македонски јазик со желба за уште поголеми успеси.--brest (разговор) 16:53, 22 септември 2009 (UTC)

Konečno! Aj čestito na site :) Poz--Никола Стоіаноски 17:02, 22 септември 2009 (UTC)

Сè убави вести денеска :) --Виолетова (разговор) 17:24, 22 септември 2009 (UTC)

Ова е одлично. Сега ни останува уште да испратиме барање до Министерство за правда, да го регистрираме субјектот и да отвориме сметка. Ќе Ве замолам ова да го сториме што е можно побрзо (барањето да го испратиме до крајот на работната недела). Сакам да им се заблагодарам на сите кои направија нешто и придонесоа за основањето на оваа организација. Нека ни е аирлија!!!--Kiril Simeonovski (разговор) 17:29, 22 септември 2009 (UTC)
Брависимо, конечно--Астрион (разговор) 18:43, 22 септември 2009 (UTC)

Ајде честитки! :-) Бојан имаш за кажување? 18:46, 22 септември 2009 (UTC)

Ајде честитки и од мене. Убава вест.--Р ашо  18:57, 22 септември 2009 (UTC)
Честитки и од мене и поздрав до сите --Wikimk (разговор) 09:24, 23 септември 2009 (UTC)

грбот на републикатаУреди

хеј википедијанци

контам јас дека многу луѓе се радуваат што ќе ја нема петокраката, но клучниот збор овде е „ќе“. предлогот на владата сѐ уште не е поминат на собрание, па според тоа грбот со петокрака е сѐ уште официјален грб на републиката. ова коментирам дека приметив на повеќе страници за државни институции сменет грб. Новица (разговор) 22:50, 23 септември 2009 (UTC)

Интересно за ВикипедијаУреди

Видете го ова, интересно е. --Никола Стоіаноски 21:04, 25 септември 2009 (UTC)

Повеќе ми стои жално ама сепак ќе се насмеам :)))))))))))))))))))))))))))))))--Астрион (разговор) 21:11, 25 септември 2009 (UTC)
Де не претставуваат како релевантна енциклопедија, де некаде не прават клошари како овие во Дневник. Сешто.--Никола Стоіаноски 21:13, 25 септември 2009 (UTC)
Само ме интересира од која статија, го цитирала ова.--Kiril Simeonovski (разговор) 21:47, 25 септември 2009 (UTC)
Или нашава за војната во 2001 или англиската за УЧК. Не разбрав баш--Никола Стоіаноски 21:56, 25 септември 2009 (UTC)
Нашата ја прочитав и нема. А за англиската, тоа е друга работа.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:04, 25 септември 2009 (UTC)
од англиската е: http://en.wikipedia.org/wiki/National_Liberation_Army_%28Macedonia%29 Новица (разговор) 08:29, 26 септември 2009 (UTC)
А, згора на тоа и цитиран е овој факт, а додадена е и надворешна врска. Ова оправдување е глупост.--Kiril Simeonovski (разговор) 11:21, 26 септември 2009 (UTC)

Аве факт е оти стануваме сè посилни...--Астрион (разговор) 11:27, 26 септември 2009 (UTC)

Слики на КомонсУреди

Како што можете да видите, почнав да бришам слики кои не се искористени на македонската Википедија. Ова го правам се со цел да се воведе практиката да се подигнуваат слики на Заедничката Ризница а не тука. Поради тоа ќе ве замолам сите ако сакате да подигнувате слики кои се слободни сторете го тоа на Комонс со соодветна лиценца и категорија. Тука се пренатрупува нашава Википедија и хаос е со слики. Има уште неколку неискористени слики кои постојат на нашата Википедија и откако ќе ги средам и нив, ќе се започне со чистење на сите слики на МК Вики. Имено, има многу подигнато слики тука кои се дупликат на слики од Комонс но со различно име. Е добро би било тие слики што се подигнати тука да се избришат и заменат со тие од Комонс и така нашата Википедија да ја направиме шпанска. Шпанската Википедија нема ниту една слика на нивната Википедија, што е одлично. Сите слики кои ги користат се од Комонс. Ќе ве замолам за следење на овој принцип на работа. Ви благодарам.--Никола Стоіаноски 23:23, 26 септември 2009 (UTC)

Добро е што се зафати со оваа работа на средување на сликите на мк.википедија, и имаш моја поддршка во таа работа. Само би сакал да имаш во предвид: *дека е можно некои слики да имаат лиценца за ексклузивно користење само на мк.википедија, значи треба да си останат на мк.википедија;
  • сликите кои овде со именувани со македонска кирилица кога ќе се префрлаат и на commons да си останат со истото име;
  • кога ќе се префрлат на commons, соодветно да се категоризираат и да им се даде соодветен опис на македонски јазик и барем уште на англиски јазик, при што треба да се остави информација за нивниот првобитен подигнувач на мк.википедија и условите под кои ги предал правата за нивна употреба;
  • сликите кои што овде не се искористени во ниту една статија, а се слободни за употреба и имаат минимален квалитет сепак да не се бришат, туку само соодветно да се категоризираат, бидејќи можно е во иднина истите да бидат искористени. Сепак некој се потрудил и ги подигнал на мк.википедија, а нивната моментална неискористеност во ниту една статија не е доволен услов истите да бидат избришани.--brest (разговор) 10:35, 27 септември 2009 (UTC)
Мило ми е што имам поддршка. Само да разјаснам некои работи. На Комонс Рашо е многу активен и сликите ги префрла тој со помош на една алатка која ги префрла и сликите и описот и името на првобитната статија. Потоа тој става шаблон за бришење тука а јас ги средувам сликите на овој проект. Значи Рашо средува на Комонс, а јас тука. Поорганизирано, во врска со опис на мк категории и наслови, не било. Сите слики имаат опис на мк и ен и мислам имаме најдобро средени категории на комонс. Секое село во МК кое има слика за него е одлично категоризирано. Откако ќе ја исчистам категоријата со неискористени слики (уште многу малку има) ќе се зафатам и со другите слики. Логоата кои се направени од наши корисници може слободно да одат на Комонс, другите не и тие што се лиценцирани со МК лиценца. Значи се може да се премести и избрише освен тие со МК лиценца и неслободни логоа и плакати. Поз--Никола Стоіаноски 10:46, 27 септември 2009 (UTC)
На ризницата работам јас. Префрлањето го изврчувам преку бот-алатка кој изгледа вака. Еве пример на подигната слика. Уште нешто. Не може да постои слика која смее ексклузивно да се користи само на мк вики. Сите слики се со ГДФЛ лиценца и може слободно да се користат на сите проекти. --Р ашо  10:50, 27 септември 2009 (UTC)
Да и јас се мислев за таа ексклузивност. Со таа лиценца од Македонија може која било слика да се подигне без ограничување. Значи мојот став е на мк Вики да има 1 слика (само таа за логото на МК Вики) се друго да се префрли или избрише. Тоа е веќе нешто што се цени. --Никола Стоіаноски 10:53, 27 септември 2009 (UTC)

Слики само на Комонс - втор делУреди

Луѓе разберете, не подигнувајте слики на нашата Википедија, правете го тоа само на Комонс. Ние се трудиме да ги намалиме, но за само еден ден или два се враќа старата бројка од 5.000 слики подигнати. Ќе ве замолам не подигнувајте веќе слики тука. Комонс е доста добро категоризиран за македонските слики и за сите слики воопшти и Комонс е за тоа- за собирање на слободни слики. Поздрав--Никола Стоіаноски 15:47, 29 октомври 2009 (UTC)

ВикиПроект МИОУреди

Претпоставувам дека веќе имаме нови корисници кои тука уредуваат релативно квалитетни статии како резултат на Проектот на МИО за збогатување на википедија на македонски јазик, (пример Marija Toshevska). Најверојатно они нема да обрнуваат многу внимание на вики стандардите/принципите и стилови на уредување. Добро би било ваквите корисници да се идентификуваат и означат со некој шаблон, пример на нивната корисничка страница, и да се обидеме да ги воведеме во принципите на уредување на википедија. Доколку тврдоглаво ги избегнуваат овие принципи да се контактира со МИО како координатор на овој проект и/или со менторите од соодветните факултети и да им се укаже дека ваков начин на уредување нема долго да се толерира, без разлика на нивните добри намери.

Јас разговарав со претставник од МИО во врска со начинот на координација на овој проект на сраниците на википедија и предложив да се креира еден ВикиПроект по терк на постоечките вики проекти, но до сега од негова/нивна страна не гледам некоја активност во таа смисла. Доколку има од нивна страна интерес за оваа работа (мислам на координација на страниците на википедија) тогаш треба да им се помогне иако не гледам дека контаат како функционира википедија т.е. дека им се допаѓа начинот на кој што функционира википедија, можеби ќе им треба некое време да сватат.--brest (разговор) 06:32, 25 ноември 2009 (UTC)

Климент ОхридскиУреди

Потребни се податоци за тоа кои поети пишувале за Климент Охридски. 80.77.155.65 (разговор) 11:23, 25 ноември 2009 (UTC)

Македонски корици на книгите од серијалот СамракУреди

Најдов (квалитетни) слики од македонските корици за книгите Самрак и Млада месечина, па сакам да прашам дали би било добро да ги подигнам овие слики и да ги ставам во инфокутиите (што значи дека во инфокутиите англиската корица би била заменета со македонската), или да ги оставам англиските корици. -- dav(разговор) 19:15, 6 декември 2009 (UTC)

Мое мислење е дека е подобро да се подигнат соодветни на македонски јазик.--Kiril Simeonovski (разговор) 19:27, 6 декември 2009 (UTC)
И јас така мислам, бидејќи на тие што сакаат да прочитаат неколку информации за книгата, би им било подобро да ја видата македонската корица (ако сакаат да ја видат англиската, си имаат линк десно на кој пиува English) а и тие што не знаат дека постои македонска верзија на книгата, ќе дознаат според корицата. Ќе почекам да видам и други мислења, па ќе ги подигнам сликите ако повеќето се за. -- dav(разговор) 19:46, 6 декември 2009 (UTC)

Link FAУреди

За сите корисници, особено за тие што ги средуваат избраните статии, СТАВАЈТЕ link FA на англиската верзија за да може бот да додаде на сите останати. Десетина статии наназад немаат тоа нешто. --Никола Стоіаноски 23:14, 13 декември 2009 (UTC)

HAPPY NEW YEARУреди

СРЕЌНА НОВА ГОДИНА И СЕ НАЈДОБРО НА СИТЕ КОРИСНИЦИ НА МК ВИКИ.
PS: Не сум како нашиот источен сосед и да пишам не важи за -мани или -фили и останати националности.:) Поздрав до сите--Никола Стоіаноски 13:19, 1 јануари 2010 (UTC)
Среќна и од мене. Се најдобро--Астрион (разговор) 13:33, 1 јануари 2010 (UTC)--
▒▓█♥♥СРЕЌНА НОВА ГОДИНА ♥♥█▓▒░ --Р ашо  14:29, 1 јануари 2010 (UTC)
Среќна Нова Година на сите Википедијанци, многу здравје и да живее Википедија на македонски : ) Поздрав. Бојан имаш за кажување? 19:14, 1 јануари 2010 (UTC)

Среќна нова година.:)))--Kiril Simeonovski (разговор) 19:15, 1 јануари 2010 (UTC)

Среќен роденден! Среќна 2010! Περίεργος (разговор) 10:05, 2 јануари 2010 (UTC)