За други значења, види Самрак (појаснување).

Самрак (англиски: Twilight) е младинско - возрасен роман со романтични и фантастични елементи, напишан е од писателката Стефани Мајер. Романот за првпат е издаден во 2005 година. Самрак е првиот дел од Самрак серијалот и не запознава со Бела Свон која се сели од Финикс, Аризона во Форкс, Вашингтон, и го доведува во опасност својот живот кога дознава дека е вљубена во вампирот Едвард Кален. Оваа книга е проследена со книгите Млада месечина, Замрачување и Зазорување.

Самрак
Оригиналната корица на книгата
АвторСтефани Мајер
Изворен насловTwilight
Изработувач на
корицата
Гајл Дубинин (дизајн)
Роџер Хегдон (фотограф)
ЗемјаСАД
ЈазикАнглиски
СеријалСамрак серијал
ЖанрМладинско - возрасна, фантазија, романса
ИздавачLittle, Brown
Издадена
5 октомври, 2005
Страници 512[1]
355
СледнаМлада месечина 

Заплет на романот

уреди

Бела Свон се сели од сончевиот Финикс во Аризона, во дождливиот Форкс во Вашингтон за да живее со својот татко Чарли. Таа избира да го направи тоа за да може нејзината мајка Рене слободно да патува со својот нов сопруг Фил кој е играч на бејзбол во некоја пониска лига. Бела предизвикува големо внимание во нејзиното ново училиште и многу бргу се спријателува со некои ученици. И на нејзино големо изненадување, неколку момчиња се заинтерсирани за вниманието на срамежливата Бела.

Кога Бела седнува до Едвард Кален на часот по биологија, на нејзиниот прв ден во училиштето, Едвард изгледа како да му се лоши од неа, но во следните неколку денови тој почнува да и обрнува внимание на Бела. Нивната тогашна врска го достигнува врвот кога Бела за малку не е удрена од комбето на еден соученик на училишниот паркинг. Надминувајќи ја логиката на здравиот разум, Едвард успева на необичен начин да ја спаси Бела запирајќи го комбето со голи раце.

Оттогаш Бела станува опседната со тоа како Едвард и го спасил животот и почнува да го потиснува со милион прашања. Откако ќе измами еден стар другар, Џејкоб Блек, флертувајќи со него, тој и ја раскажува локалната фолклорна легенда, со што Бела почнува да се сомнева дека Едвард и неговото семејство се вампири. Бела го тера Едвард да и ја признае вистината за него и тој решава да ѝ каже се. Тој и кажува дека тој и неговото семејство се посебна група на вампири кои се хранат само со крвта на животните, а не со крвта на луѓето како некои други вампири. Едвард и открива исто така дека цело време ја одбегнувал бидејќи нејзината крв го привлекувала како никоја досега. Тој и открива и за неговата моќ да чита мисли, која за чудо не функционира само на Бела.

Сепак, врската е доведена во опасност кога друг вампирски ковен се прикрадува во Форкс и Џејмс крвожеден вампир, решава да ја прогонува Бела за рекреација. Каленови планираат да го привлечат вниманието на натрапникот со тоа што ги разделуваат Бела и Едвард, и ја испраќаат Бела да се крие во хотел во Финикс. Тогаш Бела добива телефонски повик од Џејмс при што тој и кажува дека ја има нејзината мајка и дека Бела мора да се предаде за да ја спаси мајка си. Бела решава скришум да отиде кај Џејмс, но кога доаѓа на местото гледа дека Џејмс ја прелажал и дека мајка и воопшто не е заробена од Џејмс и тој ја напаѓа. Џејмс решава да и ја исцица крвта но, во тој момент Едвард и останатите Каленови доаѓаат таму на време и ја спасуваат Бела пред Џејмс да може да ја убие. Кога Едвард станува свесен дека Бела е гризната, решава да и ја исцица крвта и ѝ го вади отровот од нејзиниот организам, пред тој да почне да делува и да ја претвори во вампир. На крајот Едвард и Бела решаваат да одат на нивната матура каде Бела изјавува желба да стане вампир, но Едвард одбива.

Корица

уреди

Стефани Мајер изјави дека јаболкото на корицата го претставува забранетото овошје од првата Мојсеева книга, битие. Тоа ја симболизира љубовта на Бела и Едвард, која е забранета, слично на овошјето од Дрвото на Знаењето за Доброто и Злото. Јаболкото исто така го претставува и знаењето на Бела за тоа што е добро, а што лошо, и изборот што таа го има: да го гризне забранетото овошје, Едвард, или да избере да не се гледа со него..[2]

Награди и номинации

уреди

Самрак доби многу награди и бројни почести, вклучувајќи:

   * New York Times избор на уредувачот
   * Publishers Weekly најдобра книга на годината
   * An American Library Association „Топ Десет најдобри книги за млади и возрасни“ и „Топ Десет книги за рекултантски читатели“
   * Превод над 20 различни јазици
   * Бестселер на New York Times
   * Најпродавана книга за 2008 според USA Today

Критика

уреди

Критиките кон Самрак беа различни. Booklist напиша: „Има некои пукнатини овде - заплетот што можеше застрашувачки, претерана употреба на придавки и предлози во еден дијалог - но оваа темна романса спие во душата.“ Kirkus напиша: „Самрак е далеку од совршен: портретот на Едвард како монструозен, трагичен херој е претерано ироничен, а појавата на Бела е заснована повеќе на магија отколку на карактер. И покрај се, портретот на обасно вљубени љубовници ја погодува сржта; обожавателите на готиката ќе им биде тешко да и одолеат.“ Publishers Weekly објави преглед опшувајќи ја Беловата „опседнатост со надворешноста на Едвард“, нивната ризична врска, и „Едвардовта внатрешна борба“ како метафора за сексуална фурстрација помеѓу денешните адолесценти. Хилијас Џ. Мартин од School Library Journal го пофали романот, велејќи: „Реалистичен, суптилен, богат и лесен за следење, Самрак ќе има читатели кои ќе умираат за да ги заријат своите заби во него!“[3]

Филмска адаптација

уреди

Самрак беше адаптиран во филм од страна на Summit Entertainment. Филмот беше режиран од страна на Катерин Хардвик со Кристен Стјуарт и Роберт Патинсон како протагонисти за Изабела Свон и Едвард Кален, соодветно. Сценариото беше адаптирано од страна на Мелиса Розенберг. Филмот за првпат беше јавно прикажан во Соединетите Американски Држави на 21 Ноември, 2008.[4]

Наводи

уреди
  1. „Twilight (Hardcover)“. Amazon.ca. Посетено на 2008-07-23.
  2. „What's with the apple?“. StephenieMeyer.com. Архивирано од изворникот на 2012-03-11. Посетено на 2008-02-08. Надворешна врска во |work= (help)
  3. Hillias J. Martin (2005-10-01). „Grades 5 and Up Reviews: October, 2005“. School Library Journal. Посетено на 2008-11-16.
  4. „Stephenie Meyer's official website — Twilight news archive“. Архивирано од изворникот на 2008-10-19. Посетено на 2008-10-20.

Надворешни врски

уреди

Американски:

Останати:

 
Викицитат има збирка цитати поврзани со: