Самрак (серијал романи)

Самрак е серијал од пет фантастично-романтични романи напишани на тема вампири од американската писателка Стефани Мајер. Го следат животот на Изабела „Бела“ Свон, тинејџерка која се сели во Форкс, Вашингтон и се вљубува во Едвард Кален, вампир стар 104 години. Серијалот е, во главно, раскажан од гледна точка на Бела, со епилогот на Замрачување и вториот дел од Зазорување раскажани од гледна точка на ликот Џејкоб Блек, врколак. Неиздадената Полноќно сонце е прераскажување на првата книга, Самрак, од гледна точка на Едвард Кален.

Самрак
Самрак
Млада месечина
Замрачување
Зазорување
АвторСтефани Мајер
Земја на потеклоСАД
ЈазикАнглиски
ЖанрРомантика, фантастика, младинско-возрасна фикција
ИздавачLittle, Brown and Company
Издаден2005–2008
Медиумски обликPrint

Сè од издавањето на првата книга, Самрак, во 2005, книгите имаат добиено огромна популарност и рекламен успех низ светот. Серијалот е најпопуларен помеѓу помладиот дел од возрасните; четирите книги имаат добиено неколку награди, од кои најзабележителна е Британската награда за книги за „Детска книга на годината“ во 2008 за романот Зазорување,[1] додека целокупниот серијал во 2009 ја освои наградата Избор на децата за омилена книга.[2]

Од, ноември 2009, серијалот има продадено над 85 милиони копии низ светот[3] со превод на 38 различни јазици низ планетава.[4][5] Четирите Самрак книги имаат поставено рекорд на најпродавани книги за 2008 на списокот на бестселери на USA Today,[6] а имаат поминато и 235 седмици на бестселер списокот на New York Times за детски серијал на книги.[3]

Досега, првите три книги се направени во серијал филмови од Summit Entertainment; филмската адапција на Самрак излезе во 2008, а вториот, Млада месечина, е одреден на излезе на 20 ноември 2009.[7]

Содржински преглед

уреди

Самрак

уреди

Бела Свон се преселува од Финикс, Аризона да живее со својот татко во Форкс, Вашингтон а со тоа да и овозможи на нејзината мајка да патува со својот нов сопруг, бејзбол играч во помала лига. Откако се преселува во Форкс, Бела ненамерно е доведена до едно мистериозно, згодно момче, Едвард Кален. Таа најпосле дознава дека тој е член на вампирско семејство кое пие животинска крв наместо човечка. Едвард и Бела се вљубуваат меѓусебе, но Џејмс, садистички вампир од друг вампирски ковен, почнува да трага по крвта на Бела. Едвард и останатите Каленови ја бранат Бела. Таа бега во Финикс, Аризона, каде е намамена да се соочи со Џејмс, кој се обидува да ја убие. Таа е сериозно повредена, но Едвард ја спасува и се врќаат во Форкс.

Млада месечина

уреди

Едвард и неговото семејство го напуштаат Форкс бидејќи тој верува дека го става животот на Бела во опасност. Бела запаѓа во длабока депресија, додека нè развие цврсто пријателство со врколакот Џејкоб Блек. Џејкоб и другите волци од неговото племе мора да ја заштитат Бела од Викторија, вампирка која сака да ја одмазди смртта на својот мртов партнер Џејмс со убивањето на Бела. Настанува недоразбирање и Едвард мисли дека Бела е мртва. Тој решава да изврши самоубиство во Волтера, Италија, но е спречен од Бела и Алис, сестрата на Едвард. Тие се престретнати од Волтурите, моќен ковен на вампири и се ослободени под услов Бела да биде преобразена во вампир во блиска иднина. Бела и Едвард ја обновуваат својата врска и Каленови се враќаат во Форкс.

Замрачување

уреди

Вампирката Викторија (партнерката на Џејмс од Самрак) создава армија од „новородени“ вампири за да се бори со Каленови и да ја убие Бела. Во меѓувреме, Бела е присилена да се одлучи помеѓу нејзината врска со Едвард или пријателството со Џејкоб. Покрај ова, семејството на Едвард и врколачката глутница на Џејкоб се здружуваат и успешно ја уништуваат Викторија и нејзината армија од вампири. На крајот, Бела се одлучува за љубовта на Едвард наместо на Џејкоб и се согласува да се омажи со него.

Зазорување

уреди

Бела и Едвард се венчани, но нивното свадбено патување е прекинато кога Бела открива дека е бремена. Нејзината бременост бргу напредува, ослабнувајќи ја. Таа речиси умира раѓајќи ја својата ќерка полувампир-получовек, Ренесме, но Едвард и пушта отров за да ја спаси, а при тоа ја престорува во вампир. Вампир од друг ковен ја здогледува Ренесме и заклучува дека е „бесмртно дете“, чије постоење го прекршува секој вампирски закон и ги информира Волтурите. Каленови собираат вампирски сведоци кој можат да потврдат дека Ренесме не е бесмртно дете. По напнато соочување, Каленови и нивните сведоци ги убедуваат Волтурите дека детето не претставува никаква опасност на вампирите ниту на нивната тајна и со тоа се оставени на мир.

Главни ликови

уреди
  • Изабела „Бела“ Свон – Протагонистот на серијалот, Бела е невнимателен „магнет на опасности“ со темно-кафена коса и очи. Често е прикажувана како има низок самопочит и неможност да ја осигурна љубовта кон Едвард. Таа е имуна на натприродни способности кои го вклучуваат умот, како способноста на Едвард да чита мисли. По нејзината преобразба во вампир во четврата книга, Бела се здобива со способностата да се заштити себеси и другите од „физичка напад“ од други вампири.
  • Едвард Кален – Едвард е вампир кој живее во ковен на истомисленици-вампири познат како семејството Кален, кој се храни со животинска крв наместо со човечка. Отпрвин, Едвард чувствува омраза кон Џејкоб Блек поради неговата љубов кон Бела, но во Зазорување почнува да го гледа Џејкоб како свој брат и пријател. Како некои вампири, Едвард има натприродна способност, читање на мисли; му дозволува да чита мисли на личност со полупречник дури и од неколку километри. Бела е имуна на оваа моќ како човек, но учи како да ја намали кога е вампир.

Наводи

уреди
  1. Hephzibah Anderson (2009-04-03). „Obama's 'Dreams,' Meyer's Vampires Capture 'Nibbie' Book Awards“. Bloomberg.com. Посетено на 2009-04-11.
  2. „Kids' Choice Awards 2009: Twilight“. Nickelodeon. Посетено на 2009-04-23.
  3. 3,0 3,1 Lev Grossman (2009-11-13). „It's Twilight in America“. Time. Архивирано од изворникот на 2012-01-19. Посетено на 2009-11-13.
  4. Kenneth Turan (2002-11-21). „Movie Review: 'Twilight'. LA Times. Посетено на 2008-11-21.
  5. Khalaf, Hala (2009-06-26). 'Twilight' arrives in the Arabic world“. The National. 2 (71). стр. 4. Посетено на 2009-09-05.
  6. Mary Cadden (2008-01-15). „New star authors made, old ones rediscovered in 2008“. USA Today. Посетено на 2008-01-16.
  7. Sperling, Nicole (2008-12-10). 'Twilight' sequel: New details on 'New Moon'. Entertainment Weekly. Time Inc. Архивирано од изворникот на 2008-12-12. Посетено на 2009-03-26.

Надворешни врски

уреди