Википедија:Викисредба (2 март 2012)
Корисниците на Википедија, Википедијанците, понекогаш одлучуваат да се соберат заедно во вистинскиот живот, да се видат и да помуабет меѓусебно. Ова е прилика за дружење, разговор на најразлични теми, запознавање со своите „колеги“ и размена на искуства и знаења.
Се повикуваат сите корисници и соработници на Википедија да учествуваат во подготовката на следната вики-средба.
Повеќе информации за средбата и организација на истата може да добиете со испраќање на е-порака на адреса vikipedijalists.softver.org.mk, по што навремено ќе добиете одговор.
Викисредби |
2024
2023
2022
2020
2019
2018
2017
2014
2013
2012
XXV • XXVI • XXVII • XXVIII • XXIX • XXX • XXXI • XXXII • XXXIII • XXXIV •
2011
2010
2009
2008
2007
2006
|
Следната редовна вики средба ќе се одржи на 2 март 2012 година со почеток во 20:00 во кафулето Every Day, Бизнис центар Меги, Аеродром, (види како може да стигнеш до таму: http://g.co/maps/qq7q5). Поканети се сите заинтересирани за присуство на средбата.
Предлог дневен ред
уредиШто требаше да направиме, што направивме, што ќе правиме.
Присуството го потврдија
уредиМожеби ќе присуствуваат
уредиДискусија
уредиПрисутни
уредиВики средбата започна со мало задоцнување на предвиденото место. Присутни беа следните википедијанци:
Извештај од средбата
уредиНа оваа средба пристигнав со задоцнување и го затекнав Brest, којшто веќе беше пристигнал. Поради тоа што немаше најави за присуство на други Википедијанци, уште веднаш започнавме со разговори поврзани со Википедија и идните проекти на Викимедија Македонија.
Со мене понесов три примероци од прирачникот за употреба на Вики софтверот, кој го изработија членовите на Викимедија Македонија во соработка со Метаморфозис, па најпрво коментиравме околу неговата содржина и тоа дека е обемен и не ветува дека некој би обрнал внимание на неговата содржина во напорите да се запознае со уредувањето на Википедија. Она што ни е потребно е кратка книшка на која ќе бидат прикажани основите на уредувањето, а прирачник во овој облик би бил погоден за професорите кои со своите ученици би биле заинтересирани да се вклучат во збогатувањето на Википедија на македонски јазик. Понатаму, продолживме со предавањата и обуките кои ни претстојат, односно предавањето на Штуловиот универзитет, обуката која треба да им се одржи на студентите по историја, како и активностите во тој поглед на Економскиот факултет.
Следуваше долг разговор за еден мој предлог во врска со започнување на проект за поставување на QR кодови на можните места низ Македонија. Заклучивме дека поради забраната за употреба на фотоапарати во музеите, тоа не би било изводливо да се направи со изложените предмети во нив, но дека би можело да успее во врска со знаменитости, споменици и во зоолошките градини. Идејата е и да се поттикне и уредување на статии во врска со објектите за кои нема статии на нашата Википедија, а на кои се планира поставување на вакви кодови. На почетокот би требало да стапиме во контакт со надлежните институции и доколку има интерес за остварување на еден ваков проект, да се продолжи со следните чекори. Заклучивме дека е потребна улична работа, за што е неопходна поголема активност на членовите на Викимедија Македонија и дека добра основа би било прифаќањето на проектот „Македонија на Википедија“. Откако веќе се спомена овој проект, кажавме по збор два и за него, а се позанимававме и со бројките, т.е. користите кои би ги имала Википедија од неговото спроведување.
Отворивме и една интересна тема во врска со согледувањето на Википедија меѓу младите и општо говорниците на македонскиот јазик, при што се согласивме дека културата на заштита на Википедија на македонски јазик е на премногу ниско ниво, што се огледува и преку бројните скојдневни вандализирања на нејзините содржини. До крајот се спомена и изготвувањето на извештаи од присуството на конференциите од страна на членовите на Викимедија Македонија и поголемиот ефект од нивното составување за време на самото одржување на конференциите, кога информациите се најсвежи, наместо временското задоцнување од неколку седмици или месеци. Се разделивме и си заминавме околу 22 часот, кога завршивме со она што имаше да се каже.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:30, 5 март 2012 (CET)
Следна вики-средба
уредиПосветивме внимание на редовното одржување на Вики-средбите и решивме тоа да биде првиот или последниот четврток во месецот. Исто така, заклучивме дека честото откажување на средбите можеби создава несигурност кај некои корисници во нивната одлука да присуствуваат, па затоа е најдобро да се избегнува откажувањето и одложувањето на средбите поради незаинтересираност и да се изгради традиција во нивното одржување.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:30, 5 март 2012 (CET)
Викисредби низ светот | |
---|---|
Африка: | Александрија • Кејптаун |
Америка: | Бостон • Далас/Фортнорт • DC • Јута • Калгари • Конектикат • Лос Анџелес • Мајами • Минеаполис • Монтреал • Њујорк • Остин • Отава • Питсбург • Провиденс • Сан Франциско • Сиетл • Торонто • Филаделфија • Феникс |
Азија: | Бангалор • Дака • Манила • Себу • Сингапур • Тајнан • Тајпеј • Техеран • Токио • Џакарта • Шангај |
Европа: | Босна и Херцеговина • Бугарија • Велика Британија (Лондон) • Данска • Германија • Единбург • Ирска • Лион • Македонија • Норвешка • Србија • Хрватска • Чешка • Шведска |
Океанија: | Аделаида • Бризбејн • Канбера • Мелбурн • Њукасл • Окленд • Перт • Сиднеј |