Википедија:Администратори

(Пренасочено од ВП:АДМИН)
Оваа страница документира официјално начело на македонската Википедија, општоприфатен стандард што сите уредувачи треба да го следат. Ако ја уредувате оваа страница, Ве молиме прво уверете се дека за Вашата промена постои консензус. Ако се двоумите, прво дискутирајте на страницата за разговор.
Кратенки:
ВП:АДМИН
ВП:СИСОП
Ова е симболот на администратор на Википедија. Го комбинира логото на мрежното место со метла, со оглед на тоа што сисопите обично се споредуваат со чистачи поради реторички причини.

Администратори или сисопи (системски оператори) — активни и редовни википедијанци кои имаат пристап до техничките додатоци кои помагаат при одржувањето. Од администраторите се очекува да ја почитуваат и да бидат запознаени со политиката на Википедија, бидејќи тие се познати и доверливи членови на заедницата. Тие можат да заштитуваат и да бришат страници, да блокираат други уредници, и исто така да ги враќаат овие постапки. По правило, овие привилегии се доделуваат на неопределено време и се отстрануваат само под исклучителни околности кои вклучуваат интервенција на високо ниво (видете Администраторска злоупотреба подолу).

Моментално, на Википедија на македонски јазик има 12 администратори.

Побарајте помош - Список на администратори - Барања за администраторски статус - Одземање на администраторски статус

Постанување администратор

уреди

Доколку сте читател на нашите содржини определено време и доколку би сакале сисоп пристап, додајте го вашето име во Википедија:Барања за администраторски статус во согласност со упатствата споменати таму, при што ќе се одвива расправа со соработниците-уредници, сè со цел да се утврди дали постои согласност дека токму Вие би требало да станете администратор.

Се препорачува да пишувате за Википедија определено време пред да побарате администраторски статус, со оглед на тоа што другите корисници ќе треба да ве пропознаат пред да почнат да веруваат во Вас и вашите способности при ракување со алатките. Исто така, имајте предвид дека Википедија на секој јазик има свои политики за администратори, кои може да се разликуваат во некаква мера.

Иако повеќебројните кориснички сметки се дозволени на Википедија во определени околности, само една треба да има админ моќи над тие на уредник.

Бидете внимателни! Доколку ви биде доделен пристап, мора да практикувате грижа во употребата на овие својства, особено способноста да ги бришат страниците и нивната историја, да бришат слики, и способноста да блокираат IP-адреси. Може да научите за вашите новооткриени моќи на Википедија:Администраторски водич.

Справување со непријатности

уреди

Доколку сметате дека некој администратор постапил неправедно кон Вас или некој друг уредник, би требало да ги искажете вашите грижи непосредно до одговорниот администратор. Обидете се да дојдете до решение на човечки и учтив начин. Сепак, доколку работата не се реши помеѓу двете странки, може да преземете понатамошни дејства во согласност со Википедија:Решавање на спорови.

Администраторска злоупотреба

уреди

Администраторите може да бидат отстранети доколку погрешно ги користат нивните моќи. Миговно, администраторите може да бидат отстранети со арбитража на Комитетот за арбитража. Во тајност може да бидат изречени помали казни против проблематичните администратори, вклучувајќи и ограничување на нивната употреба на определени моќи или сместување на административна условна казна. Техничката способност да се отстранува администраторски статус припаѓа само на надзорниците.

Тривијална работа

уреди
Кратенки:
ВП:ГОЛЕМАРАБОТА

Често парафразиран коментар во врска со администраторскиот статус е следниот, искажан од Џимбо Велс во февруари 2003 г., именувајќи ги администраторите како сисопи:

Само сакав да речам дека постанувањето сисоп *не е голема работа*.

Мислам дека можеби ќе направам ени-мени-сени и ќе направам купче луѓе кои биле тука некое време сисопи. Сакам да ја оттргнам аурата на „авторитет“ околу позицијата. Тоа е само работа на техничко прашање што овластувањата на сисопите не се не се даваат секому.

Не ми се допаѓа очигледното чувство тука дека добивањето на сисоп статус е навистина нешто посебно.

—Џимбо Велс, запис во архивата на wikimedia.org, запис во архивата на gmane

Поврзано

уреди