Википедија:Означени ревизии
Оваа страница претставува недовршено начело на македонската Википедија. |
Означени ревизии (англиски: flagged reviews) е име на техничка можност на МедијаВики која по барањето на вики-заедницата стана достапна за овој проект, почнувајќи од 24 април 2010. Ова начело се однесува на нејзината употреба.
Технички одлики
уредиТехничките одлики на означените ревизии се опишани во Помош:Проверка на страница.
Оценување
уредиОдредени корисници во кои вики-заедницата има доверба (уредувачи и оценувачи) можат јасно да ги означуваат различните верзии на страниците во:
- главниот именски простор,
- категориите,
- предлошките и
- податотеките
и да покажат дека тие се прегледани и дека задоволуваат одредени критериуми. Зависно од квалитетот на содржината, прегледаните верзии на овие страници можат да бидат проверени или квалитетни.
Проверена верзија
уредиПроверената верзија ( ) на страницата не содржи очигледен вандализам или други, исто така очигледни, несоодветни содржини.
Проверени статии
уредиПроверените статии треба задолжително да ги исполнуваат следниве критериуми:
- Отсуство на очигледен вандализам;
- Отсуство на јасен напад против живи личности;
- Отсуство на јасно нарушување на авторското право — копирање на заштитени текстови без дозвола;
- Отсуство на очигледна пристрасност (Битола е најубавиот град во Македонија.)
- Отсуство на очигледно рекламирање, самопромовирање, пропаганда и други знаци на јасна злоупотреба на Википедија;
- Присуство на најосновно вики-форматирање:
- Задебелен наслов на почетокот и најосновно, воведно енциклопедиско дефинирање на темата (на пример: „Запирка (,) е интерпункциски знак.“ или „Том Круз е американски глумец и филмски продуцент.“);
- Правилна структура на пасуси (почнувајќи со ==Наслови од второ ниво ==) и правилен редослед на пасусите (на пример, наводите пред надворешните врски);
- Присуство во најмалку една родителска категорија од категорискиот систем;
- Меѓујазични врски (ако постојат за дадената тема);
- Ознаки соодветни за содржината (ако има потреба од нив) — {{без извори}}, {{малку извори}}, {{викифицирање}} и др.
Следниов критериум не е задолжителен, но е пожелен:
- Отсуство на правописни, граматички и стилски грешки во текстот.